Свеченото отварање на 62. Охридско лето во знакот на италијански тенори


Четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет,  ќе го отворат 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид . Ова денеска на прес-конференција  го …

Свеченото отварање на 62. Охридско лето во знакот на италијански тенори Read More »

Јана Манева-Чупоска нов претседател на ДЛУМ


Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска е нов претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), избрана на вонредното годишно собрание што се одржа во саботата. Со ДЛУМ ќе раководи во наредните четири години.   Манева-Чупоска во 1996 година дипломирала сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло …

Јана Манева-Чупоска нов претседател на ДЛУМ Read More »

Продолжува изградбата на Турскиот театар во Скопје- на ред се термо фасадата и целосната стаклена фасада


Продолжува реализацијата на проектот за изградба на објект наменет за НУ Турски Театар во Скопје, во близина на Железничката станица, за кој во 2022 година обезбедени се средства во износ од  100 000 000,00 денари.  Овој проект се реализира преку НУ Турски Театар како Инвеститор, соопштија од Министерството за култура. За 2022 година се планира …

Продолжува изградбата на Турскиот театар во Скопје- на ред се термо фасадата и целосната стаклена фасада Read More »

Најмладата македонска поетска генерација во престижното грчко списание „Тефлон“


Престижното грчко списание за книжевност „Тефлон“ својот последен број и ја посвети на најмладата македонска генерација поети и поетеси родени во 90-тите години на 20-тиот век. Во избор и со воведен текст на Лидија Димковска, во списанието со повеќе песни се претставени Ива Дамјановски, Андреј Ал-Асади, Ивана Јовановска, Диме Данов и Исток Ј. Улчар. Преводот …

Најмладата македонска поетска генерација во престижното грчко списание „Тефлон“ Read More »

Објавена поетската збирка „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска


Во издание на издавачката куќа ВИГ „Зеница“, излезе од печат најновата поетска збирка „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска. Книгата содржи 85 песни поделени во 10 циклуси. Рецензент на изданието е Ферид Мухиќ Спасовска поетски ја толкува величественоста на љубовта, копнежот и смртта, како најзначајни феномени и клучни координати на човечкиот живот. Сузана В. …

Објавена поетската збирка „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска Read More »

Детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ во МКЦ


Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. Во рамки на фестивалот децата ќе имаат можност да погледнат меѓународни претстави со сенки. Како што е најавено, фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче …

Детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ во МКЦ Read More »

Последна вечер на „Оффест“


Четвртата, завршна, вечер на OFFest 2022 (1-4 јуни) е пред нас. Величенствената моќ и уникатната шареноликост во изразот на италијанската пејачка MARIA MAZZOTTA ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено’ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова богато музичко наследство …

Последна вечер на „Оффест“ Read More »

Во Прилеп свечено е отворен 56. МТФ „Војдан Чернодрински“


Со доделувањето на наградите за животно дело на актерката Бедија Беговска, доајен на Tурскиот театар и на драмскиот писател Русомир Богдановски и со првата претстава во конкуренција „Народен непријател“ на МНТ, синоќа во Прилеп свечено беше отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. При свеченото отворање Катарина Коцевска Хаџивасилева, директорка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан …

Во Прилеп свечено е отворен 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ Read More »

Тропски шмек на третата вечер од 21. „Oффест“


Третата вечер на OFFest (1-4 јуни), ќе ја одбележат три настани: проекција на документарниот филм “THE RUMBA KINGS” (20:00), потоа концертен настап на колумбиските тропски велемајстори LOS PIRAÑAS (22:00), како и ди-џеј сет на Mario Galeano попознат како FRENTE CUMBIERO (24:00). Целата програма ќе се одвива во МКЦ (Кино Фросина, Дансинг сала и Кафе МКЦ). Документарниот филм “THE RUMBA KINGS” (2021) на режисерот Алан …

Тропски шмек на третата вечер од 21. „Oффест“ Read More »

Промоција на Романот на годината за 2021 во Кавадарци


Во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска ќе биде промовирана книгата „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, добитник на наградата Роман на годината за 2021, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. За наградениот роман ќе зборуваат промоторката Ноне Ноциќ, претседателот на Фондацијата …

Промоција на Романот на годината за 2021 во Кавадарци Read More »

Со „Народен непријател“ на МНТ почнува 56. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“


Со претставата во конкуренција за награди „Народен непријател“ на МНТ и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп свечено ќе биде отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. По корона кризата, Фестивалот го прескокна јубилејното 55-то издание во 2020 година, а лани се одржа во октомври. Најреномираната манифестација за продукцијата на македонските …

