Се опремува концертната сала во битолскиот Офицерски дом


Концертниот клавир Безендорфер (Bösendorfer), донација од бизнисменот Трифун Костовски во 2002 година, по дведецении од досегашната локација во Завод и Музеј Битола е преместен во резидентната концертната сала на Офицерскиот дом во Битола.

Од ЈОУ КИЦ-Битола истакнаа дека  постепено се создаваат услови за големи настани за љубителите на класичната музика и културата воопшто.

-Со овој чин концертната сала при Офицерскиот дом на ЈОУ КИЦ- Битола прераснува во еден од најекслузивните концертни простори за класична музика во регионот и отвора нови можности за презентирање на музичката култура од земјава и странство издигнувајќи ја ЈОУ КИЦ- Битола во рангот на културни установи со високи концертни перформанси, истакна Лили Бошевска, директорка на таа општинска установа.

Наскоро јавноста ќе ја има и можноста да присуствува на првите концертни настани предвидени со програмата на КИЦ Битола.