Саемот на книга отворен за групни и организирани посети на ученици


Саемот на книга, кој оваа година се одржува од 3 до 9 мај во Арена „Борис Трајковски“ повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици од средните и основните училишта на државата.

– Како една од најзначајните манифестации од областа на културата, Саемот нуди богата програма за деца и млади со која најмладите посетители ќе можат да уживаат во светот на книгите, стои во соопштението од организаторите.

Дополнуваат дека електронските билети можат да се купат преку веб-страницата www.karti.com.mk кои ќе бидат достапни од вторник – 26 април, а за времe на Саемот, билети ќе можат да се купат и на билетарницата на Арена „Борис Трајковски“.

Саемот на книга ќе се одржува секој ден од 10 до 20 часот.