Охрид го чествува македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев


Со традиционалната манифестација „Прличеви беседи“ од денеска во Охрид почнуваат свеченостите и збиднувањата за одбележување на 129-годишнината од смртта на големиот охридски и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Согласно програмата, манифестацијата почнува денеска со свеченост по повод патрониот празник на ОУ„Григор Прличев“ и полагање цвеќе пред споменикот во училишниот двор. За точно на пладне […]

Културните работници против нула данокот за ИТ компаниите


Асоцијацијата на независната културна сцена (ЈАДРО) остро реагира по вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски, кој при посетата на компанијата „Меџикс“ најави дека до 2023 година, Владата предвидува „намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од сегашните 10 отсто на 0 отсто“, под изговор дека тоа ќе биде „силен стимул за младите што повеќе да […]

Почна дигитализацијата на архивата во Прилепскиот театар


Во тек е дигитализацијата на старата архива на Прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“. Дигитализацијата се спроведува преку Центарот за култура  „Марко Цепенков“. Се скенираат фотографии, плакати, исечоци од весници – големо богатство архивски материјал  создавано од почетоците на Театарот, од 1950 година до 2000 година. -Архивата на театарот, која  сведок е создавањето на театарската историја во градот, […]

„My Name Is Goran Stefanovski“- Драмски театар со нова премиера во март


Во Драмски театар во Скопје денеска почнаа пробите за новата претстава „Моето име е Горан Стефановски“ чија премиера е закажана за 26 март годинава. Режисер на претставата е Бранислав Миќуновиќ, драматург е Бранислава Илиќ, сценограф Александар Дениќ, костимограф Розе Трајчевска, а авторската музика е на Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат: Билјана Драгиќевиќ – […]

Проекции на „Сестри“ на Дума во Скопје, Св.Николе и Охрид


Македонскиот игран филм „Сeстри” во режија на Дина Дума во текот на февруари ќе биде прикажан во неколку градови низ земјава и тоа: Скопје – Кинотеката на Северна Македонија, Св. Николе – Киноверзум и Охрид – НУ Центар за култура „Григор Прличев“. Светската премиера на „Сeстри” беше минатата година во август на Филмскиот фестивал во […]

Операта „Турандот“ од Пучини со најубавата арија се враќа на репертоарот на НОБ


Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини ќе биде изведена на 9 февруари во 20 часот во Националната опера и балет. Спектакуларната продукција на епската кинеска бајка на еден од најславните и најбарани оперски режисери на денешницата, Џанкарло дел Монако, повторно на сцената на Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, режијата, сценографијата и костимографијата се […]

Од Тоше до Мартиноски- министерката за култура го почна мандатот од Крушево


– Ако трагите што ги оставаме зад себе говорат за нашето постоење, тогаш споменот на Тоше, на неговиот глас и дело засекогаш ќе продолжат да живеат меѓу нас – рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, за време на работна посета на Спомен-куќата на Тоше Проески во Крушево. Костадиновска-Стојчевска беше информирана за активностите на оваа национална […]

Објавен превод на „Колибри“ – најдобар италијански роман во 2020 година


Во издание на „Или-Или“ објавен е превод на романот „Колибри“ од Сандро Веронези, најдобар италијански роман во 2020 година, актуелен добитник на „Стрега“ (Premio Strega) –  престижната  книжевна награда во Италија. Издавачката куќа соопшти дека одлучила да го објави овој роман бидејќи романот „Тивок хаос“, за кој  Веронези ја доби исто така оваа награда во […]

„Три“ ги мотивира читателите да читаат уште повеќе- нова картица за лојалност


Клубот на читатели во ТРИ одамна ги доближува читателите до светот на книгите. Овој февруари ги носи уште поблизу со обновената програма за лојалност, понуда за членство, попусти и поволности. Секој вљубеник во приказните заслужува да си обезбеди што е можно повеќе книги на полиците. Затоа, преку месечната клупска акција, ТРИ се погрижи да ги […]

Киро Урдин изложува во Антверпен- уметнички слики како ода за човечката сила наспрема пандемијата


Една од најстарите галерија во белгискиот град Антверпен- „ Црниот пантер“, е домаќин на изложба  со дела од нашиот уметник со француска адреса , Киро Урдин. Централно место на изложбата има сликата „Табула раза“, која е со димензии 10 метри должина и 3 метри ширина, а изработена во маслена техника. Изложбата на Урдин вклучува околу […]

