Во МНТ започнаа пробите за најновата претставата „Хенгинг Араунд“, премиера во април


Во Македонскиот народен театар започнаа подготовките за претставата „Хенгинг Араунд“ во режија и адаптација на Бојан Трифуновски, по текст на Љупчо Јованов. Главните ликови 0 (Хенгинг) и 1 (Араунд) во оваа приказна се изгубени во светот на бајките и не се знае како влегле во овој свет, но главна цел им е да се вратат во […]

Ана Франговска е новата претседателка на АИКА Македонија


Ана Франговска е новата претседателка на Меѓународното здружение на ликовни критичари, AICA Македонија, избрана едногласно на состанокот од 15 февруари, откако Јованка Попова, претходната претседателка, поднесе оставка. Франговска (1978, Скопје) е кустос-советник во Националната галерија на Република Северна Македонија од 2006 година и предава на Институтот за историја на уметност и археологија, Филозофски факултет, од […]

Ќе го сочуваме ли статусот: Охридскиот регион и годинава под лупа на УНЕСКО


Северна Македонија во 2023 година продолжи посветено да работи на зачувување на статусот на Охридскиот Регион и на исполнување на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО и неговите советодавни тела во 2017 и во 2020 година, беше нагласено на шестата седница на Националната комисија за УНЕСКО. На седницата претседаваше министерката за култура и претседателка […]

Претставата „Нора – Куќа за кукли“ на сцената на Битеф Театар во Белград


На сцената на Битеф Театар во Белград вечер ќе биде изведена претставата „Нора – Куќа за кукли“ по текстот на Хедрик Ибзен а во режија на Теодора Силјаноска. Претставата е дел од годинешната селекција на Битеф Театар за „Месецот на независна сцена“. Оваа претстава е првата во продукција на Интернационалниот Театарски Фестивал – ИНТЕФ од […]

„Хармонија“ – Бернштајн, Гершвин и Гулда во изведба на Филхармонија


Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на кој како солист ќе настапи српскиот виолончелист кој со интернационална кариера – Драган Ѓорѓевиќ. Концертот е насловен “Хармонија”, а диригент е маестро Мануел Хернандез- Силва од Венецуела/Шпанија. На програмата се Концертот за виолончело и дувачки оркестар од Фридрих Гулда, симфониските танци […]

Музичко-документарниот филм за Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа во Кинотека


На 22 и 23 февруари од 20 часот во Кинотека ќе биде прикажан долгометражниот музички-документарен филм „Перо Ловшин – Ти можеш“ кој ја раскажува приказната на Перо Ловшин, еден од првите панк рокери во Источна Европа. Гостин на проекциите ќе биде токму Перо Ловшин. Тој, како фронтмен на Панкрти, со текстовите и активизмот одбележал цел […]

„МакеДокс“ ќе промовира ВОД-платформа на Берлинскиот филмски фестивал


Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, во рамки на европскиот филмски маркет на Берлинскиот филмски фестивал, денеска ќе ја промовира новата ВОД-платформа – https://www.doc-around-europe.net/ , која има за цел на европската публика во наредните две години да ѝ понуди можност да погледне повеќе од 70 документарни филмови од автори во подем. -Платформата претставува една од […]

Во првата селекција за наградата „Роман на годината“ избрани 19 романи


Жири-комисијата за наградата „Роман на годината“ за 2023 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, во состав Влада Урошевиќ (претседател), Бранко Цветкоски, Марија Ѓорѓиева, Сашо Огњановски и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата), ја направи првата селекција од пристигнатите 36 наслови, избирајќи 19 романи. Жири-комисијата има обрска да го […]

Почнува мини-фестивалот „Саботи на светска музика“


Со концертот на неофолк бендот „Калата“ во „Јавна соба“ денеска започнува мини-фестивалот „Светско, а наше – Саботи на светска музика“. Со овој проект, „Јавна соба“ ќе даде посебен акцент, во форма на мини фестивал, секоја сабота, на најдоброто од нашата држава во жанрот – светска музика. На мини-фестивалот во „Јавна соба“ ќе настапат и домашните […]

