Активности во чест на Шопов, заложби за заштита на културното наследство, успешни филмски остварувања ја одбележаа 2023 година


Голем опус на мултимедијални културно-образовни содржини во чест на 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, престижни награди за македонските филмови во странство, усогласување на законската регулатива за подобра заштита на културното наследство, заедничка изложба со Бугарија, но и јавни спротивставени ставови меѓу Агенцијата за филм и режисерот Милчо Манчевски оставија белег минатата година на […]

„Како ја убив Вера и како таа повторно се роди“ на Оливера Андоноска за скриените вистини на животот


Неодамна беше промовирана збирката раскази „Како ја убив Вера и како таа повторно се роди“ од Оливера Андоноска. Од аспект на структурата, станува збор за седум долги раскази (за неименуваните машки ликови и уште повеќе за Вера, Хелга,  Вита, Мира, Калина…) и шест кратки, кои повеќе наликуваат на документаристички слатко-горки исечоци од реалноста. Затоа што […]

Славе Ѓорѓо Димоски лауреат на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2023 година


Славе Ѓорѓо Димоски е авторот на поемата „Денес“, избрана како најдобра поема за наградата што секоја година ја доделува Националната установа – центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Одлуката за изборот на најдобрата поема донесена е едногласно од страна на Комисијата составена од Милован Стефановски – претседател и членовите Елизабета Шелева и Иван Додовски. […]

Градови во Австрија, Естонија и Норвешка ќе бидат европски престолнини на културата во 2024


Европската престолнина на културата 2024 година уште еднаш ги истакна малку познатите (или дури и непознати за некои) дестинации низ континентот кои тајно се преполни со културни куриозитети. Тоа се  естонскиот Тарту, австрискиот Бад Ишл и норвешкиот Бодо. Што е европска престолнина на културата? Секоја година, Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура на […]

Со 1,8 милиони денари Министерството за култура ќе го поддржи Вевчанскиот карневал


Министерството за култура издвои 1,8 милиони денари за Вевчанскиот карневал. Договорот за финансирање на еден од најстарите европски и први карневали во државата денеска во Вевчани го потпишаа ресорната министерка Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоачалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски. Изминатите две години Министерството за култура не додели финансиски средства за Вевчанскиот карневал, поради, како што […]

Ако наиде добар филм, ќе се вратам, вели славниот композитор Џон Вилијамс


Почитуваниот композитор Џон Вилијамс (91) иако се пензионира вели дека се уште се чувствува креативен. -Ако се појави филм за кој сум многу заинтересиран, со распоред со кој би можел да се справам, тогаш не би сакал да исклучам ништо. Сè е можно. Сè е пред нас. Само нашите ограничувања не кочат. Или, поедноставно кажано: […]

Оперската елита со гала концерт за Василица- паричка за среќа и популарни арии


По повод празникот Василица на 12 и 13 јануари во Националната опера и балет во 20 часот ќе се одржи традиционалниот Гала оперски концерт. Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композиторите: Џ. Росини, В.А. Моцарт, […]

Хајдн им беше ментор и на Моцарт и на Бетовен


Хумористичен, искрен, плоден и секогаш длабоко хуман, австрискиот композитор е заслужен за измислувањето на симфонијата и гудачкиот квартет. Дури и ако тоа не е строго точно, неговата креативност ја обликуваше западната класична музика Најславниот европски композитор кон крајот на 18. век, Јозеф Хајдн (1732-1809) беше познат по неговата брилијантна синтеза на новите стилови, што помогна […]

„Кајмак“ на Манчевски доби награда во Сицилија


Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски, ја заврши 2023 година со нова меѓународна награда – седма по ред за филмот, а вкупно десетта заедно со трите кои ги доби Манчевски во текот на изминатата година. „Кајмак“ беше прогласен за најдобар филм на фестивалот и-Фест во Палермо, Сицилија, кој заврши на 29 декември. Филмот ја доби Меѓународната […]

Годината традиционално почна со Новогодишниот концерт во Виена- спој на музика, балет и гламур


Виена– Виенската филхармонија во салата „Музикферајн“  (дом на Виенската филхармонија) го одржа својот традиционален новогодишен концерт на 1 јануари, со бројни гости од целиот свет во салата, а се пренесуваше во над 90 земји пред милионски аудиториум . Со овој омилен празничен настан за светската публика диригираше  славниот германски диригент Кристијан Тилеман. Тилеман ужива особено блиско […]

