Мадс Микелсен на црвениот килим во Сараево: „Прв пат сум овде, но јадев ќебапи“


 

Сараево– Најпознатиот дански актер Мадс Микелсен пристигна на Сараевскиот филмски фестивал и најпрво ги поздрави бројните фанови. “Прв пат сум овде. Имав малку време да шетам, да јадам ќебапи и тоа е она што го видов досега. Многу сум среќен што сум на фестивалот. Посакувам да имам седум дена да го видам целиот град , но морам да одам утре“, рече тој.

На фестивалот вечерва е прикажан филмот „Лов“ во кој главната улога ја има Микелсен. Пред прикажувањето на филмот, на Микелсен ќе му биде врачено почесното срце на Сараево, за неговиот исклучителен придонес во филмската уметност. Данскиот актер ова признание го доби на 26. Сараевски филмски фестивал (2020 година), на кој поради околностите предизвикани од пандемијата на корона вирусот, не можеше да присуствува.

Линк до целиот текст на Глориа хр. тука