Скопје танцов театар со три изведби на првото гостување во Париз


Скопје танцовиот театар првпат ќе настапува во Франција со претставата „Идентитети – Историја на еден растегнат сон“ на Рисима Рисимкин.  Таа ќе има три изведби на сцената на Националниот театар за современ танц Шајо, на 16, 17 и 18 март. Станува збор за претстава со една поинаква естетика. Кореографката која е на чело на Скопје […]

„Денот на црвот“ од Симона Јованоска е „Роман на годината“ (фото)


„Денот на црвот“ – првиот роман на авторката Симона Јованоска ја доби наградата „Роман на годината“, која што ја доделува  Фондацијата „Славко Јаневски“. Романот е издаден во 2021 година од страна на издавачката куќа „Или-или“, во едицијата „ПроАза“. Официјалното врачување на наградата е планирано за септември и романот-добитник, прв пат, годинава ќе се промовира низ […]

„Диши љубов“ – музичко-поетски и визуелен перформанс во Филхармонија


Музичко-поетскиот и визуелен перформанс „Диши љубов“ ќе ја има својата премиера на 25 март (петок) во Концертната сала на Филхармонија со почеток во 20 часот. Станува збор за сосема нов и уникатен проект со музика на композиторот и диригентот Џијан Емин и текстови на музикологот Тина Иванова, во кој музиката создадена низ песни раскажува љубовна […]

Пријавување за Биеналето на цртеж на „Остен“ до крајот на мај, главните награди за творештвото на Рембрант и Џозеф Кошут


Џозеф Кошут од САД (1945), уметник и теоретичар, пионер на концептуалната и инсталациската уметност е добитник на Гран-при за животно остварување на Остен Биеналето на цртеж „Скопје 2022“, а на творештвото на славниот холандски уметник од 17 век Рембрант ван Рејн му е доделена наградата „Светско културно наследство“, која „Остен“ им ја доделува на уметници […]

Книжевни резиденции за преведувачи од македонски јазик


Издавачката куќа „Готен“ во рамки на проектот „Превод во движење“ организира резиденции за литературни преведувачи кои преведуваат од македонски јазик на јазиците на земјите-членки на Европската Унија. Конкурсот е отворен до 30 март оваа година. „Превод во движење“ е програма чија цел е збогатување и засилување на протокот на преведената литература во Европа и особено […]

Прогласување на лауреатот на наградата „Роман на годината“


Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ денеска на прес-конференција ќе го соопшти името на лауреатот на наградата „Роман на годината“ за 2021 година. На годинашниот конкурс пристигнале вкупно 39 романи. Во најтесниот избор влегоа романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), […]

Танкица Стојанова в.д. директорка на Центарот за култура во Струмица


Министерството за култура ја назначи актерката Танкица Стојанова за в.д. директорка на НУЦК „Антон Панов“ во Струмица, откако досегашен вршител на оваа функција беше Боби Ѓошиќ. Веста за МИА ја потврдија од Центарот за култура. Стојанова е дел од ансамблот на Театарот „Антон Панов“ и до изборот на нов директор таа ќе раководи со оваа […]

УНЕСКО алармира за загрозување на светското културно богатство во Украина


Франција– Градските центри се сериозно оштетени, некои од нив имаат и споменици кои датираат од 11-от век. Музеите се оштетени, некои со уметнички колекции во нив. Исто така се оштетени и културни локации. Во ризик од исчезнување е целиот културен живот“, објаснува директорот на УНЕСКО за светско наследство, Лазар Елонду, пренесува Еуроњуз. УНЕСКО посочува дека […]

Умре големиот хрватски интелектуалец Игор Мандиќ


  Во неделата во Загреб на 83-годишна возраст почина истакнатиот литературен критичар, писател и есеист Игор Мандиќ. Мандиќ почина во неделата околу 18.30 часот. Мандиќ со години имал проблеми со срцето, а во неделата попладне ненадејно му се слошило, поради што завршил во болницата „Свети Дух“. Познатиот новинар, писател, антологичар, критичар, есеист и публицист Игор […]

Претставата „Нема да биде крај на светот“ на фестивал во Бурса


Македонскиот народен театар со копродукцискиот проект „Нема да биде крај на светот“ утре ќе учествува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса во Турција, кој се одржува од 10 до 24 март. Претставата е по текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ, а играат актерите Дарја Ризова, Саша Ханџиќ […]

