МНТ на летна турнеја со „Не се клади на Енглези“ и „Народен непријател“


Македонскиот народен театар со две претстави ќе гостува на повеќе сцени во рамки на летната турнеја од 3 јули до 15 август. Турнејата на МНТ ќе почне задутре со гостување на 15. „Македонско културно лето“ во Пустец, Албанија, со претставата „Не се клади на Енглези“. -Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарот на […]

 „Врвиците на зборот“  – Вера Стојчевска-Антиќ објави нова книга


Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ. -На страниците од првото поглавје, насловено „Кон родното огниште“, се застапени текстови во кои авторката хронолошки ја проследува својата животна и твречка патека. Посебно внимание посветува на младешките години и љубопитнос кон литературата во родната […]

Почнува 48. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“


Вечер од 20 часот на камената бина на плоштадот Александрија во центарот на Прилеп официјално започнува 48. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на земјава, вечер и утре, на Рудина кај Долнени, ќе ги разлеат гајдата, кавалот, зурлите, тапаните, ќе ги изведуваат изворните песни […]

Сергеј Андреевски во Слоештица ги кани уметниците – се отвора креативно гумно


Меѓународниот центар за уметност „Арт Поинт – Гумно“ во село Слоештица, Демир Хисар денеска од 17 до 21 часот ќе ги отвори портите за сите љубители на уметноста што сакаат да ги запознаат уметниците и да ги видат делата создадени за време на 20. интернационална уметничка колонија. Во периодот од 18 јуни до 3 јули […]

Џез вечер на Клод Болинг во Салон 19:19


Во Салон 19:19 вечерва од 19:19 часот ќе се одржи џез вечер на Клод Болинг со Toot Quartet. Како што информираат од Културно-информативниот центар – Скопје, Toot quartet концертираат од 2020 година и настапиле во Дом на култура Ѓорче Петров и Кисела Вода во Скопје, Кавадарци, Струмица и Неготино. Составот на Toot Quartet е Стојанче Косовски-труба, […]

Настап на дувачкиот квинтет „Woodwind quintet Phil-harmonic Five“ во Тирана 


Македонскиот Културно-информативен центар во Тирана ги претстави „Woodwind quintet Phil-harmonic Five“ од Скопје.   Како што информираат од КИЦ, синоќа во несекојдневна и пријатна атмосфера, во Гранд Паркот во Тирана, дувачкиот квинтет имал едночасовен концерт на отворено, каде се претставиле со дела од Хајдн и домашни автори (Љубомир Браноѓолица).     – Гранд Паркот во […]

Костадиновска-Стојчевска за „Топ Ченел“: Стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, како Македонци со македонска култура и македонски јазик 


  -Сакаме да се признае македонската култура, македонскиот јазик, нашата етничка припадност и посебноста што ја имаме како Македонци и како што неколкупати напомена нашиот премиер, „Да“ нашата стратешка цел е да бидеме дел од ЕУ, но не сакаме ништо повеќе или помалку отколку што заслужуваат, сакаат или имаат другите земји-членки на ЕУ, одговори министерката […]

Театарот од Плевен со „Хамлет“ го затвора „Битола Шекспир фестивал“


Ансамблот на Драмски театар „Иван Радоев“ од Плевен вечер со претставата „Хамлет“, ќе го затвори годинешниот „Битола Шекспир фестивал“. Според режисерот Ованес Торосјан текстот за „Хамлет“ е предизвик за секој режисер, а да се игра во ремек делото на Шекспир е желба на секој актер. –Ова е улога од соништата што сите актери сакаат да ја играат. […]

Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ на фестивалот КРИК


Изложбата „Сенките на занаетите-инсталација на светлина-сенка-звук“ од турскиот уметник Билал Јилмаз ќе биде отворена вечер во КСП Центар – Јадро во Скопје, како дел од седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура. Кураторка на проектот е Лидија Хаѕиоану од Грција. -„Сенки на занаетите – Скопје“ е резултат на партиципативно истражување за занаетчиската култура […]

Изложба во спомен на архитектот Душан Грабријан


Во НЛБ Галеријата во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата во спомен на архитектот Душан Грабријан. – Со своето дело „Македонска куќа или прошетка од старата ориентална до современата европска куќа“, Грабријан ги постави основите за проучување на традиционалната македонска архитектура, наведуваат од Амбасадата на Република Словенија. Изложбата е во организација на Амбасадата на Република […]

