Русија прогласи познат писател за странски агент


Руското Министерство за правда во петокот назначи еден од најпопуларните писатели во земјата за странски агент, поради неговото противење на војната на Москва во Украина, јави Гардијан. Историските детективски приказни на Борис Акунин, псевдонимот на Григориј Чартишвили, кој е роден во Грузија, беа бестселери во Русија пред властите да ги отстранат од продажба и да му се […]

„Бизнисот на задоволството“ во официјалната селекција на Филмскиот фестивал во Венецуела


Дебитанскиот филм на Гоце Цветановски, „Бизнисот на задоволството“,  ја продолжува успешната фестивалска кариера. После дваесетина селекции и пет награди во 2023, политичкиот трилер кој ја третира темата на трговија со жени, годинава својата прва проекција ќе ја има во Венецуела, на 9. издание на FICMARC – Caribbean Sea International Film Festival (https://ficmarc7.wixsite.com/festivalmarcaribe) кој ќе се […]

„Прекривка од топли зборови“ – во „ТРИ“ започна зимскиот фестивал на книгата


Под слоганот „Прекривка од топли зборови“, во сите книжарници на издавачката куќа „ТРИ“ и онлајн на www.kniga.mk традиционално започна Зимскиот фестивал на книгата што ќе трае до крајот на месецот. Освен фестивалски цени на сите изданија на ТРИ и на Паблишер, има и одлични понуди совршени за секој читател, како акција на пет или на три книги. […]

„Среќните луѓе не слават родендени“ – промоција на новиот роман на Сашо Кокаланов на ФДУ


На 12 јануари (петок) од 19 во бифето на ФДУ ќе се одржи промоција на романот „Среќните луѓе не слават родендени“ од Сашо Кокаланов. Романот е објавен во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или. За романот ќе зборуваат Сашко Насев и Стојан Синадинов. Романот „Среќните луѓе не слават родендени“ е семејна драма за едно сиромашно […]

Дворжак: Композитор на чудесни мелодии и заљубеник во локомотиви


Чешкиот композитор најде инспирација во Новите светови на САД, а неговата музика беше на Месечината, но неговото срце беше во неговата родна Бохемија Антонин Дворжак (1841-1904) беше страстен Чех чија музика ги надмина националните граници и, навистина, го прокрстари светот. Современик на Брамс и Чајковски – неговите доцни симфонии кои стојат со најдобрите од нивните […]

Игор Џамбазов годинава промотор на Вевчанскиот карневал: Бренд кој не смее да се одбие


На 12, 13 и 14 јануари и оваа година традиционално ќе се одржи Вевчанскиот карневал. Според програмата, во петок ќе настапат Dj Ampov, Younge Daddy, Best od Игор Џамбазов и Гуру Харе бенд како и Нокаут, додека во сабота најпрвин ќе настапи Akustik band live, Наум Петрески, Оркестар со зурли и тапани Вевчани и Перо […]

Симон Трпчески ќе свири во Монте Карло – „Македонисимо“ ќе прозвучи во „Рение Трети“


Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески концертната сезона ја продолжува на 13 јануари (православната Стара Нова година, н заб.) кога во салата „Рение Трети“ во Монте Карло заедно со своите пријатели ќе го изведе МАКЕДОНИСИМО.  Трпчески, Краповски, Сомов, Мамудов и Нушев продолжуваат со претставувањето на проектот базиран врз традиционалната македонска музика, чии транскрипции, по […]

Обама го освои вториот Еми


Поранешниот претседател Обама ја доби својата втора награда Еми на втората вечер на доделувањето на наградите Еми за креативни уметности во неделата вечерта. Обама  освои Еми за извонреден наратор за неговата документарна серија на Нетфликс, „Working: What We Do All Day“, серија од четири дела објавена во мај. Поранешниот претседател победи други познати личности во […]

Битола ќе добие нов мултифункционален центар – ќе се реновира поранешното кино „Партизан“


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска најави дека оваа година ќе почне да се реновира поранешното кино „Партизан“ во Битола, а целта е тој да се претвори во современ, мултифункционален центар. Идејата, како што посочи министерката, е објектот на поранешното кино „Партизан“ да се претвори во современ, мултифункционален центар, ефикасен за работа, комфорен простор, кој […]

