Почина новинарката Цветанка Зојчевска
Цветанка Зојчевска, истакната театарска критичарка и новинарка од културата, почина вчера во Скопје, потврди семејството за СДК.мк. Имаше 76 години. Ќе биде погребана утре во 12 часот на градските гробишта Бутел во Скопје. Родена во Прилеп, Зојчевска е дипломец на Филозофскиот факултет во Скопје, а долгогодишната новинарска кариера ја почна во весникот „Вечер“. Од 2000 …