Настасја Кински во Белград прими награда за придонес во филмската уметност


Србија– Германската актерка Настасја Кински ( 62) во Белград ја прими наградата „Златен печат“ на Југословенската кинотека за исклучителен придонес во филмската уметност. Вредното признание на актерката и го додели директорот на киното Југослав Пантелиќ, кое беше проследено со овации од публиката во салата „Макавејев“. Настасја Кински истакна дека многу и значи признанието на Југословенската […]

Музеите ја ажурираат националноста на Казимир Малевич


Музеи на современата уметност во светот ја „ажурираат“ националноста на водечкиот апстрактен сликар на 20. век Казимир Малевич, пишува Артњуз. Казимир Малевич, водечка фигура во Супрематистичкото уметничко движење, досега беше опишуван како руски уметник, но бидејќи е роден во Киев, Украина, во семејство на украински Полјаци, тој сега се класификува како украински уметник. Малевич е роден во Киев во 1879 […]

Месецот на Франкофонијата започна со гала прикажување на филмот „Со полно работно време”


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Северна Македонија, вечерва со гала прикажување на францускиот филм „Со полно работно време” го започнаа месецот на Франкофонијата. Амбасадорот на Франција во Скопје, Сирил Бомгартнер, кој имаше обраќање пред започнувањето на филмот рече дека Франкофонијата освен што е јазик, исто така е и една организација во […]

Драма од Гоце Ристовски објавена во Турција


ОЈЧЕД (Oyun Yazarlan ye cevirmenleri Dernegi), Здружение на драматурзи и преведувачи од Република Турција, го објави драмскиот текст со наслов „9 – божествена трагедија“ од македонскиот писател Гоце Ристовски во превод на турски јазик на Зејнеп Кајмас, а во рамките на проект подржан од Европската Унија и во соработка со здружението Kalem Milt&, READ Regional […]

Оперската дива од Бугарија Пендачанска на осмомартовски концерт во НОБ


На сцената на Националната опера и балет на 8 март во 20 часот ќе се одржи Гала оперски концерт на светски познатата оперска дива од Бугарија, Александрина Пендачанска, сопран. На концертот ќе настапат и солистите: Ралица Богданова (сопран), Зоран Сотиров (тенор), Марјан Јованоски(баритон ) во придружба на оркестарот на Националната опера и балет. Диригент на […]

Распродадени сите проекци на „Кајмак“ на белградски ФЕСТ


Сите проекции на филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски на белградски ФЕСТ се распродадени во рекорден рок. Првата проекција е вечерва на 3 март. Ова е засега единствен филм на овој реномиран фестивал за кој се распродадени сите билети.  Сите филмови на Манчевски се прикажани на ФЕСТ („Мајки“ е добитник на награда на ФЕСТ), а белградската […]

„Мајчинство“ – Национална галерија ја слави жената со изложба во Чифте амам


На самиот почеток од 20 век, интензивните социјалистички движења меѓу останатото ја поддржуваа борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Повеќе од половина век борба за родова еднаквост ја произведе Одлуката на Обединетите нации од 1975 година, 8 март да биде прогласен за Меѓународен ден на жената. Меѓународниот ден на жената – светскиот празник 8 Март оттогаш […]

„Музика која ги отвора ушите и срцата“: Македонисимо на Трпчески ја покори Виена


„Музика која ги отвора ушите и срцата“, вака беше најавен синоќешиот голем настан за македонската музичка уметност: светската премиера на оркестарската верзија на музичкиот проект Македонисимо на Симон Трпчески и пријателите, во најпрестижната светска концертна сала Музикферајн во Виена, заедно со австрискиот Тонкунстлер оркестар и диригентот Јутака Садо од Јапонија. Настан на кој беше привилегија […]

Десет романи во трка за „Роман на годината“


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2022 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вреднисти „Славко Јаневски“, во состав: Симона Јованоска (минатогодишен лауреатка и претседателка на Комисијата), Гоце Ристовски, Илир Ајдини, Сашо Кокаланов и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“), во втората селекција одбра десет романи што останаа во […]

„Книжевноста како браник на слободата“- британската и македонската култура со прва дебата


Платформата за креативен дијалог и критичко размислување „КНИЖЕВНИ РЕФЛЕКСИИ“ ја започна својата мисија за поврзување на британската и македонската книжевност и култура со првата дебата на тема „Книжевноста како браник на слободата“ која се одржа во Институтот за македонска литература во соработка со Британската амбасада во Скопје. Авторката и раководителка на проектот, Ана Јовковска, вели […]

„Бистра вода“ прва домашна серија на новата платформа за македонска продукција „Кинемое“


