„Кајмак“ за 10 дена го видоа 13.000 гледачи низ цела Македонија


За само 10 денови од прикажување, филмот „Кајмак“ по сценарио и во режија на Милчо Манчевски, го видоа 13.000 гледачи низ цела Македонија. „Кајмак“ наскоро почнува да се прикажува и во странство. Во преговори се повеќе земји, а засега се потврдени: Грција, Данска, Хрватска, Кипар, Србија, Тајван и САД. По гала премиерата во Македонската филхармонија […]

Кинотеката во декември нуди богата понуда на европски класици и домашни филмски остварувања


Декември е последниот месец во годината, месецот пред новогодишните и божиќните празници, месец кога се трошат најмногу пари за убави нешта, се прават ретроспективи на сите активности и случувања од целата година. Овој декември Кинотеката ќе понуди програма која, посочуваат, со сигурност ќе ве натера да излете од дома и да ја посетите нашата кино сала, бидејќи […]

110 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски, основоположник на македонската фолклористика


Институтот за македонска литература со научен собир одбележа 110 години од раѓањето на Кирил Пенушлиски (1912-2004), основоположник на македонската фолклористика, и половина век од објавувањето на целокупниот опус на собирачот на народни умотворби Марко Цепенков, во 10 тома од редакција под раководство на Пенушлиски. – Цепенков и Пенушлиски ги врзуваа многу работи – нивната долговечност, […]

Стенд ап шоу на актерот Бојан Кирковски во МКЦ


Вечерва во 20 часот, во Младинскиот Културен Центар, за прв пат на сцената во Кино Фросина, младиот актер Бојан Кирковски ќе настапи со своето стенд-ап шоу со наслов Let’s Get Loud! За шоуто Skopje Comedy велат: Актерот Бојан Кирковски реши да зборува за нихилизмот, алтуризмот и стоицизмот. Но, не разбираше ништо од тоа, па затоа реши да […]

Ретроспектива со филмови на Јиржи Менцл во Кинотека од 1 до 11 декември


Кинотеката во соработка со Амбасадата на Чешката Република од 1 до 11 декември организира  рертоспектива со филмови на легендарниот чешки режисер и актер  Јиржи Менцл (1938-2020). Ќе биде отворена со филмот „Строго контролирани возови“, негов дебитантски долгометражен игран филм со кој во 1967 година освои „Оскар“ за најдобар странски филм. До 11 декември, во термините од […]

„Раатот не можеш да го купиш“- електро-акустична ѓурулитија со Џијан Емин во Филхармонија


Во четврток, во 20 часот ќе се одржи концертот насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите. „Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот обликуван […]

Научен собир за Пенушлиски и Цепенков во Институтот за македонска литература


По повод 110 години од раѓањето на македонскиот фолклорист Кирил Пенушлиски и 50 години од објавувањето на целокупниот опус на Марко Цепенков во 10 тома денеска во 12 часот во амфитеатарот на ИМЈ „Крсте Мисирков” во Скопје, ќе се одржи научен собир на Институтот за македонска литература. Како што информираат организаторите на настанот се очекува […]

Промовиран романот „Тарафот“ од Петар Трајков


Во автентичен  книжевно  афирмативен  амбиент на Метаноја кафе во Скопје во сабота  се одржа промотивно читање на  книгата „Тарафот“ од Петар Трајков од Струмица.  Промоцијата беше реализирана како читање на делови од текстот одбрани лично од авторот. И негова интерпретација.  Модел  кој авторот го избрал како  актуелен во земјите со искусна читачка публика. Промовирање со […]

Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ добитник на „Златната тула“ на „Анимакс Скопје Фест“


Кинескиот краток филм „Момчето покрај прозорецот“ на авторот Кс Жанг е овогодинешниот добитник на „Златна тула“ на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. Германскиот автор Кристоф Бутнер ја доби втората награда за својот анимиран филм „Со негова милост“, додека „Бронзената тулa“ ја доби корејскиот филм „Куклена приказна“ на авторот Парк се Хонг. За […]

Објавено второ издание на „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски


  Издавачката куќа „Полица“ го објави второ издание на првата книга за есеистиката на Горан Стефановски – „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски. Второто издание на „Идентитетот е приказна“ се случува по само месец и половина од објавувањето на првото издание по повод 70 години од раѓањето на Горан Стефановски. – Еве, конечно, едно не […]