Со „Народен непријател“ на МНТ почнува 56. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ Read More »

Почнува „Скопски Брас Фестивал“


Од денеска во просториите на Филхармонија почнува „Скопски Брас Фестивал“, и ќе трае до 5 јуни. Фестивалот ќе го отвори камерниот оркестар „Les étoiles“. Диригент е Ана Спасовска, а солисти се Марио Јанковиќ и Стефан Илиев. Утре, како што информираат од организаторите, публиката ќе има можност да го слушне унгарскиот тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од …

Почнува „Скопски Брас Фестивал“ Read More »

Во Србија објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли


Во издание на српската издавачка куќа „Агора“ од Нови Сад, објавен е романот „Бродот. Конзархија“ на македонскиот писател Томислав Османли. Романот му припаѓа на жанрот негативна утопија, а неговото дејствие се случува во 2039 година. „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ е роман во кој авторот ги слика својствата на новото прагматично време исполнето со симулакруми, …

Во Србија објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли Read More »

„Бистра вода“ – нова серија во македонска продукција


Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон  во Горно Нерези денеска почна снимањето на „Бистра вода“ – новата серија во македонска продукција. Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи. Ова е првата серија по подолго време во земјава во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма. Актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од …

„Бистра вода“ – нова серија во македонска продукција Read More »

Втора вечер на 21. „Оффест“


По синоќешното волшебно отворање на 21. издание на OFFest (1-4 јуни), со извонредните настапи на  домашните Perija и Dobrila & Dorian Duo, нашиот најголем и најзначаен  фестивал на музика на светот продолжува натаму. Втората вечер на OFFest 2022 е резервирана за мајсторството во изведбата на африканската кора што ќе го сподели виртуозниот инструменталист BALLAKE SISSOKO од Мали, како и за рафинираниот пост-тропикализмичен и боса-нова …

Втора вечер на 21. „Оффест“ Read More »

Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ вечерва во Куманово


Во Центарот за култура „Tрајко Прокопиев“ – Куманово, вечерва  ќе се одржи Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ 2022. Како што информираат организаторите, во рамки на четвртото издание на фестивалот, организиран од фото-кино клуб „Козјак“ – Куманово, во два 90-минутни блока (со пауза од 20 минути помеѓу) ќе бидат прикажани 11 филмови. – Наградени филмови се …

Фестивалот на краток филм „ФИЛМАЈ“ вечерва во Куманово Read More »

„Младите доаѓаат“ – концерт на учениците од државните музички училишта


Оркестарот на Филхармонија вечерва од 20 часот ќе го одржи концертот насловен „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. Како што информираат од Македонската филхармонија, диригент е Дијана Илкоска Имери, а на програмата се дела од А.Крепин, В.Пихл, Ф.А.Хофмајстер, В.А.Моцарт, Џ.Росини, Х.Виењавски, Д,Мијо, Е.Лало и С.Прокофјев. – Како солисти ќе настапат …

„Младите доаѓаат“ – концерт на учениците од државните музички училишта Read More »

Со изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ почнува Викендот на Гордоста – Скопје 2022


Со изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ вечерва во Музејот на современа уметност почнува Викендот на гордоста – Скопје 2022. Како што информираат од Коалицијата „Маргини“, јубилејниот десетти по ред Викенд на гордоста – Скопје, оваа година ќе се одржува во два дела, од 2 до 11 јуни и од 15 …

Со изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ почнува Викендот на Гордоста – Скопје 2022 Read More »

Започна Фестивалот на Југоисточна Европа 2022, во селекција и македонските филмови


Од денеска почнува онлајн издание на Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа и ќе трае до 6 јуни. На Фестивалот ќе се презентираат најдобрите остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон. Фестивалот се организира во соработка со универзитетите Еуропа Прима од Скопје, ИНАЛКО од Париз, Хумболд од Берлин и American …

Започна Фестивалот на Југоисточна Европа 2022, во селекција и македонските филмови Read More »

Македонски филмови снимени лани дел од четвртото издание на „Златна рамка“


Во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ), од 9 до 12 јуни ќе се одржи четвртото издание на „Златна рамка“ – филмската ревија на македонската продукција. Поточно, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар, ќе бидат прикажани филмови од најновата македонска долгометражна, документарна и краткометражна филмска продукција, реализирани минатата година со поддршка …

Македонски филмови снимени лани дел од четвртото издание на „Златна рамка“ Read More »