Во Прилеп отворена изложба со дела од меѓународната колонија „Дрен 2022“


 

Во ликовната галерија од прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ синоќа е отворена заедничката изложба на уметниците кои твореа на годинашното издание на колонијата „Дрен 2022“  што се одржа од крајот на јуни и почетокот на јули во Прилеп. Изложени се околу 30 дела, слики и скулптури што ги создадоа 22-јцатауметници, учесници на Колонијата.

Своите дела од 14-тата ликовна Колонија Дрен ги изложија уметниците: Мирослав Живковиќ од Србија, Стефан Анчевски, Бане Наумоски, Росица Лазеска, Олгица Антовска, Богданка  Барутовска – Бони, Филип Јовески, Бојана А. Трпчевска,  Ибрахим Беди, Дамјан Ѓуров, Елена Ѓурова, Слободан Милошески, Филип Перески, Марјан Стојаноски,  Павлина Илијеска, Верче Николоска, Методи Исков, Александра Богоеска, Викторија Димеска, Александар Џинго, Сарита Конеска,  Славчо Павлески.

Историчарот на уметност Викторија Димеска, отворајќи ја изложбата, нагласи дека Колонијата се потврдува како школа која ги промовира најсовремените ликовни трендови.

Со континуираното организирање и остварување на меѓународната ликовна колонија Дрен 2022 се потврдува неопходноста на настан од овој вид на современата ликовна сцена. Нејзиното значење произлегува од постојната творечка потреба на уметниците за креативен развој и општествена афирмација. „Дрен 2022 ја трансцендетира сопствената автономна форма од традиционален настан и преминува во вонвременска просторна школа која ги антиципира и промовира најсовремените ликовни трендови, рече Димеска.

Во изминативе 13 години, на Колонијата се создадени над 370 дела кои се во трајно наследство на прилепскиот центар за култура и на државата.

Ликовната колонија „Дрен 2022“ се одржа со финансиска поддршка на Министерството за култура.