Почнува заштитата на скопскиот Аквадукт: Имаме обврска ова ремек дело да го промовираме пред светот
Денеска почнува првата фаза на конзервација и реставрација на скопскиот Аквадукт, еден од последните на Балканот кој е сочуван во целина. Неодамна, Владата донесе одлука за прогласување на Аквадуктот за културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење поради тоа што овој величествен споменик поседува вредности, не само од големо национално значење, туку тој му […]