Ново ДВД со пет македонски дигитално реставрирани филмови


Кинотеката денеска промовираше ново ДВД-издание со пет македонски долгометражни играни филмови дигитално реставрирани, а снимени на 35-милиметарска филмска лента, по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, кој годинава се одбележува под мотото „Вашиот прозорец кон светот“. На ДВД се објавени два филма од хрватски режисери –  „Три Ани“ на Бранко Бауер од 1959 и „Македонски […]

Стефоска: Да го зачуваме и да го негуваме аудиовизуелното културно наследство


Министерката за култура Ирена Стефоска по повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство – 27 Октомври денеска упати порака да го зачуваме и да го негуваме аудиовизуелното културно наследство. – По повод Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, 27 Октомври, сакам да им оддадам почит на Јанаки и Милтон Манаки, кои се вбројуваат меѓу пионерите на светската […]

Светски познати теоретичари и експерти на уметноста со онлајн предавања во МСУ


Музејот на современата уметност – Скопје во рамките на Интердисциплинарната програма започнува со онлајн предавања со наслов „Без/редие во светот на уметноста“. Предавачи во рамки на програмата се водечки автори, теоретичари и експерти околу актуелни прашања и согледби врзани со уметноста, како: Сантијаго Забала, (Santiago Zabala), кој ќе одржи предавање на 29 октомври, Шантал Муф (Chantal Mouffe ) на 14 ноември, Ејал Вајзман ( Eyal […]

Велес ќе ја доделува aктерската награда за животно дело „Петре Прличко“


Општина Велес во соработка со Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ го распиша традиционалниот конкурс за доделување Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“ со рок за пријавување до ноември.  Општина Велес соопшти дека предлози за кандидати може да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност, како драмски уметници, национални и локални институции […]

Концерт по повод Националниот ден на Република Чешка


Националниот ден на Република Чешка – 28 Октомври утревечер ќе биде одбележан со онлајн концерт со музиката од најпознатиот чешки композитор Антонин Дворжак.  Делата од Дворжак ќе ги изведат македонските уметници – Дино Имери, Диана Имери Илкоска, Андреј Наунов и Гонца Богоромова Краповски. Како што соопшти Амбасадата на Република Чешка во Скопје, годинава одбележувањето на […]

Русинката Баева гостинка на концертот на Филхармонија


Филхармонија в четврток во 20 часот ќе одржи концерт на кој како солистка ќе настапи една од најдобрите виолинистки на светската музичка сцена – Алена Баева од Русија. Со оркестарот ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија, а на програмата се Концерт за виолина и оркестар во де-мол, оп. 23 од Роберт Шуман и Симфонијата […]

Објавена „(И)стории од долапот – избор од македонската народна еротика“


Во издание на книгоиздателството Ми-Ан излезе од печат изборот од македонската народна еротика „(И)стории од долапот“. Изборот и предговорот се на Ана Мартиноска. Во книгата се презентирани македонски еротски приказни, песни, гатанки и пословици. Мартиноска вели дека книгата е значаен придонес во македонската фолклористика и претставува осветлување на овој не многу истражуван феномен од народната […]

Американската премиера на „Врба“ крунисана со награда за најдобар филм


Aмериканската премиера на „Врба“ на Милчо Манчевски e крунисана со наградата Најдобар филм на фестивалот во Синеквест, Калифорнија. Ова е главната награда на Синеквест што ја доделува меѓународно жири, а „Врба“ е претставен како „филм што нема да го заборавите“. Успехот на „Врба“ е многу значаен за претставувањето пред американската публика, затоа што Синеквест е […]

Дебар маало ја чека клупата на бардот Горан Стефановски


Дебар маало се уште ја чека на клупата на бардот на македонската култура, режисерот Горан Стефановски. Пандемијата на Ковид-19 го одложи поставувањето во Скопје, во чест на неговиот роденден, 27 април. Клупата требаше да стигне од Лондон. Стефановски, кој со семејствотo живееше во Кентербери, Англија, почина во 2018 година на 66-годишна возраст. Телото на Стефановски […]

Данската кинотека го прогласи „Исцелител“ за филм на месец ноември


Данската кинотека, под покровителство на „Данскиот филмски институт“ го прогласи филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески за филм на месец ноември. Со тоа, филмот ќе добие 8 проекции, свртувајќи го вниманието на филмските критичари, професионалците и публиката. Секој месец, уредничкиот тим на кинотеката одбира филм за кој мисли дека заслужува да се прикаже на […]

