Премиера до последно седиште: „Преекспонирано“ од денес во македонските кина


Дебитантскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова синоќа ја имаше својата премиера пред македонската публика во киното „Фросина“. Премиерата беше исполнета до последното седиште, а по завршувањето на проекцијата екипата заслужна за продукцијата на филмот беше дочекана со овации.  Посетителите имаа прилика да ги видат оригиналните фотографии кои се користат во филмот и се изработени со …

Премиера до последно седиште: „Преекспонирано“ од денес во македонските кина Read More »

По протестот на Филхармонија: Министерството за култура интензивно работи на решение


Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати. Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби. Веруваме дека на филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на …

По протестот на Филхармонија: Министерството за култура интензивно работи на решение Read More »

Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме


Една од највпечатливите градби во Скопје, зелената куќа-дворец во населбата Црниче, околу која со години се плетеа мистерии и легенди, е главната инспирација за приказната во новата книга „Зелениот дворец“ од авторот Дејан Сибиновски – Сибо, член на етно-групата „Баклава“. Романот, кој е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година, беше промовиран вчеравечер (26 април) …

Сибо: „Зелениот дворец“ е роман за Скопје што веќе го нема и за Скопје што го познаваме Read More »

„Златен објектив“ за Љупчо Констатинов и Тонкица Митровска


Кинотеката, по повод својот „роденден“ на 29 април, секоја година го доделува признанието „Златен објектив“ на филмски работници, кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Управниот одбор на Кинотеката на Македонија ги прогласи Тонкица Митровска, аниматорка, и Љупчо Константинов, композитор на филмска музика – за добитници на наградата „Златен објектив“ за 2023 година. Признанијата …

„Златен објектив“ за Љупчо Констатинов и Тонкица Митровска Read More »

„Лавиринт на уметноста 2“ низ постојаната поставка на Националната галерија во Даут пашин амам


Во објектот Даут пашинт амам на Националната галерија, во тек е второто издание на музејската едукативна работилница „Лавиринт на уметноста 2“. Наменета е за ученици од петтите и шестите одделенија од основните училишта. Реализацијата на работилницата почна на 1-ви април 2023 и има едукативен, истражувачки и награден концепт. Пред сите учесници е поставена загатка, а …

„Лавиринт на уметноста 2“ низ постојаната поставка на Националната галерија во Даут пашин амам Read More »

Поповиќ пред ЕФА: „Охридско лето“ е кодот на културата на Балканот


Директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ изминативе четири дена ги презентира успесите на фестивалот на Самитот на уметнички фестивали во Гирона, Шпанија во чии рамки се одржа и 70. Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА). Поповиќ, која пред две години ја доби титулата почесен делегат на ЕФА, рече дека членството во оваа елитна …

Поповиќ пред ЕФА: „Охридско лето“ е кодот на културата на Балканот Read More »

Светскиот ден на танцот ќе го одбележат над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија


Танцот има моќ да ги зближи луѓето, да раскажува приказни и да искажува емоции што зборовите не можат. Без разлика дали се работи за традиционални народни танци, класичен балет или модерни современи стилови, танцот има способност да нѐ поврзе со нашите тела, нашите заедници и нашата заедничка хуманост. Светскиот ден на танцот e ден посветен на славење …

Светскиот ден на танцот ќе го одбележат над 1000 танчери од повеќе танц студија од Македонија Read More »

„Кафе Милер“ на Пина Бауш ексклузивно во Кинотека


На 27 април, во 20 часот, започнува проектот „Театар на платно“, соработка на компанија „Артактум“ и Кинотеката на Македонија, со претставата „Кафе Милер“ на легендарната кореографка и танчарка Пина Бауш. Претставата е снимена во 1985 година и во неа глуми и самата Пина Бауш. Овој четврток „Артактум“ овозможува ексклузивно да ја видиме оваа претстава на …

„Кафе Милер“ на Пина Бауш ексклузивно во Кинотека Read More »

Членовите на Филхармонијата почнуваат со протести за сместувањето на џез оркестарот


Денеска, со почеток во 12.30 часот, Македонската филхармонија ќе одржи протест пред Министерството за култура по повод одлуката новоформираната национална институција Џез оркестар на Р.С. Македонија привремено да биде сместена во објектот на НУ „Филхармонија“.   – Министерството за култура оваа одлука ја донесе без никаква консултација со нашата институција, заткулисно, тајно и без никаква …

Членовите на Филхармонијата почнуваат со протести за сместувањето на џез оркестарот Read More »

„Моќта на восокот“ – самостојна изложба на Јорданка Мирковска


 Во галерија „КО-РА“ вечер од 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Јорданка Мирковска насловена „Моќта на восокот“. Од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје информираат дека делата на Мирковска побудуваат интерес  со специфичноста на усвоената техника енкаустика, како и со специфичноста на изразот и на фантазијата. -Јорданка Мирковска  со своите  истражувања на ликовноста, …

„Моќта на восокот“ – самостојна изложба на Јорданка Мирковска Read More »

Почнува 16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023


На Малата сцена на Македонскиот народен театар од денеска до 29 април, ќе се одржи 16. Интернационален фестивал  на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023. На овогодишното издание на фестивалот ќе бидат прикажани три претстави од различни жанрови и од различни земји. На отворањето на фестивалот денеска ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес со …

