„Бедем“- концерт на Филхармонија со виолинистката Леиа Зу


Оркестарот на Филхармонија, на 9 март, во 20 часот, ќе го одржи концертот насловен „Бедем“ на кој како солистка ќе настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу (Кина/Англија). Диригентка е Ребека Тонг (Индонезија/САД), а на програмата се Концертот за виолина и оркестар во Де-дур и Симфонијата бр. 7 во А-дур […]

Битолскиот суд забрани ископ од концесионерот на локалитетот Влахо во Новаци


На денешната прес-конференција, министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска се осврна на теми што предизвикаа интерес во јавноста, а се од областа на заштитата на културното наследство, како и на актуелните случувања во Охридскиот Регион. Поради актуелноста на некои од прашањата, Костадиновска-Стојчевска одржа и седници со Националната комисија на УНЕСКО и со Националниот совет за културно […]

Британскиот архитект Дејвид Чиперфилд е годинешен лауреат на Прицкеровата награда


Славниот британски архитект, Сер Дејвид Чиперфилд (1953),  е годинешниот лауреат на  Прицкеровата награда.  Во образложението на наградата, која се смета за најзначајна во областа на архитектурата на меѓународно ниво, се вели дека жирито, меѓу другото, му доделило и затоа што ја препознало исклучителноста на неговото општествено присуство, покрај фактот дека тој „се држеше настрана од […]

(Видео) Прес- конференција за актуелните случувања во Охридскиот регион и уништувањето на археолошките локалитети


Проследете ја прес-конференцијата на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска за актуелните случувања во Охридскиот регион и уништувањето на археолошките локалитети.

Концерт место цвеќе: Дамите уживаа во поп-класичната музика на триото „Џентлемен“ во Охрид


Бројна публика меѓу која преовладуваа припадничките на понежниот пол синоќа го проследи концертот на триото „Џентлмен“ што се одржа во црквата „Света Софија“ во организација на НУ „Охридско лето“. Триото „Џентлмен“ е формирано по урнекот на светските поп-класични состави од професионалните оперски пејачи, тенорите Дејан Стоев и Јане Дунимагловски и баритонот  Кристијан Антовски. На нивниот […]

Крлежа и крлежијанството како институција


Како појавата на романот на Добрица Ќосиќ „Далеку е сонцето“ требаше да биде пандан на огромниот опус на Мирослав Крлежа. Романот на Ќосиќ беше производ и на тимска работа Како ориентација во интелектуалната елита, особено кај левоориентираната интелигенција, крлежијанството се појавува во првата Југославија. Се заснова на литературното дело на Крлежа и погледите на уметноста. […]

Оперската дива Пендачанска на осмомартовски концерт во НОБ


На сцената на Националната опера и балет, вечер со почеток во 20:00 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран. На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски(баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Диригент на […]

Mузејски тури со кустос-водич за изложбата на Лубарда во МСУ


Поради големиот интерес за новоотворената изложба на дела од уметникот од светски ранг Петар Лубарда на 11, 18 и 25 март од 13 до 14 часот, МСУ – Скопје ќе организира музејски тури со нашиот кустос – водич, Бојана Јанева, информираат од МСУ. „Сите кои сакаат одблиску да го запознаат ликот и делото на Лубарда […]

Дела од Мартиновски, Пандилов, Перчинков, Владимирски… ќе бидат изложени во Кунстхале, Виена


Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за култура за претставувањето на колекција на Музејот на современа уметност – Скопје, во Кунстхале – Виена. Посетителите во Виена, според образложението од Министерството за култура, ќе може да видат 94 дела од колекцијата на НУ Музеј на современа уметност, меѓу кои дела на […]

Софиската филхармонија гостува во Скопје – од Шостакович до Мориконе


В сабота, на 11 март, во 20 часот во салата на Филхармонија ќе се одржи концертот „Новата класика“ на Софиската филхармонија и Националниот хор. Диригент на концертот е Најден Тодоров, а на програмата ќе бидат изведени дела од Димитриј Шостакович, Џон Вилијамс, Енио Мориконе и други. Специјален гостин на концертот ќе биде македонскиот обоист Владимир […]

