Промоција на солистичкиот албум ,,Од колено на колено“ на Александар Јовевски


Солистички албум „Од колено на колено“ на Александар Јовевски вечер ќе биде промовиран во киното „Фросина“.  На овој музички етно проект (албум) базата е македонскиот фолклор, традиција и идентитет. 

Во состав на проектот има повеќе професионални музичари и се застапени народните инструментикавал, тамбура, канон, има женски вокалигудачи, гитари и е збогатено со клавијатури.

На албумот  „Од колено на колено“ се застапени четири обработки на стари македонски изворни песни како што се „Бај Никола“, „Изникнало криво крувче“, „Сношти го видов мамо мори убавото Стојне“, „Ајде мала Стана болна лега“. Има и авторска музика, шест авторски композиции творени во духот на македонската традиција, но со нов музички израз: „Tамбурски вез“, „Кавал гали“, „Игра на инструментите“, „Длабочина“, „ЈовАнина“ и „Александров танц“.

Александар Јовевски е музички лидер на етно составот „Монистра“ и е дел од речиси сите етно проекти во државата. 

-Со овој мој нов проект „Од колено на колено“ сакам да придонесам со уште еден квалитетен музички бисер и музички материјал за претставување на нашата македонска песна и оро во државата, но и надвор од неа и претставување на народните инструменти кавал, тамбура, канон, изјави Александар Јовевски.