Ќе соработуваме ли со музеите Метрополитан и Смитсонијан ? 


  Форум за Стратешкиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија се одржа денеска во Даут-пашиниот амам, во организација на Македонско-американската алумни асоцијација (МААА). Високи претставници од Владата на Северна Македонија и од Стејт департментот на САД, како и членови на МААА, дискутирале за можностите и за начините за понатамошно промовирање на Стратешкиот дијалог, кој е […]

Повисок буџет за филм и донесување нов закон, според европски стандарди


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска присуствуваше на средба со филмските професионалци, на нивно барање, на која се разговараше за Буџетот за 2024 година за филмската дејност и негова стандардизација, за обезбедување посебни средства за ТВ серии и за донесување нов закон за филм, според европски стандарди. На средбата која протече во констуктивна атмосфера, во Кинотеката […]

Гала филмска вечер со проекција на француско-шпанскиот филм „Ѕверови“


Францускиот институт во Скопје, амбасадата на Франција и амбасадата на Шпанија во Северна Македонија, со поддршка на генералниот покровител „Зегин“ и на винаријата „Тиквеш“, организираат трета по ред за годинава гала филмска вечер со проекција на филмот „Ѕверови“. Филмот ќе биде премиерно прикажан в петок, 3 ноември  во 20 часот, во кино „Милениум“. Настанот ќе го […]

Целокупното творештво на поетесата Даница Ручигај објавено на српски јазик


По повод шеесетгодишнината од трагичната смрт на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература Даница Ручигај од печат излезе јубилејното издание на нејзината целокупна поезија на српски јазик „Сребрне ноħне игре и Заробљеници ветра“, („Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“). Поезијата на Даница Ручигај на српски јазик […]

Објавен конкурсот за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници


Министерството за култура објави конкурс за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година. За да го стимулира и помогне уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2024 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Северна Македонија, како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување […]

На повикот на Министерството за култура даваме предност на креативноста, инвентивноста и уникатните идеи, вели министерката за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешното гостување во утринската емисија „Македонија наутро“ на Македонската радио-телевизија апелираше до корисниците кои сѐ уште не аплицирале на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, да го сторат тоа, имајќи предвид дека е ова последна недела и да не го чекаат последниот […]

Костадиновска-Стојчевска: Град Скопје не ги префрла ингеренциите за реновирање на Универзална сала, немаме никаков одговор


„Министерството за култура се уште нема ништо преземено во врска со Универзална сала. Имаше само две гласања на седница на Советот на Град Скопје, каде советниците се согласија ингеренциите за реконструкција да преминат на министерството. Но, за да биде финализирано треба Град Скопје да го подготви договорот кој треба да го потпишеме јас како министерка […]

Почнува годинашното издание на „Скомрахи“


 Со краткиот филм „Тага“, во режија на Тина Величковиќ, и дипломската театарска претстава „Вилицата на Ибен Бајерс“, во режија на Борис Василески, и двете целосно создадени од студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) денеска во Драмскиот театар – Скопје ќе биде отворено 31. издание на Меѓународните средби на студенти од драмските академии „Скомрахи“.  Во […]

Дмитриј Шостакович: Од каде да започнете со неговата музика


Во окото на руската револуционерна бура, тој напиша некои од најмоќната – и криптична – музика на 20. век. Без разлика дали тој е оценет како советски лакеј или херојски дисидент, богатството на неговото музичко наследство е несомнено Овој нов фељтон на „Независен“ ќе ви ги претстави поголемиот дел од најважните композитори во светот на […]

„Патување пеш“: Новиот документарец на Тамара Котевска со светска премиера во Њујорк


Документарниот игран филм „Патување Пеш“ (The Walk) во режија на Тамара Котевска ќе ја има својата светска премиера во Њујорк, САД на 9 ноември оваа година на DOC NYC, најголемиот американски фестивал за документарни филмови. Филмот го следи патувањето на Амал, џиновска кукла висока 3,5 метри, млада бегалка, која патува преку сириската граница во Турција, […]

Маестра Дијана Имери Илкоска ќе диригира во Грузија


Македонската диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, на 6 ноември ќе диригира во Грузија, каде што ќе настапи заедно со Младинскиот оркестар „Гија Канчели“ во Тбилиси. Извонредната Имери Илкоска, доби специјална покана од престижниот Камерен фестивал на Тбилиси, кој секоја година од 2 до 6 ноември се одржува во Државниот конзерваториум „Вано Сараишвили“. Маестра Имери Илкоска […]