Почнува 16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023 Read More »

Денот на џезот ќе се слави со целодневен хепенинг во паркот Ибни Пајко


Седмото издание на фестивалот „Денес сѐе џез“ ( Today It’s All About Jazz) ќе се одржи в недела, 30 април, во 13 часот во паркот Ибни Пајко. Станува збор за целодневен џез хепенинг во чест на Меѓународниот ден на џезот, што го организира Здружението за џез музичари и слободни уметници (ЗЏМ). Програмата, како што рече …

Денот на џезот ќе се слави со целодневен хепенинг во паркот Ибни Пајко Read More »

„За сите времиња“ нова книга од Братислав Ташковски


Деновиве од печат излезе стихозбирката „За сите времиња“ од Братислав Ташковски. Издавач е ПНВ Публикации од каде што потенцираат дека се работи за врвно поетско дело на еден од бардовите на македонската поезија. Книжевната критичарка Александра Јуруковска за книгата вели: Пред нас е новата поетска објава на Братислав Ташковски со сигнификантен наслов „За сите времиња“. …

„За сите времиња“ нова книга од Братислав Ташковски Read More »

„Ој, животе“ – американскиот актер Џек Димиќ со монодрама гостува во Драмски театар


Американскиот актер Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ ќе настапи в петок на 5 мај во 20 часот во Драмски театар Скопје. Гостувањето е овозможено со лична заложба на Н.Е. Драган Јаќимовиќ, амбасадор на Босна и Херцеговина во нашата земја. Претставата е работена по текст на Јосип Пејаковиќ. Станува збор за силна трагикомична драмска приказна …

„Ој, животе“ – американскиот актер Џек Димиќ со монодрама гостува во Драмски театар Read More »

Музички спектакл „Girls Night“ утревечер во „Јавна соба“


Музичкиот спектакл „Girls Night“, кој е фузија на мјузикал, стенд ап комедија и караоке во изведба на четири млади актерки: Нина Елсезер, Ангела Стојановска, Надица Петрова и Бонита Стеви ќе се одржи утревечер во „Јавна соба“.    Оваа сценска фузија од музика, кабаре, стенд ап и караоке е во продукција на „Public Room“, а стилист …

Музички спектакл „Girls Night“ утревечер во „Јавна соба“ Read More »

„Аир“: Виолистот Дијанг Меи и диригентот Емил Табаков со концерт во Филхармонија


Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Аир“ на кој како солист ќе настапи виолистот Дијанг Меи  (Кина/Германија), а диригент е маестро Емил Табаков. Ќе настапи и хорот „ПроАрс“ во првата изведба во Македонија на делото „Стикс“ од грузискиот авангарден композитор Гија Канчели. Составен дел од програмата …

„Аир“: Виолистот Дијанг Меи и диригентот Емил Табаков со концерт во Филхармонија Read More »

Во Загреб уметничка вечер посветена на творештвото на Томислав Османли


Уметничка вечер посветена на творештвото на македонскиот писател Томислав Османли се одржа синоќа во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. За творештвото на Османли се осврна Наталија Поповска, која и беше иницијатор и организатор на  настанот. Книжевната вечер се одвиваше под медијаторство на македонистот проф. д-р Ивица Баковиќ, раководител на Катедрата за македонски јазик и литература на Филозофскиот …

Во Загреб уметничка вечер посветена на творештвото на Томислав Османли Read More »

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Филхармонија


 Камерниот ансамбл „Консонанс“ вечер ќе настапи во Камерната сала на Филхармонија. На програмата се дела од Хајдн, Феранте, Барток, Гершвин, Бранѓолица…   Камерниот ансамбл „Консонанс“ е формиран во 2007 година, како една уникатна формација, која ја сочинуваат дрвени дувачки инструменти. Овој ансамбл е посветен на камерното музицирање и истражување на звукот кој овие инструменти го создаваат заедно. …

Концерт на ансамблот „Консонанс“ во Филхармонија Read More »

Премиера на претставата „Лејди Магбет“


 Во Македонскиот народен театар денеска премиерно ќе биде изведено најновото кореографско остварување на Рисима Рисимкин и Скопје танцовиот театар, претставата „Леди Магбет“. Музиката за претставата е на композиторот Тони Китановски, сценографијата е на Матеа Мијановиќ, а костимите се на Благој Мицевски. Во насловната улога како Лејди Магбет настапува Анастасија Данчевска, а во улогата на Магбет – Дејан …

Премиера на претставата „Лејди Магбет“ Read More »

Гоце Ристовски чествуван во Истанбул со меѓународна награда за драмски автор


Во театарот „Маск-Кара“ во Истанбул на македонскиот прозаист, драмски автор, литературен и те­а­тар­ски кри­ти­чар, есе­ист, ко­лум­нист, ана­ли­ти­чар, ли­те­ра­ту­рен пре­ве­ду­вач и уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор на македонскиот писател Гоце Ристовски му беше врачена Меѓународна награда за драмски автор за особен придонес во современиот театар во светот. На свечената церемонија, меѓу останатите, присуствуваа и генералниот конзул на земјава во …

Гоце Ристовски чествуван во Истанбул со меѓународна награда за драмски автор Read More »