Јана Манева-Чупоска нов претседател на ДЛУМ


Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска е нов претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), избрана на вонредното годишно собрание што се одржа во саботата. Со ДЛУМ ќе раководи во наредните четири години.
 
Манева-Чупоска во 1996 година дипломирала сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршила на Високата школа за применена уметност во Прага. Во 2006 година станала магистер по уметност, а во 2009 запишала докторски студии и станала доктор на науки од областа на етнологија и дизајн.
 
 
Во ДЛУМ членува од 1997 година и е активна со самостојни изложби и со учество во групни ликовни излагања на домашната и меѓународна ликовна сцена. Авторка е на книги од областа на ликовната уметност и дизајн,  има  објавено трудови во меѓународни научни зборници, била кураторка на ликовниот проект „Фемина 8“. Редовен професор е на Факултетот за арт и дизајн.