„Вознемирена земја“ на македонската авторка Кумјана Новакова се квалификува за „Оскар“


„Вознемирена земја“ на македонската режисерка Кумјана Новакова се квалификува за „Оскар“ во категоријата за долгометражен документарен филм. Академијата за филмски уметности и науки во САД ја објави листата на филмови кои се квалификуваа за 95-то издание на Оскарите, а гласањето започнува денеска (12 декември). „Вознемирена земја“ кој е во македонска копродукција се квалификува за „Оскар“ […]

Промоција на „Пијанистика 1“ од Дирона Соколовска на ФМУ


Книгата „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од Дирона Соколовска вечер ќе биде промовирана на Факултетот за музичка уметност – Скопје. Промоторки на книгата ќе бидат уредничката Бранка Бугариска и рецензентката Катерина Ќетковиќ-Фидановска. Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на Јована Трајчева и ученици од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ – Скопје. „Пијанистика 1“, […]

Промоција на солистичкиот албум ,,Од колено на колено“ на Александар Јовевски


Солистички албум „Од колено на колено“ на Александар Јовевски вечер ќе биде промовиран во киното „Фросина“.  На овој музички етно проект (албум) базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет.  Во состав на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструменти: кавал, тамбура, канон, има женски вокали, гудачи, гитари и е збогатено со клавијатури. На албумот  „Од колено на […]

Фотографии кои свират џез – 30 дела од богатата ризица на Оливер Белопета на изложба во МКЦ


Во присуство на бројни гости од сите сфери на живеење кај нас, кои не пропуштаат ниту еден џез фестивал во Скопје, синоќа, во галеријата на МКЦ беше отворена изложба на фотографии на Оливер Белопета насловена „Поради џезот / Because of Jazz“. Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во галеријата […]

Кој е најдобар европски филм во 2022?


Сатирата „Триаголник на тагата“ на Рубен Остлунд доминираше на 35. Европски филмски награди во Рејкјавик, Исланд, освојувајќи ги наградите за најдобар филм, режисер и сценарист, како и за најдобар актер за Златко Буриќ од Хрватска. Кога Остлунд ја зеде својата награда за најдобар режисер, ја посвети на покојната главна актерка Чарлби Дин, која ненадејно почина […]

Од Париз до Африка: Документарниот филм „Пред и после“ на Киро Урдин во Кинотека


Проекција на филмот „Пред и после“ на Киро Урдин ќе се одржи во Кинотеката на Македонија, на 15 декември, во 20 часот. Станува збор за документарен филм по режија и сценарио на Киро Урдин. Наратор е Роберт Миано од САД, музиката е на Венко и Васко Серафимови, камерата на Бранд Феро, Слаѓан Милошевски и Ан […]

Проекција на „Мирно лето“ во Кинотека како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“


Во рамките на кампањата „Да ги слушеме и гушнеме“ што се однесува на поддршка на повозрасните лица денеска во Кинотеката во Скопје ќе биде прикажан култниот македонски филм „Мирно лето“ како дел од акцијата „На кино со баба и дедо“. – „На кино со баба и дедо“ е благородна идеја помладите да ги поканат своите […]

„Поради џезот“ – изложба на фотографии на Оливер Белопета


Во галеријата на МКЦ вечерва ќе биде отворена изложба на фотографии на Оливер Белопета насловена „Поради џезот / Because of Jazz“. Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во галеријата на Цанкарјев дом во Љубљана. Станува збор за селекција од 30 дела од богатата ризница фотографии на Оливер Белопета, направени […]

„Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус вечер во НОБ


На големата сцена на Националната опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, сценограф Андреј Злобин, а зад костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. За првпат во улогите на Китри и Базил […]

Во НОБ прошетка низ меѓународната изложба „На чија страна си?