Светски ден на операта: Операта е плод на вечниот предизвик да се соединат во хармоничен брак музиката и драмата


Операта е плод на вечниот предизвик да се соединат во хармоничен брак музиката и драмата, инспирација на најголемите композитори на сите времиња, да ги спојат највозвишените уметнички изрази во еден комплексен ентитет и пред вечната публика, преку чудесниот јазик на музиката и моќта на зборот, да ги изведат на сцена, милениумските митови за природата на […]

Почна третата сесија на проектот Филмска училница


Третата сесија на Филмската училница почна вчера со презентацијата на видеоесеите на неколку посетители и нивните опсервации на избраните теми. Филмската и телевизиска режисерка Марија Џиџева заедно со посетителите ги продискутираа и темите за идејата, синопсисот и филмското сценарио во контекст на вистината и лагата во филмот. Се разговараше за начините како од една видена […]

Слушајте ја вашата мајка, особено ако таа се вика Софија Лорен


Италија-Не е невидено филмаџиите да ги избираат своите деца во нивните филмови. Режисерите од Џон Хјустон до Френсис Форд Копола или Ричард Линклејтер им подарија делови од славата на своите потомци. Она што е нешто поретко е кога тоа се случува обратно – и од навидум добра причина. „Кога го снимав мојот прв филм со […]

Стефоска: Културата и културното наследство се двигатели на развојот и гаранти за мирот


Во „Агендата 2030”, културата е дефинирана како главен двигател и креативна сила на одржливиот развој. Иако не фигурира како една од 17-те цели што треба да се постигнат во светот до 2030 година утврдени пред пет години од страна Организацијата на обединетите нации (ООН), културата е признаена како трансверзална вредност без која ниедна од тие […]

Агенцијата за филм ќе добие нов директор, на Тозија не му е продолжен мандатот


Владата синоќа на седница донесе повеќе одлуки за именувања на директори, в.д. директори и членови на управни одбори на повеќе јавни претпријатија и акционерски друштва. На досегашниот директор на Агенцијата за филм Горјан Тозија не му е продолжен мандатот и ќе биде објавен јавен оглас за именување на нов директор.   Претходно, Антикорупциска поднесе иницијатива […]

Промовирани Стела и Сани, првите македонски 3Д анимирани ликови


„Стела и Сани“, се малите херои од првите 3Д анимирани видеа наменети за едукација и анимација на деца создадени од македонското студио за филмска продукција и пост продукција „Вертиго Висуал” со поддршка на Фондот за иновации и технолошки развој во рамки на Јавен повик за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. – Досега, ова студио […]

Кој е Седат Сулејмани, новиот заменик–министер за култура?


Седат Сулејмани, релативно непознат во културните кругови, е новиот заменик на министерката за култура Ирена Стефоска. Претежно работел во приватниот бизнис. Во биографијата, во социокултурни активности навел дека е основач на невладини организации за култура и уметност и менаџер на проект „Братството не бира граници“ и „Традиционални уметнички ракотворби“ во соработка со две општини од […]

Бранѓолица: Потребно ни е наследството на операта, преплавени сме од звуци на комерцијалност


Денес сме поплавени со забавна музика – брз лек за засенување на секојдневните грижи. Наспроти козметичкиот карактер на овие звуци, натежнати од теретот на комерцијалност, стои наследството на операта, вели композиторот Љубомир Бранѓолица, автор на македонската порака за годинашното одбележување на Меѓународниот ден на операта – 25 Октомври. – Да не заборавиме дека е значајна; […]

Меѓународна балканска конференција за музичко – балетското образование


Меѓународна балканска конференција на тема „Состојби и перспективи во музичко – балетското образование“ ќе се одржи од денеска до 25 октомври во Скопје во организација на ДМБУЦ „Илија Николовски- Луј“. На конференцијата ќе се разгледуваат специфичните практики и прашања од областа на професионалната музичко – балетска едукација. Ќе учествуваат музичко – балетското педагози од Словенија, […]

Стефоска назначена за претседателка на комисијата за УНЕСКО


Министерката за култура Ирена Стефоска е назначена за претседателка на националната комисија за УНЕСКО. – Владата донесе решение за измена и дополнување на решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Македонија, при што за претседателка на Комисијата е назначена министерката за култура Ирена Стефоска – информира владата. Таа […]