Ангела Петрушевска најдобар млад автор на стрип натпреварот во Ваљево, Србија


– Ангела Петрушевска средношколка од Скопје во категорија најдобри стрип автори до 18 години го освои првото место на 6. Ваљевски стрип фестивал во соседна Србија, кој беше отворен синоќа.  Ангела Петрушевска ученичка во ДСУЛУД „Лазар Личеноски “ од Скопје. Организатор на фестивалот  е Арт групата АКТ во соработка со Центарот за култура од овој град …

Ангела Петрушевска најдобар млад автор на стрип натпреварот во Ваљево, Србија Read More »

Почина актерот Трајче Ѓоргиев


Почина актерот и основач на Меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар (ПАНФИЗ), Трајче Ѓоргиев. Ѓоргиев дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на отсекот за актерска игра. Бил дел од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989). Во 2005 година ја режира и игра во …

Почина актерот Трајче Ѓоргиев Read More »

Јане Теохаревски гостин на Градот на европската култура за 2023 година – Темишвар


Историчарот на уметност, куратор и новинар од Скопје, Jане Теохаревски, гостуваше во програмата на Градот на европската култура за 2023 година – Темишвар, со неговиот проект „Без омраза и без граници“. Како што информираат од Амбасадата на Северна Македонија во Романија, станува збор за мошне оригинален проект, еден вид акционизам, којшто минатата недела, односно последната …

Јане Теохаревски гостин на Градот на европската култура за 2023 година – Темишвар Read More »

Филхармоничарите со црвени ленти и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат”


Музичарите од оркестарот на Македонската филхармонија и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат” носеа црвени ленти во форма на музички снижувалки поради штетната одлука која ја донесе Министерството за култура. – Нашиот протест продолжува се до конечната промена на оваа одлука. Ви благодариме на разбирањето и поддршката – истакна концерт мајсторот Владимир Костов, пред почетокот на …

Филхармоничарите со црвени ленти и на синоќешниот концерт “Младите доаѓаат” Read More »

„Се е филм, во множина“: Почнува 13-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал


Во Кинотека денеска почнува главната програма на 13-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал што се одржува под мотото „Се е филм, во множина“. Фестивалот, што ќе трае до 9 јуни и на кој ќе бидат претставени 40-тина филмови, во својот фокус го има творештвото на филмскиот великан Жан-Лик Годар. Филозофскиот филмски фестивал е единствениот филмски …

„Се е филм, во множина“: Почнува 13-тото издание на Филозофскиот филмски фестивал Read More »

 Грижата, односот и љубовта кон културата ја градиме од најмала возраст


 Насмевки кај публиката предизвика специјалната изведба на „Волшебникот од Оз“ по повод започнувањето на Меѓународниот ден на детето што се одбележа во организација на Министерството за култура во соработка со училиштето за театар „Од игра до претстава“, на Школка во Градскиот парк. „Од најрана возраст ги учиме децата да го посетуваат театарот, а со тоа градиме генерација која …

 Грижата, односот и љубовта кон културата ја градиме од најмала возраст Read More »

„На врв на јазикот“ – промоција на новата стихозбирка на Катица Ќулавкова 


Новата стихозбирка на академик Катица Ќулавкова, „На врв на јазикот“, ќе биде промовирана на 6 јуни (вторник), во 19 часот, во Галеријата на МКЦ во Скопје. Промотор на книгата ќе биде проф. д-р Наташа Аврамовска, а модератор уредничката Оливера Ќорвезироска. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, содржи …

„На врв на јазикот“ – промоција на новата стихозбирка на Катица Ќулавкова  Read More »

Почнува Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа


Од денеска до 6 јуни ќе се одржи Фестивалот на кинематографиите на земјите на Југоисточна Европа SEE FF Paris-Berlin-Washington 2023. Традиционално, како и секоја година, на фестивалот се презентираат остварувања од регионот во европските престолнини Париз и Берлин и во Вашингтон, САД. Во селекцијата на играни филмови е и македонскиот филм „Кино Љубов“ од Јани …

Почнува Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа Read More »

Гала вечер во „Милениум“: Скопјани го видоа најдобриот француски филм за 2023


Во кино „Милениум“ синоќа се одржа гала премиера на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“. Настанот го организираа Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Младинскиот културен центар.  Филмот, добитник на шест награди „Цезар“ 2023, е во режија на Доминик Мол, а главните улоги ги толкуваат Бастиен Бујон, Були …

Гала вечер во „Милениум“: Скопјани го видоа најдобриот француски филм за 2023 Read More »

