Објавена поетската збирка „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска


Во издание на издавачката куќа ВИГ „Зеница“, излезе од печат најновата поетска збирка „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска.

Книгата содржи 85 песни поделени во 10 циклуси. Рецензент на изданието е Ферид Мухиќ

Спасовска поетски ја толкува величественоста на љубовта, копнежот и смртта, како најзначајни феномени и клучни координати на човечкиот живот.

Сузана В. Спасовска е родена во јуни, 1972 година во Ротердам, Холандија. Дипломирала и магистрирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а во моментот работи на својата докторска теза. Работи како професионален лектор и предавач по македонски јазик,  а од 2019 година е член на Друштвото на писателите на Македонија

Книгата е поддржана на Годинешниот конкурс за финансирање проекти од културата на Министерството за култура.