Месец на европски филм во Кинотека


Во ноември, месец на есента, природата блика од разновидноста на боите. Слични на оние на виножитото. Најмногу преовладува жолтата, речиси како злато сјае во есенскиот амбиент. Токму вака кинотека за ноември подготви филмска презентација, разновидна во многу аспекти. Еве зошто. На самиот почеток на ноември ќе започне со официјалната програма на МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ […]

ONCE UPON A TIME IN THE EAST – изложба на Томе Аџиевски во Чифте амам


На 9 ноември, четврток, во 19.30 часот, во Националната галерија, објект Чифте амам, ќе се отвори најновата изложба на авторот Томе Аџиевски, насловена ONCE UPON A TIME IN THE EAST. Томе Аџиевски е еден од исклучително важните уметници на т.н. средна генерација македонски современи уметници кои се појавуваат во 9 деценија (дипломира на Академијата за […]

Изведба на „Травијата“ од Џузепе Верди во Националната опера и балет


На сцената на Националната опера и балет вечер во 20 часот ќе се изведе операта „Травијата“ од Џузепе Верди. Диригент на операта е Бисера Чадловска, режијата е на реномираната германска режисерка Верена Штојбер, креирајќи моќна продукција чии главни атрибути се смелото сценско дејствие и визуелниот квалитет, сценограф и костимограф е Софија Шнајдер (Германија), кореограф: Саша […]

„Скриен гитарски бисер“- концерт на Мухамед Ибрахими во Филхармонија


На 6 ноември (понеделник), во камерната сала на Филхармонија,во 20 часот, гитарскиот вуртуоз Мухамед Ибрахими ќе одржи свој концерт. Концертот е во организација на Баги Комуникации. „Мухамед Ибрахими е скромен, но маестрален на сцена. Го нарекуваат скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) […]

Никола Ристановски повторно со награда во Србија – дрско го спојува неспоивото во „Народен непријател“


Наградата за најдобар актер, повторно во рацете на Никола Ристановски Наградата „Борисав Станковиќ“ на 43. Интернационален театарски фестивал „Борини позоришни дани“, за најдобра машка улога му се доделува на Никола Ристановски за ликот на д-р Томас Стокман во претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на Македонскиот народен […]

Скомрахи 2023 од 1 до 5 ноември: 8 театарски претстави и 25 филмови


Факултетот за драмски уметности (ФДУ) ги најавува новите Скомрахи 2023, меѓународни средби на студенти од драмските академии. Од 1 до 5 ноември 2023 година, на сцените на факултетот ќе бидат прикажани 8 театарски претстави и 25 филмови на студенти од Романија, Србија, Полска, Хрватска, Косово, Албанија, Шпанија, Белгија, БиХ, Турција, Црна Гора, Чешка. Иран и […]

Италијанска премиера на македонскиот филм „М“ на Вардан Тозија во Трст


Италијанската премиера на најновиот македонски  филм „М“ на Вардан Тозија ќе биде на 1 ноември, на фестивалот Trieste Science + Fiction Festival кој се одржува од 27 октомври до 1 ноември во организација на Центарот за кинематографско и аудиовизуелно истражување и експериментирање La Cappella Underground, соопштија од Агенцијата за филм. Ова е италијанска премиера на […]

На Саемот на книгата во Истанбул претставени дела преведени од турски на македонски и албански јазик


На Меѓународниот саем на книгата во Истанбул денеска беше претставено издаваштвото од турски на македонски и на албански јазик. Организатор на штандот на Министерството за култура на Северна Македонија беше издавачката куќа „Шкупи“ и нејзиниот директор Азам Даути. Саемот се одржува од 25 октомври до 5 ноември. Како што соопштија организаторите, делата што кај повеќе […]

Даим Лучи: Продолжуваме да ги негуваме културните врски со Турција


Ова е уште една потврда дека заедно можеме да ги негуваме и да ги унапредуваме културните врски и да соработуваме на проекти од заеднички интерес за доброто на сите, порача вчера заменик-министерот за култура Даим Лучи, кој присуствуваше на отворањето на манифестацијата „Каршијака – Чашка – Тургутлу 2023“ во Каршијака, Измир во Турција. Според Лучи, […]