Продолжува изградбата на Турскиот театар во Скопје- на ред се термо фасадата и целосната стаклена фасада


Фото: Б. Грданоски
Продолжува реализацијата на проектот за изградба на објект наменет за НУ Турски Театар во Скопје, во близина на Железничката станица, за кој во 2022 година обезбедени се средства во износ од  100 000 000,00 денари.  Овој проект се реализира преку НУ Турски Театар како Инвеститор, соопштија од Министерството за култура.
Фото: Б. Грданоски
За 2022 година се планира да се заврши термо фасадата и целосната стаклена фасада со нејзината конструкција и подконструкција. Министерството за култура и НУ Турски театар продолжуваат со реализацијата на овој проект, во наведениот период извршена е реализација од нешто повеќе од 6 милиони денари. Изведбата на работите е во тек според предвидената динамика.
Фото: Б. Грданоски

Турски театар-Скопје во 2020 одбележа седум децении постоење на сцената на Театар Комедија, каде што работи во изминатите неколку години.

Фото: Б. Грданоски

Во јули 2015 година беше поставена темел- плочата на театарот кој треба се гради на површина од 2.600 квадратни метри. На тоа му претходеше решавање на имотно-правни прашања и расчистување на теренот. Турски театар со децении функционираше заедно со Албанскиот театар во некогашниот Театар на народностите на Битпазар. Поранешниот заеднички објект му е предаден на Албанскиот театар и беше реконструиран од темел. Додека траат градежните работи , ансамблот на Турскиот театар своите претстави ги изведува на сцената на „Комедија“. 

 

Капацитет за повеќе од 450 гледачи

 

Турскиот театар чии идејни автори се Виктор Михајлов и Александар Наумчески ќе биде модерен објект кој ќе го краси Скопје  и ќе биде на 8 нивоа од кои 5 надземни и 3 подземни.

Извор: МАРХ

Турскиот татар ќе биде современ технолошки објект кој ќе располага со две сцени со вкупен капацитет од над 450 гледачи. Малата сцена ќе биде со површина од 180 м2 и максимален капацитет до 150 посетители, а големата сцена во објектот ќе располага со гледалиште со капацитет од 329 седишта. Покрај основната фунцкија на објектот, планирано е во негови рамки да има и изложбена галерија, културно-информативен центар и мултимедијална сала. (Л.С.)