На 90 години почина Љубомир Бранѓолица, легендарен композитор и автор на филмска музика 


Легендарниот македонски композитор и автор на филмска музика Љубомир Бранѓолица почина вчера на 90 години, потврди Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ).   „Љубомир Бранѓолица е на посебен начин уникатна појава во македонската музичка култура. Неговото богато музичко творештво е плод на повеќе влијанија, тенденции и животни ситуации. Тој е несомнено еден од најплодните и …

На 90 години почина Љубомир Бранѓолица, легендарен композитор и автор на филмска музика  Read More »

„Банана филм“: Управниот суд го прифати барањето да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм


 Управниот суд го прифати барањето на продуцентската куќа „Банана филм“ да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм. Од „Банана филм“ соопштија дека Агенцијата ги стопирала исплатите за веќе одамна завршениот филм „Кајмак“, а го стопирала и потпишувањето на пред-договорот за филмот „Биста“ („Збогум, Копакабано!“) кој доби поддршка на минатогодишниот конкурс од самата Агенција. …

„Банана филм“: Управниот суд го прифати барањето да се донесе времена мерка против Агенцијата за филм Read More »

Гудачкиот квартет „Шуман“ вечерва на „Охридско лето“


Музичката програма на годинешното 63. издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на гудачкиот квартет „Шуман“, со Ерик  Шуман и Кен Шуман на виолина, Фaит Хертенштајн на виола и виолончелистот Марк Шуман. Тројцата браќа Марк, Ерик и Кен Шуман музицираат заедно од нивното најрано детство, а заедно со виолистот Фaит Хертенштајн го сочинуваат …

Гудачкиот квартет „Шуман“ вечерва на „Охридско лето“ Read More »

Охридско лето: Концерт на  камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш


Реперторарот на 63-тото „Охридско лето“продолжува вечерва со концерт на камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш, Србија што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот под диригентската палка на Милена Ињац.Солисти на вечерта ќе бидат виолинистите Марија Рајковиќ и Јован Богосављевиќ. Камерниот оркестар „Кончертанте“ при Факултетот за уметности на Универзитетот во Ниш …

Охридско лето: Концерт на  камерниот оркестар „Кончертанте“ од Ниш Read More »

„Скопје во пет и седумнаесет“- културни настани во одбележување на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес


Со низа културни настани во рамките на проектот „Скопје во пет и седумнаесет“, Министерството за култура се вклучува во одбележувањето на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје, како потсетник за тоа што не смее да се заборави.  Официјалната програма на „Скопје во пет и седумнаесет“ започнува со вечерен концерт на 25 јули (вторник), од …

„Скопје во пет и седумнаесет“- културни настани во одбележување на 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес Read More »

По Мајами, Букурешт: Киро Урдин со нова поставка на изложбата „Табула Раса ”


По неодамнешниот успешен настап во галеријата „Амадлози ” на Африканскиот центар за културно наследство во Мајами во Флорида, со изложбата „Предци”, македонскиот мултимедијален уметник Киро Урдин ќе се претстави во Букурешт.     Во еминентната галерија „ Константин Бранкуши”, сместена во рамките на Цен- тарот за конференции во импозантната зграда на Романскиот парламент, нашиот уметник ќе се претстави со нова поставка …

По Мајами, Букурешт: Киро Урдин со нова поставка на изложбата „Табула Раса ” Read More »

Објавена антологија Скопски вознеси по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес


Издавачката куќа Феникс од Скопје ја објави антологијата Скопски вознеси, со која се одбележува 60-годишнината од скопскиот катастрофален земјотрес. Изборот на поетите и нивните песни го направи Христо Петрески, кој го напиша и поговорот на книгата, а Кристина Николовска е автор на обемниот предговор, соопшија денеска од Феникс. Во антологијата се застапени 36 поети, меѓу …

Објавена антологија Скопски вознеси по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес Read More »

Мала лекција по физика (и американска политика oд 1950-тите): Кој е кој во „Опенхајмер“?


Точно е дека „Опенхајмер“ е биографски филм за творецот на атомската бомба. Но работата е далеку од едноставна, особено кога се има предвид режисер како Кристофер Нолан. Оваа приказна е испреплетена, па дури и доминирана, од двојноста на третманот кој д-р Опенхајмер го добивал од една страна како најславниот научник на своето време, а од …

Мала лекција по физика (и американска политика oд 1950-тите): Кој е кој во „Опенхајмер“? Read More »

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор


– Полската вечер во рамките на годинешното издание на „Охридско лето“ го носи концертот на гудачкото дуо Емануел и Емилија Салвадор. За виолинистот Емануел Салвадор специјализираниот магазин „Страд“ пишува дека е еден од најдобрите виолинисти од  неговата генерација. Тој има настапувано како солист, камерен музичар и концерт-мајстор на концертните сцени во Велика Британија, Казахстан, Кина, …

Полска вечер на „Охридско лето“ со концертот на гудачкото дуо Салвадор Read More »

Дино Имери е виртуоз на пијано: Шопен и Рахмањинов на „Охридско лето“


Неверојатен и рафиниран квалитет на звукот, беспрекорна техника,инструментална култура и фасцинантна слобода со неверојатен интерпретациски квалитет во изведбите донесе вчеравечер на „Охридско лето“ македонскиот виртуоз на пијано, Дино Имери. Во црквата „Света Софија“ пред бројната и воодушевена публика, овој реномиран пијанист ги изведе композициите „Балада бр. 1“ оп. 23 во g-moll и „Херојска Полонеза” оп. …