Звукот на ориентот со генијалниот Марсел Калифе во Филхармонија


Овој четврток во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Звукот на ориентот“ на кој ќе настапи исклучителниот мајстор на уд, композитор и воклист Марсел Калифе од Либан. На програмата се авторски дела на Калифе, а концертот ќе го води маестро Лубнан Балбаки од Либан. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“. Марсел Калифе студирал […]

„Спотифај“ воведува предупредувања за спорните вести за пандемијата


САД – Музичката стрим-платформа „Спотифај“ соопшти дека за слушателите на интернет-емисијата на Џо Роган кои разговараат за Ковид-19, ќе воведе насочување до точни информации за пандемијата. Ова следи по укажувањата на група музичари, предводени од Нил Јанг и Џони Мичел, кој и ја отстрани својата музика од платформата во знак на протест. – Работиме на […]

Рут Сленчинска: ученичката на Рахманинов сѐ уште снима музика на 97 години


  Најголемата лекција што Рут Сленчинска ја научи од рускиот композитор Сергеј Рахманинов беше дека звуците имаат боја. Пред речиси 90 години, деветгодишната Сленчинска вежбаше еден од прелудиите на Рахманинов кога тој ја замоли да му се придружи на прозорецот. Беше пролет во Париз, а улиците беа наредени со дрвја мимози натоварени со меки, златни […]

Зголемен интересот за изучување и проучување на македонскиот јазик-заврши Зимската школа при УКИМ


Поголема решителност и посветеност за интензивно учење и проучувањето на и за македонскиот јазик, литература и култура, идеи и планови за истражувачки проекти посветени на македонистиката, нови книжевни преводи, како и залагање за меѓународно вреднување на македонските културни вредности. Ова беше потврдено од сите учесници на Втората зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, […]

Покренат Меѓународен проект за литература за деца и млади


Во рамките на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност “ИНАКУ”– Скопје покренат е Меѓународен проект за литература за деца и млади во кој ќе бидат вклучени голем број истакнати универзитетски професори и писатели од земјава и странство. Меѓу имињата кои ќе бидат дел од проектот се: проф.д-р Стана Смиљковиќ, проф.д-р Милутин Ѓуричковиќ, Љубивоје Ршумовиќ, проф.д-р Тихомир […]

Скопски џез фестивал со нов календар за 2022- традицијата на врвен дизајн продолжува


Малку познат факт е дека Скопскиот џез фестивал е македонски бренд со убедливо најголем број значајни награди (преку четириесет) на светските маркетиншки фестивали (вклучувајќи и „Гранд при“ на најпознатиот, во Кан). Визуелниот идентитет на Скопскиот џез фестивал му обезбеди препознатливост и исклучителен рејтинг во светот. Не само со плакатите, туку и со видео клиповите (анимираните […]

Џони Мичел ја повлекува својата музика од платформата „Спотифај“


  Познатата американска рок пејачка Џони Мичел изјави дека ја повлекува својата музика од платформата „Спотифај“ поради дезинформации за корона вирусот на таа страница, а истото неодамна го направи и легендарниот музичар Нил Јанг. „Одлучив да ја повлечам целата своја музика од ‘Спотифај’“, изјави познатата пејачка и додаде дека ја поддржува Јанг во борбата против […]

Почина писателот и поет Тоде Илиевски


 Во Охрид денеска по кусо боледување на 70 години почина Тоде Илевски, поет, писател за деца и млади, сатиричар, хуморист, преведувач, енигматичар и шаховски проблемист. Тоде Илиевски е роден 1952 година во село Мраморец, во Дебрца. Гимназија завршил во Охрид, а Филолошки факултет во Скопје. Автор е на книгите „Ведро едро”, „Концерт за шумите”, „Изворите […]

Jордан Плевнеш, Виктор Радун и Ана Багрјана добитници на „Гоцева мисла“


Македонскиот писател Јордан Плевнеш и книжевниците Виктор Радун од Србија и Ана Багрјана од Украина се годинешни добитници на меѓународната награда „Гоцева мисла“, што ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент”. Годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и […]

„Господин тешко се станува, таков треба да се родиш“- комеморација за маестро Александар Џамбазов (фото)


Со звуците на неговата Рапсодија за Скопје, наместо како вообичаено со едноминутен молк, денеска во Скопје почна комеморацијата во чест на диригентот и композитор Александар Џамбазов, кој почина на 25 јануари, на 85-годишна возраст. За Александар како човек, музички творец, диригент, организатор може многу да се зборува. Македонските музиколози веќе тоа го препознаа. Нека му […]