Лупита Нјонго испиша историја на Берлинале


  Берлин– Кениската актерка Лупита Нионго влезе во историјата како прв црнемурест актер претседател на жирито на Меѓународниот филмски фестивал во Берлин. Годишниот филмски настан, познат и како Берлинале, кој започна синоќа, е еден од петте најголеми светски филмски фестивали. Настанот немаше црномуресто жири во својата 74-годишна историја, изјавија организаторите за новинската агенција АФП минатата […]

„Порта Европа“ – промоција на нова едиција на „Арс Ламина“


На 16 февруари, во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата „Порта Европа“, во издание на „Арс Ламина“. Книжевната едиција „Порта Европа“ се состои од шест извонредни книжевни дела од европски автори, кои зачекоруваат во македонскиот книжевен контекст со својот најпретставителен патен документ – Европската награда за книжевност што ја […]

Кристина Краличин е нов книжевен глас – промовирани два нови романи во Скопје


Во просториите на Café Литература во Дајмонд мол синоќа се одржа промоција на двата нови романи „Денот пред да се стемни“ и „Последна шанса за втора клапа: сценариото на немиот сведок“ од авторката Кристина Краличин пред стотина гости кои присуствуваа на овој настан.  Во една пријатна и релаксирана атмосфера промоторите проф. д-р Ермис Лафазановски и […]

Агенцијата за филм на Берлинале, првпат со штанд на Европскиот филмски маркет


Агенцијата за филм на Република Северна Македонија ќе биде присутна со свој штанд на Европскиот филмски маркет, кој се одржува од 15 до 21 февруари во рамки на Интернационалниот филмски фестивал во Берлин. – Ова е од огромно значење за македонската кинематографија, имајќи предвид дека во последните 15 години се прават напори Северна Македонија да […]

Модерната музика започна со Клод Дебиси


Тој создаде нов свет на занесни инструментални бои и постојано менување на сензации и слики. Дебиси внесе нов здив во музичката уметност Тоа беше опис што тој секогаш го отфрлаше, но Клод Дебиси (1862-1918) често се смета за импресионист, музички еквивалент на Моне или Реноар. Но, тој беше многу повеќе од композитор на заносно деликатни […]

Вучиќ ги одликува Силјан Мицевски-постхумно, Влада Урошевиќ и Никола Китановски по повод Денот на државноста на Србија


 Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод националниот празник Ден на државноста одликува повеќе заслужни поединци и институции, а меѓу Македонците кои добија ордени се и почеснот конзул на Србија во Република Северна Македонија-Силјан Мицевски-постхумно, академик Влада Урошевиќ и оперскиот пејач Никола Китановски, јави дописникот на МИА од Белград. Силјан Мицевски кој беше почесен конзул на […]

За Универзална сала се обезбедени средства за три години, вели министерката за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информираше дека во тек е реконструкцијата на Универзалната сала и се бројат денови кога таа ќе биде отворена. Како што рече, за оваа година се обезбедени вкупно 120 милиони денари, а предвидени се средства и за следните две години. -Она што никогаш во 12 години не се направи, оваа […]

Костадиновска-Стојчевска: Одбивам политиката да биде дел од културата


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со медиумите даде одговори на јавно поставените прашања во врска со резултатите од Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година. Таа категорично ги отфрли квалификациите за политичко или друг вид на одлучување или влијание на Годишните конкурси и искажа незадоволство за начинот […]

Почнува „Берлинале“ – Мартин Скорсезе ќе добие почесна Златна мечка


Берлин – Во Берлин вечерва почнува 74. Меѓународен филмски фестивал Берлинале, на којшто 20 филмови се натпреваруваат за главната награда „Златна мечка“. Фестивалот ќе го отворат филмовите „Ваквите мали нешта“ (Small Things Like these) во режија на Тим Милантс и „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) со глумецот Килијан Марфи – инаку фаворит за престижниот Оскар за […]

„Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ вечерва во КИЦ


Документарниот диптих „Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ, денеска ќе биде прикажан во Салон 19:19 во Културно информативниот центар – Скопје, со почеток во 20:00 часот. Со документарниот диптих, почнува филмскиот сектор и филмската програма во КИЦ.  – „Неврзаните“ и „Филмски герили“ се документарен диптих од два долгометражни филмови кои нè носат на архивски […]

Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ и „Везење“


Македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“, вечер во 18 часот ќе бидат промовирани во просториите на Францускиот институт во Скопје. Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го […]