„Ла Грација“ на Паоло Сорентино го отвара 82. Венециски филмски фестивал


Венеција — Венецискиот филмски фестивал започнува со светската премиера на филмот „Ла Грација“ на Паоло Сорентино во среда. 82-то издание на гламурозниот меѓународен филмски фестивал е домаќин на многу холивудски ѕвезди, вклучувајќи ги Џорџ Клуни, Џулија Робертс и Двајн Џонсон, како и познати автори, од Гилермо дел Торо до Кетрин Бигелоу, кои имаат филмови што …

„Ла Грација“ на Паоло Сорентино го отвара 82. Венециски филмски фестивал Read More »

„Ангели во Америка”: Премиерата на наградуваната претстава на Тони Кушнер на 1 септември во МНТ


Премиерата на ремек делото на Тони Кушнер, „Ангели во Америка”, добитник на Пулицерова и многу други награди, ќе ја има својата премиера на 1 септември, на сцената во Македонскиот народен театар, во режија на Филип Петковски. Ова беше соопштено на денешната прес-конференција во МНТ. – Во 1991 година, инспириран од својот приватен живот, Тони Кушнер …

„Ангели во Америка”: Премиерата на наградуваната претстава на Тони Кушнер на 1 септември во МНТ Read More »

Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ на Меѓународниот славистички конгрес во Париз


Меѓу најзначајните изданија од областа на славистиката, на Меѓународниот славистички конгрес што се одржува на Универзитетот во Сорбона, во Париз, Франција е и колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ – првата национална монографија посветена на поетиката и стилистиката во јужнословенските земји, во издание на Комисијата за стилистика на Меѓународниот славистички комитет и Институтот за славистика на Универзитетот …

Колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“ на Меѓународниот славистички конгрес во Париз Read More »

Драмски со „Плејбоите…“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони


Драмски театар Скопје со претставата „Животот на провинциските плејбоји по Втората светска војна или Туѓото го сакаме – своето не го даваме“ утре ќе гостува на Бриони во Хрватска каде театарот „Ulysses“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри, РУТА. Претставата ќе биде изведена на големата сцена на локалитетот Мали Бриони во 21 …

Драмски со „Плејбоите…“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони Read More »

Тамара Котевска ги спојува најекстремниот север и најпрестижниот југ на филмската уметност


Тамара Котевска по успехот со  „Медена земја“, (три награди на Санденс и две номинации за Оскар) и долго патешествие со „The Walk“ со сириските бегалци низ Европа, со новите два документарци ги освојува и најекстремниот север и најпрестижниот југ на филмската уметност – Сибир и Венеција. Светската премиера на нејзиниот трет долгометражен документарен филм „Силјан“е …

Тамара Котевска ги спојува најекстремниот север и најпрестижниот југ на филмската уметност Read More »

Прва проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ во Драмски 


Во пресрет на новата театарска сезона, во Драмски театар Скопје денес се одржа првата проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“. Директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски, му посака добредојде на режисерот Ненад Витанов, а на колегите им посака успешен процес на подготовка на четвртата претстава од годинешната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура …

Прва проба на претставата „Куршуми над Бродвеј“ во Драмски  Read More »

Силно македонско присуство на венециска Мостра, ѕвездена конкуренција за „Златен лав“


Два македонски филма ќе имаат светска премиера на  82. издание на Венецискиот филмски фестивал  кој стартува утре и ќе трае до 9 септември. „Мајка“ на  режисерката Теона Стругар Митевска ќе ја отвори натпреварувачката програма „Хоризонти“, а документарниот филм „Силјан“ на Тамара Котевска ќе се прикаже вон конкуренција во програмата за документарци. Првпат два македонски филма …

Силно македонско присуство на венециска Мостра, ѕвездена конкуренција за „Златен лав“ Read More »

Поетите од СВП наздравуваа со врвни вина во Кавадарци: „Тиквеш“ и годинава инспирација за светска поезија 


Врвна поезија се наздравуваше со врвни вина и гастрономско мени, на врвна локација, вчера, во Винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци. Во чест на 140-годишниот јубилеј, најголемата и најнаградувана винарница од регионот во глобални рамки, традиционално беше домаќин на најреномираните светски и домашни поети кои учествуваа на годинешното 64-то издание на Струшките вечери на поезијата (СВП) …

Поетите од СВП наздравуваа со врвни вина во Кавадарци: „Тиквеш“ и годинава инспирација за светска поезија  Read More »

Австралиска премиера за „Јон Вардар против галаксијата“ во срцето на Сиднеј


Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на Sydney Science Fiction Film Festival – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври во центарот на Сиднеј во престижниот комплекс …

Австралиска премиера за „Јон Вардар против галаксијата“ во срцето на Сиднеј Read More »

Изложба „Гласот на минатото“ – скулптура што раскажува приказни


Скулпторот Озбек Ајваз вечер, во 20 часот, во Мобилна/Монтажна галерија, локација: Парк на франкофонија, ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор. -Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. …

Изложба „Гласот на минатото“ – скулптура што раскажува приказни Read More »