Оскарот ѝ се смешка- Џејн Кемпион триумфираше и на „БАФТА“


Англија– Филмот „Моќта на кучето“ на Џејн Кемпион е прогласен за најдобар филм за 2021 година на филмските награди на Британската академија , што во неделата во Лондон беа доделени од Британската академија за филмска и телевизиска уметност (БАФТА). Вестерн драмата на Кемпион беше омилена во целата сезона на награди, и тој е еден од […]

„Сеќавање на Б.Б.“- премиерна изведба на дела од Перт, Ротару и Ахо во Филхарамонија


Оркестарот на Филхармонија в четврток (20:00) ќе одржи концерт насловен „Сеќавање на Б.Б.“ на кој како солист на флејта ќе настапи Матеј Јоакимеску од Романија, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа. На програмата се дела од современата музика – за првпат ќе прозвучат „Кантус во сеќавање на Бенџамин Бритн“ од Арво Перт и Концертот за […]

Целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова реобјавено во чест на нејзиниот роденден


Издавачката куќа „Арс Ламина“ повторно ќе го објави целокупното творештво за возрасни на Оливера Николова, една од најплодните и најзначајни македонски писателки, која денеска наполни 86 години. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, добија ново руво и нови поговори од значајни македонски професори и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска. Станува […]

Изведба на операта „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети во НОБ


Една од водечките белканто опери во светската оперска литература „Лучија од Ламермур“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена денеска со почеток во 20.00 часот на сцената на Националната опера и балет. „Лучија од Ламермур“ е трагична опера напишана во два чина. Салваторе Камарано го пишува либретото според новелата на Сер Волтер Скот „Невестата од Ламермур“. […]

Уметникот Златко Крстески на меѓународна изложба за „НЕ за војната“


Македонскиот уметник Златко Крстевски учествува на меѓународната изложба што од синоќа е отворена под наслов „Не за војна“ (No To War) и е солидарност со украинскиот народ. Крстески учествува во рамките на 4-тата Меѓународна хуманитарна иницијатива на „Картон хом нетворк интернационал“ од Норвешка, во соработка со Партијата на добриот хумор (ПДХ) од Полска, Унијата на […]

Актерката Мирјана Карановиќ заради Ковид заврши во болница


Србија-  Српската актерка Мирјана Карановиќ (65) поради Ковид заврши во болница. Сместена во КБЦ Бежаниска коса во Белград. Карановиќ објави фотографии од болницата. „Добро сум. Короната стигна и до мене. Благодарност до медицинските сестри и лекарите во болницата“, напишала легендарната актерка со емотикони со срце. Карановиќ дипломирала глума на Факултетот за драмски уметности во Белград […]

Нов албум на пијанистката Мимоза Ќека со дела од Барбер, Бах и Скрјабин


Новиот албум од класичната музика со дела од Самуел Барбер, Јохан Себастијан Бах и Александар Скрјабин на пијанистиката Мимоза Ќека е веќе достапен за слушање на платформите YouTube, Spotify, Apple Music, Deezer, Amazon Music. Албумот носи наслов “Non-Fungible Scriabin Barber Bach”, и е прва соло албумска објава на пијанистката, а обединува повеќе музички стилови почнувајќи […]

Костадиновска Стојчевска – Чеку : Македонија и Косово имаат отворени можности за соработка


Република Северна Македонија и Република Косово се две пријателски земји  со отворени можности за соработка во културата, кои во периодот што следува треба поинтензивно да се искористат, се согласија на денешната работна средба министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и косовскиот министер за култура, млади и спорт Хајрула Чеку. Соговорниците позитивно ја оценија досегашната културна соработка која во изминатите […]

Светски познатиот Баланеску квартет утре вечер во Филхармонија


Во просториите на Филхармонија во Скопје утре вечер ќе настапи светски познатиот Баланеску квартет, а композициите кои ќе бидат изведени се дело на фронтменот на квартетот, Александар Баланеску од Романија. Поточно, ќе бидат изведени композициите од нивните изданија „Maria T“, „SoulEtide“ и „Luminitza“. Во квартетот настапуваат Јури Калнитс – виолина, Хелен Каминга – виола и […]

Резиденцијата на ЕУ е домаќин на нова уметничка изложба за Европскиот зелен договор


Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска и шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир денеска ја отворија изложбата „Розови тигри и златни гуштери и сè друго“ во резиденцијата на ЕУ. Изложбата е дел од кампањата за Зелениот договор што Делегацијата на ЕУ ја започна во ноември минатата година, повикувајќи на […]