Во Националната опера и балет (НОБ) во Скопје денеска ќе се одржи прошетка низ меѓународната изложба „На чија страна си?: За неврзаната деколонијална констелација“. Водачи на турата ќе бидат Бојана Јанева од иницијативата „Најново нормално“ и Ивана Васева, ко-кураторка на изложбата. Дизајн на изложбата е на Ивана Васева и Филип Јовановски во соработка со Димитар […]

Друштвото на филмски работници на Македонија со повик за прием на нови членови


Друштвото на филмски работници на Македонија објавува повик за прием на нови членови во секциите режија, продукција, камера, сценографија, костимографија и шминка, тон и монтажа; анимиран филм, а годинава прв пат ќе биде отворена и секција за сценаристи. Кандидати за членови на ДФРМ можат да бидат младите, идни филмски работници по завршувањето на школувањето во […]

Уметничка сензација. Изложба на Филип, деветгодишното момче со аутизам


Смислата на животот е да го пронајдете својот подарок, а целта на животот е да го искористите тој подарок. Деветгодишниот – Филип Циглењак Симоновски од Скопје, сигурно не знае за таа изрека на познатиот сликар Пабло Пикасо, но – со својата детска креативност, Филип, токму преку талентот за цртање, ги проширил границите на својот свет […]

„Европа го зборува мојот мајчин јазик“, нова стихозбирка од Веле Смилевски


 „Европа го зборува мојот мајчин јазик“ е насловот на новата поетска книга на Веле Смилевски во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“ од Скопје. Стихозбирката е посветена на европските поети, добитници на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, чии опуси се објавени на македонски јазик. Покрај насловната песна, книгата ги содржи […]

„Тие не ги отвораат очите“ – мултимедијален проект-изложба на Тања Балаќ во Мала станица


Мултимедијалниот проект-изложба „Тие не ги отвораат очите“ на уметницата Тања Балаќ е поставен во Националната галерија – објект Мала станица и ќе трае до 11-ти овој месец. Проектот го опфаќа видео артот „Следната генерација“ чија анимцаија е изработена од Емил Пачковски, придружен со инсталација.   Изложбата ја отвори директорката  на Националната галерија Дита Старова Ќерими, […]

„Сами сме дома”  – новогодишна детска претстава во Дом на АРМ


Модерната, забавната и интерактивната новогодишна детска претстава „Сами сме дома“ во која глумат 70 ученици од актерската школа на Весна Петрушевска ќе се прикажува во Дом на АРМ, оваа сабота, 10ти декември, oд 12 часот која е веќе распродадена и од 14 часот за која сеуште има карти.  „Драги деца и родители повелете да ја […]

„Најцрната црна“ изложба на Мице Јанкуловски во Њујорк


  Синоќа во галеријата Артифакт (Artifact Art Gallery) во Њујорк беше отворена самостојната изложба на слики  „Најцрната црна“ на Мицко Мице Јанкуловски. На изложбата беа претставени слики од најновата продукција на уметникот кој слика со најцрната боја – карбон, откриена со помош на нано-технологија. Верен на својот уметнички стил на минимализам, модуларност, мултипликација и монохромност, Јанкуловски […]

„Поради џезот“: Изложба на фотографии на Оливер Белопета


  На 10 декември (сабота), во 19 часот во Галеријата на МКЦ ќе биде отворена изложбата на фотографии на Оливер Белопета „Поради џезот / Because of Jazz“. Оваа изложба, под кураторство на Жига Коритник, беше поставена во 2017 година, во Галеријата на Цанкарјев дом во Љубљана. Станува збор за селекција од 30 дела од богатата […]

Музиката на Дуке Бојаџиев од „Шеќерни луѓе“ наградена на „Chicago Shorts“


Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција“ е награден со уште една награда на фестивалот за краткометражни филмови „Chicago Shorts“, во САД за најдобра музика во краток филм. Музиката компонирана за филмот е на Дуке Бојаџиев. Инаку, ова е седма награда за филмот „Шеќерни луѓе“. Претходно филмот ги […]

„Азбука за непослушните” на Венко Андоновски по втор пат објавена на руски jазик


„Азбука за непослушните” на Венко Андоновски по втор пат се објавува на руски jазик, но овоj пат придружена е со изворниот македонски текст. Во годината на своето 100-годишно постоење Серуската државна библиотека за странска литература „Рудомино” го почна долгорочниот проект „Светска билингвална библиотека на современата литература”. При избор на делата за објавување во оваа едициjа […]

Изложба на Владимир Георгиевски во Музеј на Град Скопје


  Во Музеј на Град Скопје денеска ќе биде свечено отворена изложба на дела од еден од најзначајните македонски ликовни уметници – Владимир Георгиевски (1942-2017). – Делата на Владимир Георгиевски ќе бидат поставени во целиот расположив галериски простор на Музејот. Изложбата се состои од стотина дела на уметникот работени во ликовните техники масло на платно, […]