Светска премиера на „Бизнисот на задоволството“ на „Палм Бич“ во Флорида


  Дебитантскиот долгометражен игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски во април ќе ја доживее својата светска премиера на престижниот „Palm Beach International Film Festival“   во Флорида, САД. Фестивалот важи за еден од најдобрите 25 фестивали за независен филм во светот.   Ситните песочни плажи, луксузните вили и богатиот ноќен живот кои се дел […]

Од Мазев до Петлевски – изложба „Париски рефлексии 2“ по повод месецот на Франкофонијата


  Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на активностите по повод месецот на Франкофонијата, со особено задоволство го најавува второто продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии“, чие отворање ќе се одржи в четврток, 9 март 2023, во 12 часот, во Чифте амам. Изложбата, која го носи предзнакот 2, ги претставува делата на […]

Изложба „Реминисценции“ на Марјан Ѕингаров во КИЦ на РСМ во Софија


Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија (КИЦ) денеска во 18 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата, како што најавија од Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија, авторот го претставува својот последен циклус од […]

Изложба „Мајчиство“ во рамки на програмата по повод 75 години Национална галерија


Националната галерија ја најави годишната програма по повод одбележувањето на 75 годишнината од нејзиното постоење. Програмата ќе започне со изложба по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март. Изложбата која е насловена „Мајчинство” – дела од колекцијата на Националната галерија, ќе биде поставена вечерва во 19 часот во просторот на Чифте амам. -Месец март […]

„Живот поминат низ  премрежја…“ – промоција на книга на Емине Адеми на 8 Март


Емине Адеми (Охрид, 1934), истакната новинарка во пензија, која и на 88 години е многу активна на полето на образованието, медиумите, политиката и невладините организации, со 30-годишна кариера во Турската програма на радио Скопје, в среда (8 март) во Бизнис центарот на Халк банка, во 11 часот, ќе ја промовира книгата  „Живот поминат низ  премрежја […]

„Глумците пеат“ се враќа на 20 април во НОБ


Шоуто „Глумците пеат“ се враќа на сцена, соопшти на социјалните мрежи Маја Бабиќ, ќерка на неодамна починатиот актер Марин Бабиќ, кој беше идеен творец на манифестацијата. „Никогаш не ми било потешко да напишам статус и да ги одделам емоциите од работата. Ни остави аманет и знаевме дека мора да го исполниме. Затоа што ТОЈ толку […]

„Филтер лабел“ ја објави музиката од филмот „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски


„Филтер лабел“ продолжува со објавување изданија од серијалот филмска и театарска музика создадена од еден од нашите најплодни и меѓународно најуспешни современи композитори, Кирил Џајковски. Од денеска, на сите дигитални сервиси е достапен албумот со оригиналната музика за филмот „Балканот не е мртов“ на Александар Поповски. Креативното партнерство на режисерот Поповски и композиторот Џајковски е […]

„Читај ја Македонија!” – Олга Панкина со „женска“ литературна вечер во Москва


Олга Панкина, претседател на невладината организација „Македонски културен центар” во Москва, вчера во Библиотеката „А.Н. Толстој” во главниот град на Русија, организира литературната средба во рамките на неjзиниот проект „Читај ја Македонија!” коj успешно го реализира од 2014 година. Првиот дел на литературната средба, како што информира Панкина, му беше посветен на современото женско писмо […]

„Андреграунд“ на Кустурица во пет најдобри воени филмови од 90-тите


Филмот „Андреграунд“ на Емир Кустурица од 1995 година се најде на петтото место меѓу најдобрите воени филмови од деведесеттите, според познатиот американски портал „Мувивеб“, специјализиран за критики и преглед на достигнувањата на седмата уметност. Приказната инспирирана од драмата на Душан Ковачевиќ се најде во друштво на на филмовите „Сталинград“, „Тенката црвена линија“, „Животот е убав“, […]

„Пејзаж на вознемиреност“ – изложба во МСУ


Изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“ се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици и ќе се отвори на 9 март, во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје. Пејзажот на вознемиреност се однесува на промените во животната средина, кои генерираат ургентни состојби […]