Новите библиотеки во Европа се „дневни соби“ на 21. век


  Надвор од футуристичките нивоа од стакло и метал на Де Крок, градската библиотека во Гент, Белгија, стои статуа: четири џиновски, светло насликани фигури цврсто наведнати една кон друга, нивните глави само допираат – како да си кажуваат нешто. „И навистина се работи за тоа“, рече координаторот за услуги и комуникации Елс Ван Ромпеј. „Ова […]

Активности во чест на Шопов, заложби за заштита на културното наследство, успешни филмски остварувања ја одбележаа 2023 година


Голем опус на мултимедијални културно-образовни содржини во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, престижни награди за македонските филмови во странство, усогласување на законската регулатива за подобра заштита на културното наследство, заедничка изложба со Бугарија, но и јавни спротивставени ставови меѓу Агенцијата за филм и режисерот Милчо Манчевски оставија белег минатата година на […]

„Како ја убив Вера и како таа повторно се роди“ на Оливера Андоноска за скриените вистини на животот


Неодамна беше промовирана збирката раскази „Како ја убив Вера и како таа повторно се роди“ од Оливера Андоноска. Од аспект на структурата, станува збор за седум долги раскази (за неименуваните машки ликови и уште повеќе за Вера, Хелга,  Вита, Мира, Калина…) и шест кратки, кои повеќе наликуваат на документаристички слатко-горки исечоци од реалноста. Затоа што […]

Славе Ѓорѓо Димоски лауреат на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2023 година


Славе Ѓорѓо Димоски е авторот на поемата „Денес“, избрана како најдобра поема за наградата што секоја година ја доделува Националната установа – центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Одлуката за изборот на најдобрата поема донесена е едногласно од страна на Комисијата составена од Милован Стефановски – претседател и членовите Елизабета Шелева и Иван Додовски. […]

Градови во Австрија, Естонија и Норвешка ќе бидат европски престолнини на културата во 2024


Европската престолнина на културата 2024 година уште еднаш ги истакна малку познатите (или дури и непознати за некои) дестинации низ континентот кои тајно се преполни со културни куриозитети. Тоа се  естонскиот Тарту, австрискиот Бад Ишл и норвешкиот Бодо. Што е европска престолнина на културата? Секоја година, Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура на […]

Со 1,8 милиони денари Министерството за култура ќе го поддржи Вевчанскиот карневал


Министерството за култура издвои 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал. Договорот за финансирање на еден од најстарите европски и први карневали во државата денеска во Вевчани го потпишаа ресорната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоачалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски. Изминатите две години Министерството за култура не додели финансиски средства за Вевчанскиот карневал, поради, како што […]

Ако наиде добар филм, ќе се вратам, вели славниот композитор Џон Вилијамс


Почитуваниот композитор Џон Вилијамс (91) иако се пензионира вели дека се уште се чувствува креативен. -Ако се појави филм за кој сум многу заинтересиран, со распоред со кој би можел да се справам, тогаш не би сакал да исклучам ништо. Сè е можно. Сè е пред нас. Само нашите ограничувања не кочат. Или, поедноставно кажано: […]

Оперската елита со гала концерт за Василица- паричка за среќа и популарни арии


По повод празникот Василица на 12 и 13 јануари во Националната опера и балет во 20 часот ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт. Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, […]

Хајдн им беше ментор и на Моцарт и на Бетовен


Хумористичен, искрен, плоден и секогаш длабоко хуман, австрискиот композитор е заслужен за измислувањето на симфонијата и гудачкиот квартет. Дури и ако тоа не е строго точно, неговата креативност ја обликуваше западната класична музика Најславниот европски композитор кон крајот на 18. век, Јозеф Хајдн (1732-1809) беше познат по неговата брилијантна синтеза на новите стилови, што помогна […]

„Кајмак“ на Манчевски доби награда во Сицилија


Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда – седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната […]

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Виена– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“  (дом на Виенската филхармонија) го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот германски диригент Кристијан Тилеман. Тилеман ужива особено блиско […]