Кристијан Тилеман по новогодишниот концерт во Виена го чека престижна функција, еве која


Кристијан Тилеман ја презема диригентската палка како директор на Државната опера во Берлин од стариот ривал. Германскиот диригент (64) ќе ја преземе палката од светски познатиот маестро и пијанист Даниел Баренбоим како генерален музички директор на Државната опера во Берлин. Во потег што го шокираше светот на класичната музика, Баренбоим (80) поднесе оставка од функцијата […]

Тилеман ќе диригира со виенскиот Новогодишен концерт на 1 јануари 2024


Традиционалниот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија  ќе се одржи на 1 јануари 2024 година, под диригентската палка на маестро Кристијан Тилеман во Златната сала на Музикферајн во Виена. Кристијан Тилеман ужива особено блиско и продуктивно уметничко партнерство со Виенската филхармонија. По 2019 година, концертот на 1 јануари е втор пат кога Кристијан Тилеман го води […]

2023 беше амбициозна, велат од Национална галерија


2023 година, година на одбележување на јубилеј – 75 години постоење, ќе биде забележана како амбициозно реализиран предизвик. Изнесена е квалитетна Програма на достојно чествување. „Низ разни проекти, доминантно ја афирмиравме нашата богата колекција, презентиравме врвни мајстори на модерната и современата национална уметност. Горди сме на сето сработено, особено на фактот дека целокупната македонска јавност: […]

Културата во 2023 во знакот на Влада Урошевиќ


Македонската книжевна сцена годинава се збогати со многу нови наслови, нови автори… можеа да се прочитаат навистина интересни приказни. Многу ракописи добија заслужени признанија, награди… Со наши книжевници, книжевни критичари, писатели направивме кратка селекција за тоа кои дела ја обележија 2023 година. Линк до целиот текст тука

Новогодишен МСУ водич и матине на 30 декември


На 30 декември 2023 година, во 12 часот , во Музејот на современата уметност во Скопје, заедно со кустосот водич Бојана Јанева ќе може да ги погледнете четирите отворени изложби: *Изложбата „Континуитети“, избор дела од француски автори, кои се дел од уметничката колекција на МСУ – Скопје. *Меѓународната изложба „Сè што ни е заедничко“ *Мултимедијалниот […]

Почина писателот Александар Поповски


Александар Поповски, македонски писател, поет, романописец и автор за деца, почина денеска во 91. година од животот, информира Друштвото на писатели на Македонија. Александар Поповски е роден 1932 година во Приштина. Основно образование и гимназија завршил во Кавадарци и во Скопје. Студирал книжевност на Филозофскиот факултет во Скопје и светска книжевност на Универзитетот во Љубљана. […]

Еве кои се наградените автори на Арс Ламина


Издавачката куќа „Арс Ламина“, на својот годинашен настан што традиционално го одржува секоја година за своите вработени, автори и соработници, ги прогласи најдобрите во 2023 година. „Арс Ламина“ им додели признанија на Влада Урошевиќ, Наталија Лукомска, Горјан Петревски и Зоран Спасов-Ѕоф. „Нашата мисија е да создаваме, да едуцираме, да споделуваме и да се поврзуваме. Ние […]

За следната година од буџетот се издвоени 4,2 милијарди денари за културата


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари предновогодишна средба со новинарите на која ја резимираше годинава која изминува и достигнувањата во својот ресор, а ги најави и поголемите активности за следната година. Таа ги брифираше новинарите за текот на одлучување по Годишните конкурси, а информираше и за стратешките и за нормативните акти во културата на кои темелно се […]

Излезе од печат книгата „Духовен мост Нови Сад – Скопје“


Во издание на Друштвото на писатели од Нови Сад, Војводина, излезе од печат книгата „Духовен мост Нови Сад – Скопје“, информира писателот Христо Петрески. Тој појаснува дека книгата е панорамски преглед на 27 новосадски и 22 скопски поети. Изборот од вкупно 49 автори го направиле Петрески и Зоран Ѓериќ и Наташа Бундало Микиќ од Војводина. […]

Поповиќ: „Охридско лето“ испраќа уште една успешна година


„Охридско лето“ и во 2023 година го задржа пиедесталот  најдобра и најзначајна музичко-сценска манифестација, код на културата, не само на Балканот, туку и во Европа. А уметниците што ни доаѓаа беа светски. Така како што доликува на еден фестивал, вели директорката на Националната установа „Охридско лето“, Наташа Поповиќ, сумирајќи ги успесите во годината што изминува. […]