Првичните реакции за македонската серија „Бистра вода“ се позитивни и оние кои ја погледнале првата епизода, со нетрпение ги очекуваат останатите 17. Ова беше кажано на денешната прес-конференција во Скопје, на која беше промовирана новата платформа за македонска продукција „Кинемое“, каде прва ексклузивна содржина ќе биде токму серијата „Бистра вода“. Продуцентот, сценарист и режисер Јани […]

Во Скопје отворена ликовна изложба по повод Националниот празник на Бугарија


По повод Националниот празник на Бугарија – 3 Март, денеска во галеријата на Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје беше отворена изложба под наслов „Дипломатија и уметност“, која содржи слики од ликовниот фонд на Министерството за надворешни работи на Бугарија. На изложбата се претставени 22 слики на бугарски уметници од минатиот век, кои продолжија достигнувањата во областа на […]

Што кажаа министерките за култура на отворањето на изложбата на Лубарда во Скопје?


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и нејзината колешка, црногорската министерка за култура и медиуми, Маша Влаовиќ, синоќа во Музејот на современата уметност свечено ја отворија изложбата на дела од еден од најголемите уметници на 20 век, Петар Лубарда. Во присуство на голем број гости од јавниот и од политичкиот живот во земјава, министерката Костадиновска-Стојчевска рече […]

Великанот на четката Петар Лубарда ја собра елитата во МСУ: Црногорскиот пејсаж и историските теми нѐ маѓепсаа (галерија)


Во годината кога се одбележуваат 60 години од скопскиот земјотрес, Скопје доби најскапоцен сликарски опус „завиткан“ во „експресивниот фигуративен стил, кој се граничи со асоцијативна апстракција“,  кој му донесе широко меѓународно признание на Петар Лубарда, еден од најистакнатите сликари на територијата на поранешна Југославија од втората половина на 20 век. Високите гости од Црна Гора, […]

Режисерот Морфов доби отказ од Народниот театар во Софија, интелектуалците потпишуваат петиција за оставка на директорот


Театарскиот режисер Александар Морфов, кој неодамна се судри со директорот на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија, Васил Василев, околу забраната за македонската актерка Билјана Драгичевиќ-Пројковска да гостува во претставата „Животот е убав“, добил отказ! Линк до целиот текст тука

Костадиновска-Стојчевска – Влаовиќ: Новите иницијативи на Балканот, се нови можности и за посилна културна соработка со Црна Гора


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Maша Влаовиќ, на која се разговараше за досегашната и за идната соработка во областа на културата меѓу двете земји, како и за одличните релации во рамките на регионалната соработка. Костадиновска-Стојчевска и Влаовиќ се согласија дека […]

Коцерт на „40 Fingers“ на 7 април во Македонска Филхармонија


Во Македонската Филхармонија на 7 април ќе се одржи концерт на италијанскиот квартет на акустични гитари „40 Fingers“, во кој членуваат италијанските гитаристи Matteo Brenci, Emanuele Grafitti, Andrea Vittori i Marco Steffi. Станува збор за четворица музичари, со сосема различни музички приказни кои преку т.н. техника „fingerpicking“ на акустични гитари, истражуваат нови звучни универзуми, изведувајќи широк репертоар […]

„Со полно работно време“ – oтворање на месецот на Франкофонијата со гала филмска вечер и филмска проекција


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција во Македонија, со поддршка на спонзори и МКЦ, по повод отворање на месецот на Франкофонијата, организираат гала филмска вечер со проекција на филмот „Со полно работно време“. Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, 3 март 2023, во 20 часот, во кино „Милениум“ (ГТЦ, 1 кат). Настанот ќе го […]

Татјана Цибуљак: Во „Градина од стакло“ правам паралела помеѓу созревањето на личноста и создавањето на една независна држава


Романот „Градина од стакло“ од романската писателка Татјана Цибуљак, кој е еден од насловите во новата едиција „Порта Европа“ на издавачката куќа „Арс Ламина“, беше претставен синоќа (28 февруари). На онлајн-промоцијата, покрај авторката Цибуљак, се вклучија и уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и Ермис Лафазановски, кој ја преведе книгата од романски јазик. Тој помогна и […]

Трио „Џентлемен“ со концерт по повод 8 март во црквата „Света Софија“ во Охрид 


По повод 8 март, Денот на жената, во организација на НУ „Охридско лето“ ќе се одржи концерт на популарното Трио „Џентлмен“,  музички состав од тројца професионални оперски пејачи, Дејан Стоев-тенор, Кристијан Антовски-баритон и Јане Дунимаглоски-тенор кои имаат посебна специфика во нивната изведба како модерна уметничко- сценска атракција. Концертот, кој ќе се одржи на 7 март […]