Дино Имери е виртуоз на пијано: Шопен и Рахмањинов на „Охридско лето“ Read More »

Работилница за деца: Скопје се сака, Скопје се чека


Минатото на Скопје се сеќава, а иднината на Скопје го запознава какво што некогаш било. За да го сака уште повеќе онакво какво што е сега! На 21 јули од 19 до 20, 30 часот, во „Бруталиск“ ќе се одржи едукативна работилница за деца и млади во која тие преку различни забавни и креативни активности …

Работилница за деца: Скопје се сака, Скопје се чека Read More »

Ново издание на „Диво месо“, ненадминато ремек дело на Горан Стефановски


Творештвото на Горан Стефановски е задолжително не само за секој читател туку и за секој Македонец. Како што вели Венко Андоновски: „Кој не ја прочитал или не ја гледал на сцена ‘Диво месо’ – тој како да не живеел за книжевноста и театарот“. Новото издание на „Диво месо“ со логото на Издавачки центар ТРИ е …

Ново издание на „Диво месо“, ненадминато ремек дело на Горан Стефановски Read More »

Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик во Теодосијанската палата


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше во посета на археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се запозна со најновите археолошки истражувања на Теодосијанската палата, која е една од најголемите и најлуксузно декорирани градби што се откриени во овој антички град. Од Националната установа Стоби ја информираа министерката за најновото археолошко откритие – нов мозаик – а, како што најавија археолозите, …

Стоби: Археолозите откриваат нов мозаик во Теодосијанската палата Read More »

Писателката Лидија Димковска учествува на книжевни настани во Велика Британија


Писателката Лидија Димковска е на книжевна резиденција во Лондон, каде што учествува на повеќе книжевни настани. На почетокот на месецов таа настапи со поетско читање и разговор на меѓународниот поетски фестивал во Ледбури, а в недела (23 јули) ќе настапи и на Меѓународниот поетски фестивал во организација на Националната поетска библиотека при Центарот „Саутбан“  во …

Писателката Лидија Димковска учествува на книжевни настани во Велика Британија Read More »

Концерти на Ансамблот „Елиас Ладино“ и на грчкиот гудачки квартет „Емилиос Риадис“ на „Охридско лето“


Десеттиот ден на програмата на годинешното „Охридско лето“ ќе понуди две интересни музички содржини, со концертите на ансамблот „Елиас Ладино“ и Грчката вечер во чии рамки е концертот на квартетот „Емилиос Риадис“ Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, …

Концерти на Ансамблот „Елиас Ладино“ и на грчкиот гудачки квартет „Емилиос Риадис“ на „Охридско лето“ Read More »

Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир во новоотворената Европска куќа во Велес присуствуваше на отворањето на изложбата „На работ на зборовите“, на галеријата „Акантус“, а под кураторство на Дијана Томиќ-Радевска. Со отворањето на изложбата македонските уметници Оливер Мусовиќ, Славица Јанешлиева, Нехат Беќири, Александра Петрушевска Ристевска, Анета Попова и Стефан Младеновски, …

Врските со Европа се зацврстуваат со новата Европската куќа отворена во Велес Read More »

Кинотека на Македонија обучува лица за евтина дигитализација на филмови


Кинотека на Северна Македонија прв пат е дел од проект во рамки на ЕРАЗМУС + програмата, подржана од Европската Унија. Проектот е од областа на стручното образование и обуки и е во соработка со партнери од Бугарија (СОКИ од Бугарија се раководители на проектот), Германија и Холандија. Евтината дигитализација на стари филмови, соопштија денеска од …

Кинотека на Македонија обучува лица за евтина дигитализација на филмови Read More »

Целовечерен концерт на македонскиот пијанист Дино Имери на „Охридско лето“


Дино Имери, еден од најреномираните македонски пијанисти денеска ќе одржи целовечерен концерт на „Охридско лето“  во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. На програмата се дела од Фредерик Шопен и Сергеј Рахмањинов. Со огромен успех, Имери настапува на престижните сцени низ светот, како гостин на врвни оркестри, како уметник – изведувач на  рецитали …

Целовечерен концерт на македонскиот пијанист Дино Имери на „Охридско лето“ Read More »

Зошто Чифте амам е храм на уметноста: Ремек дела од класицизам до модернизам кои мора да се видат (галерија)


Чифте амам , во срцето на Старата скопска чаршија, од синоќа, е храм на уметноста, на чии камени ѕидови и подови се закачени или поставени ремек делата на врвните мајстори на четката и на бронзата од македонската и регионална топ ликовна сцена. Поставка која заслужува особено внимание и дигнитет, во чест на голем јубилеј. За …

Зошто Чифте амам е храм на уметноста: Ремек дела од класицизам до модернизам кои мора да се видат (галерија) Read More »

Даница Ручигај: Објавено јубилејното издание на целокупното творештво на првата македонска поетеса 


По повод шеесетгодишнината од смртта на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто Даница Ручигај во скопскиот катастрофален земјотрес на 26 јули 1963 година, деновиве од печат излезе јубилејното издание на нејзината целокупна поезија „Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“, што го приредија Свето Стаменов и …

Даница Ручигај: Објавено јубилејното издание на целокупното творештво на првата македонска поетеса  Read More »