Украина го осуди онлајн- учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал


Киев – Украинското Министерство за надворешни работи остро го критикуваше онлајн-учеството на американскиот режисер Вуди Ален на Московскиот меѓународен филмски фестивал. „Настапот на Вуди Ален на Московската филмска недела е срамота и навреда за жртвата на украинските актери и филмаџии кои беа убиени или повредени од руските воени злосторници во тековната војна против Украина“, соопшти украинската …

Украина го осуди онлајн- учеството на Вуди Ален на Московскиот филмски фестивал Read More »

Агенцијата за филм е дел од интернационалниот проект „Моето име е Ајламаз“ : Се снима во Истанбул, Скопје и Валандовско


Агенцијата за филм информира дека е дел од интернационалниот проект „Моето име е Ајламаз“, нова серија во продукција на NS Продукција за дигиталната платформа Tabii на TRT, под режија на познатиот турски режисер Мустафа Котан, чие снимање се реализира во Истанбул, Скопје и селото Башибос во Валандово, што, како што велат, симболично ја зацврстува културната …

Агенцијата за филм е дел од интернационалниот проект „Моето име е Ајламаз“ : Се снима во Истанбул, Скопје и Валандовско Read More »

Поетите на СВП создаваа стихови со вината на Тиквеш


Струшките вечери на поезијата ја продолжија неколку децениската соработка со винарската визба Тиквеш. Поетите за време на фестивалот, од 21 до 25 август, уживаа во одбраните македонски вина на Тиквеш, кои беа инспирација за создавање оригинални стихови посветени на виното испишани низ годините, на етикети од посебна едиција, која е уникатен спој на виното и …

Поетите на СВП создаваа стихови со вината на Тиквеш Read More »

Венценосецот Иван Штрпка избран за почесен член на ДПМ


Словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка , овогодишен лауреат на Златниот венец на СВП , е избран за почесен член на ДПМ. Вчера напладне, во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернацнионалните поети гости на СВП, на Штрпка, му беше …

Венценосецот Иван Штрпка избран за почесен член на ДПМ Read More »

Врачени највисоките признанија на Струшки вечери на поезијата


Словачкиот поет раскажувач, есеист и преведувач Иван Штрпка синоќа на Мостот на поезијата во Струга го прими највисокото признание „Златен венец“ за 2025 година на 64-тото издание на меѓународната манифестација Струшки вечери на поезијата.    На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу две …

Врачени највисоките признанија на Струшки вечери на поезијата Read More »

Многу е важно да твориме и да се читаме, среде несигурниот свет каде вредностите се разнишани, вели лауреатот Иван Штрпка


Со традиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2025 година, словачкиот поет Иван Штрпка, во црквата „Света Софија“ во Охрид, продолжи 64. издание на меѓународната поетска манифестација. Годинешниот лауреат во своето обраќање во црквата „Света Софија“ потенцираше дека задоволството е големо што токму тој се вброи во друштвото одлични …

Многу е важно да твориме и да се читаме, среде несигурниот свет каде вредностите се разнишани, вели лауреатот Иван Штрпка Read More »

Сиљановска- Давкова ги прими лауреатите на СВП во резиденцијата во Охрид


Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова денеска во резиденцијата во Охрид примила делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата. -Дружењето со господарите на зборот, нивното височество поетите покрај брегот на бисерното Охридско Езеро е посебно естетско и духовно доживување. Бев почестена да примам делегација на раководството на Струшките вечери на поезијата, предводена од в.д. директорот, Никола …

Сиљановска- Давкова ги прими лауреатите на СВП во резиденцијата во Охрид Read More »

Поетесата Ратка Колева-Дамњановиќ добитник на наградата „Стојан Христов“ на СВП


Поетската книга „Кораб“ од македонската поетеса Ратка Колева-Дамњановиќ е годинашен добитник наградата „Стојан Христов“ за 2025 година за најдобра книга со поезија од иселеник што ја доделува Агенцијата за иселеништво, во рамките на 64-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Претседателот на жири-комисијата Никола Ѓелинчески, во образложението посочи дека поетската збирка Кораб, од македонската поетеса …

Поетесата Ратка Колева-Дамњановиќ добитник на наградата „Стојан Христов“ на СВП Read More »

Јулијана Величковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025


Збирката „Рајсфершулс“ од Јулијана Величковска (1982, Скопје) во издание на ПНВ Публикации, е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Одлуката ја донесе жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година во состав: Санде Стојчевски (претседател), Зоран Анчевски (член), Иван Џепароски (член), Лулзим Хазири …

Јулијана Величковска е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 Read More »

Соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 (во живо)


На прес-конфереција во хотелот „Дрим“ во Струга ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2025 година за најдобра поетска книга меѓу два фестивала, објавена на македонски јазик. Во потесен избор за наградата се книгите „Рубедо“ на Андреј Ал-Асади, „Рајсфершулс“ на Јулијана Величковска, „Маслина и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, „На ти со …

Соопштување на добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2025 (во живо) Read More »