(Фото) „CORE ‘NGRATO” – публиката уживаше во познати оперски арии


  Во рамки на 23-тото издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2022 синоќа во фоајето на Националната опера и балет се одржа концертот „CORE ‘NGRATO” – Христо Арсовски – тенор, Јане Дунимаглоски – тенор, Ернес Ибраимовски- баритон, Андреј Наунов – пијано. Присутните уживаа во изведбите на познати оперски арии, претежно од италијански автори. На програмата […]

Во Прилеп отворена изложба со дела од меѓународната колонија „Дрен 2022“


  Во ликовната галерија од прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ синоќа е отворена заедничката изложба на уметниците кои твореа на годинашното издание на колонијата „Дрен 2022“  што се одржа од крајот на јуни и почетокот на јули во Прилеп. Изложени се околу 30 дела, слики и скулптури што ги создадоа 22-јцатауметници, учесници на Колонијата. Своите […]

„Враќање дома“: Какви новини носи театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“


  Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ е најголемата и најзначајна манифестација која, велат, го оценува мигот во кој се наоѓа македонската театарска уметност. Веќе 56 години се одржува во Прилеп. Од неодамна, Фестивалот има нов претседател на Собранието и нов уметнички директор. Од наредното 57. издание, професор д-р Ана Стојаноска и театролог, ќе се грижи […]

„Простор за разговор“ во „Мала станица“


  Во Мултимедијалниот центар „Мала станица“ вечер ќе почне првиот од серијата настани насловени „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“, во организација на Интерарт културниот центар, со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје. Како што е најавено, настанот ќе почне со танцов перформанс, кој ќе го изведат танчерите на Скопје танцов театар и подмладокот […]

Изложба на Мирослав Масин


Самостојната изложба на Мирослав Масин денеска ќе биде отворена во Галеријата „Ел Греко“. Мирослав Масин уметничката кариера ја почнува повлијаен од експресионизмот на Петар Мазев, а под менторство на Димитар Кондовски, Родољуб Анастасов и Душан Перчинков. За нив, иако различни во пристапот, тој вели дека биле одлична комбинација и рамнотежа на ред, конзистентност, слобода и ерудитство. […]

Хуманитарен концерт за деца „Карневал на животните“


  Концертот за деца „Карневал на животните“ ќе се одржи денеска во Дом на АРМ. Концертот е хуманитарен и сите средства од продажбата ќе бидат донирани во СОС Детско Село. Македонската детска публика ќе има единствена можност во живо да ја слушне фантастичната композиција „Карневалот на животните“ во изведба на виолинстката Пламенка Трајковска, а во пијано придружба […]

„Простор за разговор“- уметнички активизам за подигнување на свеста за семејното насилство


Утревечер, 26 ноември, во 19 часот, во Мала станица, ќе започне првиот од серијата настани насловени како „Простор за разговор“ или „Dancing (Talking) Table“ во организација на Интерарт културниот центар, со поддршка на Швајцарската амбасада во Скопје. Во контекст на темата, родовата еднаквост и семејно насилство, настанот ќе започне со танцов перформанс кој ќе го […]

„Пијанистика 1“ од м-р Дирона Соколовска е нова публикација со основи на музичката писменост за пијано


Новата книга „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ на м-р Дирона Соколовска неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“. Публикацијата претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко […]

„Преекспонирано“ заедно со уште пет филма забранет за јавно прикажување во Каиро


Македонскиот филм „Преекспонирано“ кој ја имаше светската премиера на Интернационалниот фестивал во Каиро бил еден од шесте филмови кој бил забранет за јавно прикажување, пишува Ал Џезеира на арапски.  Иако фестивалот тврди дека филмовите не биле цензурирани или забранети, потврдуваат дека за одредени филмови, меѓу кои и македоснкиот „Преекспонирано“ биле ставени ограничувања за влез, односно […]

„Папокот на светлината“- Венко Андоновски по 10 години се враќа на сцената со нов роман


Во издание на издавачкиот центар „ТРИ“, наскоро ќе биде објавен најновиот роман на македонскиот автор и професор Венко Андоновски – „Папокот на светлината“. Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет години по објавувањето на последниот роман „Ќерката на математичарот“ и 22 години од „Папокот на светот“, книгата што ги освои книжевните награди Роман на […]