„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го изведе концертот насловен „Младите доаѓаат“ со ученици од средните музички училишта во Македонија. Диригент на концертот е Иван Еминовиќ, а на програмата се дела од Моцарт, Берио, Вебер. Лехар, Сибелиус, Григ и Равел. Од Филхармонија информираат дека како солисти ќе настапат Јана Стоилевска (соло пеење, III средно, ДМБУЦ „Илија …

„Младите доаѓаат“ – концерт во Филхармонија Read More »

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу кумановскиот и театарот од Плевен, Бугарија


Директорите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ и на драматично-куклениот театар „Иван Радоев“ од Плевен Бугарија, Сашо Тодоровски и Димитар Кабаков, Денеска потпишаа меморандум за соработка помеѓу двата театри. – Се надеваме дека во периодот што следува ќе имаме плодна соработка со овој театар и сигурен сум дека ќе реализираме заеднички претстави во кои би играле актери …

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу кумановскиот и театарот од Плевен, Бугарија Read More »

Премиера на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“, добитник на шест „Цезари“


 Гала филмска вечер со премиерата на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“, ќе се одржи вечер во 20 часот во кино Милениум во организација на Амбасадата на Франција во Северна Македонија и Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Младинскиот културен центар.  Настанот ќе го отвори францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, и Данела Арсовска, градоначалничка на Скопје. …

Премиера на францускиот филм „Ноќта на 12-ти“, добитник на шест „Цезари“ Read More »

Министерството за култура започна со реконструкција на спомениците од НОБ, првиот е во Штип


Министерството за култура, преку надлежните заводи и музеи, започна со реконструкција и санација на сите споменици и спомен-обележја од Народно-ослободителната борба, на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани коишто се случиле во НОБ и се сведоштво за непокорот и борбата за слобода. Како проект на …

Министерството за култура започна со реконструкција на спомениците од НОБ, првиот е во Штип Read More »

Објавен е Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2023


НУМ „Струшки вечери на поезијата“ го објави КОНКУРСОТ за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија, објавена на македонски јазик во периодот од 1 Јуни 2022 година до 31 Мај 2023 година. Наградата „Браќа Миладиновци“ се доделува за поетска книга напишана и објавена на македонски јазик (во книжен или …

Објавен е Конкурсот за наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП за 2023 Read More »

Прилеп е подготвен да го врати театарот дома на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“


Десет претстави во официјалната програма, пет во независната, тркалезни маси, програма за деца, автор во фокус – ова е дел од програмата на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се случува од 9 до 16 јуни во Прилеп. Отворањето на фестивалот кое годинава е под мотото „Враќање дома“, ќе биде организирано на платото пред Центарот …

Прилеп е подготвен да го врати театарот дома на 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ Read More »

Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2023 година


Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2023 година. Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.  Конкурсот ќе …

Објавен е конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2023 година Read More »

Далматински мелос во Битола по повод Денот на државноста на Хрватска


Препознатливиот далматински мелос, во Битола ќе го донесе далматинската машка клапа „Жрновница“,  а по повод Денот на државноста на Хрватска. Оваа манифестација веќе традиционално е во организација на  Хрватскиот културен центар  и Македонско -хрватското друштво „Марко Марулиќ“ – Битола, а оваа година во соработка со КИЦ-Офицерскиот дом. Клапатa „Жрновница“ доаѓа од истоименото место, предградие на …

Далматински мелос во Битола по повод Денот на државноста на Хрватска Read More »

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура


Денеска во 14 часот, вработените во Филхармонија ќе одржат протест пред Министерството за култура кое веќе доби црвен картон на последниот концерт од официјалниот дел од концертната сезона „Дамар на слободата“, кој се одржа во петокот на сцената на НОБ, во рамки на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Нашите протести продолжуваат се до конечната промена на …

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура Read More »

„Мал битолски Монмартр“ и годинава со финансиска поддршка од Комерцијална банка


Вредните детски рачиња повторно творат во Битола. „Малиот битолски Монмартр“ годинава собра 120 млади ликовни уметници од целиот свет, а Комерцијална банка со гордост ја продолжи финансиската поддршка на оваа манифестација со светска слава. Детскиот ликовен фестивал „Мал битолски Монмартр“ годинава одбележува 42 години постоење и уметничко творештво од светски ранг. Комерцијална банка е горд …

„Мал битолски Монмартр“ и годинава со финансиска поддршка од Комерцијална банка Read More »

Јубилеј – 35 години Лекторат по македонски јазик на Шлезискиот универзитет во Полска


 Се чествува уште еден значаен јубилеј за македонистиката – триесет и пет години од отворањето на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, Полска. Универзитетски центар на кој македонистиката се изучува на сите циклуси на студии – од додипломските до докторските, при што има и докторанти по …

Јубилеј – 35 години Лекторат по македонски јазик на Шлезискиот универзитет во Полска Read More »