Втора промоција во Атина на книгите на Бужаровска


Атина– Просторот наменет за промоција на книги во книжарницата на издавачката куќа „Гутенберг“ во центарот на Атина беше премал за да ги собере сите оние кои вчера дојдоа на презентацијата на грчките изданија на книгите „Мојот маж“ и „Не одам никаде“ на македонската авторка Румена Бужаровска, кои се повеќе ја освојуваат грчката читачка публика, јави […]

„Тартиф“ од Молиер во режија на Егон Савин e најскапата претстава за 2024


Претставата „Тартиф“ од Молиер во режија на Егон Савин од Србија, во продукција на Македонскиот народен театар (МНТ) со 29.260 евра (1,8 милиони денари) е најскапа претстава за 2024 година, според резултатите од конкурсот за Годишната програма за национален интерес во културата. Култниот режисер Егон Савин е редовен професор на Катедрата за режија на Факултетот за драмски […]

Претседателот Пендаровски одликуваше шестмина македонисти


Претседателот Стево Пендаровски на свечена церемонија што се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност ги одликуваше македонистите Златко Крамариќ, Зузана Тополињска, Јоуко Линдстет, Јежи Русек (постхумно), Кшиштоф Вроцлавски (постхумно) и Далибор Брозовиќ (постхумно) со Медал за заслуги за Република Македонија. Оваа 2024-та е година на два големи јубилеи- 150 години од раѓањето на […]

Годишната програма е транспарентна, проектите денес во културата се според квалитет и креативност


Министерката за културата, Бисера Костадиновска-Стојчевска во Дневникот на „Канал 5“ телевизија на прашањето колку е задоволна од резултатите по Годишните конкурси изјави дека, според  извештаите на комисиите кои ги разгледуваа пријавите, во програмата се проекти кои ги исполнуваат приоритетите на распишаниот конкурс. „Комисиите кои ги разгледуваа пријавите предложија програма која ги содржи начелата на Конкурсот, а кои […]

Културната елита во МСУ – изложена ретка слика на Барукело


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска денеска го посети Музејот на современа уметност во Скопје (МСУ), каде беше изложено уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело, по повод 60 години од постоење на институцијата. Таа во своето обраќање посочи дека оваа уникатна колекција на творби е подарок од уметници од целиот […]

60 години на Музејот на современа уметност


  Во пресрет на утрешниот јубилеј 60 години постоење, Музејот на современа уметност – Скопје денеска на матине ексклузивно ќе го изложи уметничкото дело „Доблест во нужност“ на Џанфранко Барукело, ќе промовира нов број од списанието „Големото стакло“ и ќе организира стручно водење низ тековните музејски поставки.  МСУ соопшти дека делото на познатиот италијански уметник […]

Со отворен поетски ден ДПМ ќе одбележи 77 години од постоењето 


Друштвото на писателите на Македонија е формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на осум писатели: Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, Ристо Крле, Владо Малески, Димитар Митрев, Иван Точко, Коле Чашуле и Ацо Шопов. За прв претседател на ДПМ е избран Блаже Конески. По тој повод, на 13 февруари 2024 година, во 11 […]

„Бахус“ – промоција на вториот крими – роман на Сашо Кузмановски


Во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на романот „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, во рамките на фестивалот Денови на литературата што се одржува од 6 до 20 февруари. Книгата е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе го […]

Со одобрените 30 милиони денари ќе реализираме квалитетна програма во 2024, вели Поповиќ од „Охридско лето“


Националната установа „Охридско лето” за реализација на годинешната уметничка програма на Фестивалот, кој се одржува од 12 јули до 20 август, од Министерството за култура доби 30 милиони денари. Со ваквата финансиска поддршка ќе се реализира квалитетна програма со врвни светски и домашни уметници, велат од „Охридско лето“. „Финансиската поддршка која ја добиваме од Министерството […]

Заштитата на културното наследство ѝ годинава приоритет на Министерството за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција по повод резултатите од Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2024 година, истакна дека оваа година за таа цел се издвоени милион и пол евра повеќе од ланскиот буџет.   „Вкупните средства наменети за финансирање проекти од национален интерес во културата […]

