„Моќта на восокот“ – самостојна изложба на Јорданка Мирковска


 Во галерија „КО-РА“ вечер од 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Јорданка Мирковска насловена „Моќта на восокот“.

Од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје информираат дека делата на Мирковска побудуваат интерес  со специфичноста на усвоената техника енкаустика, како и со специфичноста на изразот и на фантазијата.

-Јорданка Мирковска  со своите  истражувања на ликовноста, и можните изрази и техники особено остава впечаток  во творењето  во техниката енкаустика, како малку позната и ретко застапена техника, но која ја бранува нејзината фантазија, претставена во портретно сликарство, пејзажи, мртва природа, како и фрагменти на  природата – лисје, цвеќе, гранки преточени во стилизирани  апстрактни мотиви, наведува Виолета Калиќ, историчар на уметноста,  во освртот кон изложбата. 

Јорданка Мирковска (Ресен, 1954) дипломирала на  Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Интерес за уметноста пројавила од најрана возраст и целосно и се посветила по пензионирањето.