„Вложуваме во културата која нѐ спојува“ – грчко учество на „Скопско лето 2022“


За првпат после многу години на фестивалот „Скопско лето“ 2022 ќе има и грчко учество под покровителство на Генералниот секретаријат за грчка дијаспора и јавна дипломатија при грчкото Министерство за надворешни и со поддршка од Канцеларијата за јавна дипломатија на Амбасадата на Грција во Северна Македонија.   Во среда, 6 јули 2022, во 21:00 часот, […]

„Ќе режирам уште еден или два филма“ – Вуди Ален му даде интервју на Алек Болдвин


САД- За време на најавеното и очекуваното интервју на Алек Болдвин со Вуди Ален, емитувано на Инстаграм профилот на актерот, познатиот и наградуван режисер Вуди Ален ги објави своите планови за неговото идно пензионирање: „Ќе режирам уште еден или два филма“, изјави тој, додавајќи дека „ентузијазмот исчезна „поради падот на театарското искуство“. Без да открива […]

Костадиновска-Стојчевска: Културата и младите во фокусот на агендата на министерството


  Наградата за Тирана како Eвропска младинска престолнина за 2022 година, претставува нов пат за напредок за градот, за младите и за земјата. Тоа е нов начин на соработка, дизајнирање, стимулирање и зајакнување на градот, со и за младите, велат од Националниот младински конгрес на Албанија.   Тие по средбата со македонската министерка за култура […]

Биографијата на Елвис Присли и полковникот Том Паркер стана најпродавана книга на Амазон


САД- Биографијата на Алана Неш од 2010 година за полковникот Том Паркер и Елвис Присли стана стана бр. 1 бестселер на Амазон  по биографскиот филм на Баз Лурман „Елвис“ со Остин Батлер како кралот на рокенролот и Том Хенкс како неговиот контраверезен менаџер.  Додека Лурман тврди дека неговиот филм не е заснован на книгата на […]

Италијанската актерка Каролина Пагани на „Битола Шекспир фестивал“


 „Битола Шекспир фестивал“ вечер продолжува со настап на актери од Италија кои пред публиката во Битола ќе се престават со две уметнички дела, монодрама и балет. Актерката Каролина Пагани ќе ја изведе монодрамата „Хамлетелиа“, авторски проект за кој ги подготви текстот и режијата, но и сценографијата и костимографијата. -Актерката Пагани на „Битола Шекспир фестивал“ ги […]

Врачена наградата „Книжевен жезол“ на Гордана Михаилова Бошнакоска и Аднан Озер


Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешната традиционална Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“ им ја врачи наградата „Книжевен жезол“ на поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска и поетот Аднан Озер од Турција. На манифестацијата беше промовирана заедничката книга „Бесконечното“ од Гордана Михаилова Бошнакоска и поезија од Аднан Озер. Како што посочија од ДПМ, преку оваа награда „Книжевен […]

Костадиновска-Стојчевска во Тирана: Промовирана првата платформа за култура со министри од Западен Балкан


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска учествуваше на Министерски состанок на промоција на Првата министерска платформа на Западен Балкан за култура во Тирана, Албанија, организиран од страна на Марија Габриел, европска комесарка за иновации, истражување, култура, образование и млади.    Министрите од Западен Балкан ги истакнаа предизвиците со кои се соочуваат со младите и културното наследство. Потребни се […]

„Од високо подобро се гледа“ – „Синедејс“ се отвора со македонска премиера на „Мими“


Нѝ причинува големо задоволство да го најавиме отворањето на 21 издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“ со македонската премиера на долгометражниот игран филм „Мими“ во режија на Даријан Пејовски, на 7-ми јули, четврток, на кровот на ГТЦ. Под слоганот „Од високо подобро се гледа“ од 7 – 14 јули 2022, годинава фестивалот обединува повеќе […]

70 години од „Фросина“- изложба на фотографии и документарец за првиот македонски игран филм 


Во рамките на активностите за одбележување на 70-годишниот јубилеј од премиерата на првиот македонски игран филм – „Фросина“, денеска во Кочани, во организација на Кинотеката и ЈОУ Библиотека „Искра“, со почеток во 20:00 часот ќе се одржи изложба на фотографии од филмот проследена со пригодно предавање и дискусија за значењето на овој филм во историјата на македонската кинематографија. […]

 „Празник на липите” во ДПМ


Традиционалната Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите”, ќе се одржи денеска во просториите на Друштвото на писателите на Македонија.   На свеченоста ќе бидат врачени наградите „Книжевен жезол” на поетите Аднан Озер (Турција) и Гордана Михаилова Бошнакоска (Северна Македонија).   Беседи за добитниците ќе одржат Ерол Туфан, проф.д-р Христо Петрески и академик Влада Урошевиќ.   На […]