Доколку Синдикатот има сознанија за мобинг во Филхармонија, треба да пријави, вели министерката за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната прес-конференција одговорајќи на новинарско прашање во врска со петицијата на вработените во Филхармонија за разрешување на директорот, потенцираше дека доколку Синдикатот за култура во оваа институција има одредени сознанија за мобинг од страна на директорот, постојат инстанци каде тоа треба да го пријават и тој ќе биде […]

Конечно продолжува реконструкцијата на Универзалната сала


  Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференцијата за резултатите од Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2024 година, на новинарско прашање за тоа кога ќе започне реконструкцијата на Универзалата сала најави дека Министерството за култура го изоде потешкиот пат, но го заврши процесот и реконструкцијата може да започне следната недела. […]

Прес на министерката за култура за годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес (видео)


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Медија-центарот на Владата ќе одржи прес-конференција.  Како што информираат од Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска ќе информира за резултатите од годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2024 година. 

Раскошниот балет „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди на 21 февруари во НОБ


На 21 февруари во 20  часот на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“.   Диригент е Иван Еминовиќ, кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со […]

Петиција на вработените во Филхармонија до Министерството за култура


„Поради неправилности во работењето, како и низа незаконски постaпки на в.д. директорот Даниел Лазаровски кои доведуваат до нарушување на меѓучовечките односи, а воедно и нарушување на угледот на институцијата не само во национални, туку и во меѓународни рамки, ние – вработените во НУ Филхармонија и членови на Синдикатот на истоимената институција поднесуваме петиција со која […]

МСУ слави 60 години постоење со дело на Барукело, промоција на „Големото Стакло“ и МСУ водич


На 11 февруари (недела) Музејот на современата уметност – Скопје бележи 60 години од основањето. Во пресрет на овој значаен јубилеј, оваа сабота на 10 февруари, со почеток во 12 часот, Музејот организира дневен настан – матине. Ексклузивно по 35 години ќе биде изложено уметничкото дело „Доблест во нужност“ на познатиот италијански уметник Џанфранко Барукело […]

„Заедно“ – концерт за виолина, виолончело и пијано во Филхармонија


Оркестарот на Филхармонијата вечер ќе го одржи концертот насловен „Заедно“ на кој ќе бидат изведени Концертот за виолина, виолончело и пијано во Це-дур, оп.56 од Лудвиг ван Бетовен и „Фантастична симфонија“, оп. 14 од Хектор Берлиоз. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија, а како солисти ќе настапат виолинистката Софи Хајнхрих (Австрија), пијанистката Марија […]

Теракотните икони од Виничко кале по Англија и Шпанија на изложба во Вински музеј Кавадарци


Теракотните икони од Виничко кале по претставувањето во Англија и Шпанија, доаѓаат на изложба во Вински музеј Кавадарци, информираше денеска Весела Честоева, директорка на кавадаречката културна институција. Таа подвлече дека станува збор за археолошки предмети, што се дел од културното богатство на Македонија и како такви, имаат непроценливо значење. – Подготовките се во полн ек, […]

„Гушни ги саканите со добра книга“ – специјален подарок за читателите по повод Денот на вљубените


Под слоганот „Гушни ги саканите со добра книга“, издавачката куќа „Топер“ го објавува својот специјален подарок за читателите по повод Денот на вљубените. Почнува кампања со широка палета наслови, сите достапни по намалени цени. Специјалната понуда е можност за секој читател да пронајде и избере совршен подарок за својата љубов или, пак, да си подари […]

Хитовите на Френк Синатра во изведба на Џон Илија Апелгрен за Денот на љубовта и виното


14 февруари е датум кој се поврзува со убави нешта, денот на љубовта, денот на виното, а годинава овој датум ќе го одбележи и еден посебен настан, концертот на Националниот џез оркестар со според многумина, еден од најдобрите џез вокали на овие простори, но и пошироко, Џон Илија Апелгрен. Концертот на кој ќе бидат изведени […]