Вучиќ ги одликува Силјан Мицевски-постхумно, Влада Урошевиќ и Никола Китановски по повод Денот на државноста на Србија


 Српскиот претседател Александар Вучиќ по повод националниот празник Ден на државноста одликува повеќе заслужни поединци и институции, а меѓу Македонците кои добија ордени се и почеснот конзул на Србија во Република Северна Македонија-Силјан Мицевски-постхумно, академик Влада Урошевиќ и оперскиот пејач Никола Китановски, јави дописникот на МИА од Белград. Силјан Мицевски кој беше почесен конзул на […]

За Универзална сала се обезбедени средства за три години, вели министерката за култура


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска информираше дека во тек е реконструкцијата на Универзалната сала и се бројат денови кога таа ќе биде отворена. Како што рече, за оваа година се обезбедени вкупно 120 милиони денари, а предвидени се средства и за следните две години. -Она што никогаш во 12 години не се направи, оваа […]

Костадиновска-Стојчевска: Одбивам политиката да биде дел од културата


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешниот брифинг со медиумите даде одговори на јавно поставените прашања во врска со резултатите од Годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес за 2024 година. Таа категорично ги отфрли квалификациите за политичко или друг вид на одлучување или влијание на Годишните конкурси и искажа незадоволство за начинот […]

Почнува „Берлинале“ – Мартин Скорсезе ќе добие почесна Златна мечка


Берлин – Во Берлин вечерва почнува 74. Меѓународен филмски фестивал Берлинале, на којшто 20 филмови се натпреваруваат за главната награда „Златна мечка“. Фестивалот ќе го отворат филмовите „Ваквите мали нешта“ (Small Things Like these) во режија на Тим Милантс и „Пики блајндерс“ (Peaky Blinders) со глумецот Килијан Марфи – инаку фаворит за престижниот Оскар за […]

„Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ вечерва во КИЦ


Документарниот диптих „Неврзаните“ и „Филмски герили“ на Мила Турајлиќ, денеска ќе биде прикажан во Салон 19:19 во Културно информативниот центар – Скопје, со почеток во 20:00 часот. Со документарниот диптих, почнува филмскиот сектор и филмската програма во КИЦ.  – „Неврзаните“ и „Филмски герили“ се документарен диптих од два долгометражни филмови кои нè носат на архивски […]

Промоција на македонските преводи на француските дела „Идис“ и „Везење“


Македонските преводи на француските дела „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“ и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“, вечер во 18 часот ќе бидат промовирани во просториите на Францускиот институт во Скопје. Настанот ќе се одвива на македонски јазик, а ќе го […]

„Љубов, страст – фламенко“ по повод Денот на вљубените


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените, насловен „Љубов, страст- фламенко!“. Диригент е Кристијан Васкез од Венецуела, а како солистка ќе настапи фламенко пејачката Марина Ередија од Шпанија. На програмата се дела од Лорка, де Фаља и Гинастера. -Оваа година, традиционалниот концерт по повод Денот на вљубените […]

„Македокс“ ќе промовира платформа со балкански документарци на Берлинале


Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, во склоп на европскиот филмски маркет на Берлинскиот филмски фестивал, на 18 февруари ќе ја промовира новата ВОД-платформа – https://www.doc-around-europe.net/. Платформата ќе има за цел на европската публика во наредните две години да ѝ понуди можност да погледне повеќе од 70 документарни филмови од автори во подем. Платформата претставува една […]

Промоција на „Синергија во времето“ од уметникот Страхил Петровски во Велес


„Синергија во времето“ е насловена публикацијата на визуелниот и мултимедијален уметник Страхил Петровски, која ќе биде промовира денеска во Ликовниот салон во Велес. Промотори на публикацијата ќе бидат Златко Теодосиевски, историчар на уметност, Лазе Трипков, визуелен уметник и Дарко Николовски, историчар на уметноста. Публикацијата е поддржана од Министерството за култура и Музеј Велес. Како што […]

„Нови енергии“ – изложба на ново примени членови во ДЛУМ


„Нови енергии“ е изложба на ново примени членови на Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) која ќе биде отворена вечер во галеријата во Домот на Армијата во Скопје. На изложбата ќе бидат претставени новите членови на Друштвото примени од 2023 и од првиот конкурс од 2024 година. Изложбата ќе биде отворена од претседателкатa на ДЛУМ, Јана […]

Ангелина Димоска-Миташева е нова в.д. директорка на Филхармонија


Ангелина Димоска – Миташева е новата в.д. директорка на Филхармонија, ни потврдија од Министерство за култура. Таа на функцијата ќе го наследи Даниел Лазаровски кој во изминатиот период беше в.д. директор. Новото назначување доаѓа во време кога вработените во Филхармонија преку синдикалната организација поднесоа петиција до Министерството за култура, со барање за  итно разрешување на […]

Општина Крива Паланка е избрана за Град на културата за 2024 година


Општина Крива Паланка ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура, кој беше објавен на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk. На конкурсот, апликација достави и Општина Велес. По извршената процена на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството […]

Роденден на ДПМ во криза – изборно собрание на 1 јуни


По две неуспешни вонредни изборни собранија во ноември и јануари, Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) за 1 јуни закажа редовно изборно собрание кога се очекува членството да избере нов претседател и претседателство на писателската асоцијација која денеска одбележа 77 години постоење. Според актуелниот претседател Христо Петрески, кризата во која се наоѓа ДПМ се должи […]

Одбележување на 77-годишнината од постоењето на ДПМ (видео)


Одбележување на 77-годишнината од постоењето на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) со поетско читање и настап на повеќе македонски поети. Пригодни беседи за поезијата на Блаже Конески, Ацо Шопов и Славко Јаневски – тројцата основачи и претседатели на Друштвото на писателите на Македонија, ќе одржат професор доктор Васил Дрвошанов и професор доктор Александар Прокопиев.

Промоција на „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор


Збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор (1913 – 2022) вечер ќе биде промовирана во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Делото го издаде Издавачката куќа „Арс Ламина“. Промоцијата е во рамки на четвртото издание на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува од 6 до 20 февруари. На промоцијата ќе се обратат […]

Промоција на „Бела Сама“ од Виолета Танчева-Златева


 „Бела Сама“ – најновото прозно дело на македонска авторка Виолета Танчева-Златева вечер ќе биде промовирано во Културно-информативниот центар – Скопје. Делото го издаде Издавачки центар „ТРИ“.  Како што информира Културно-информативниот центар – Скопје, овој роман е суштинско навлегување во темите на мајчинството, женскиот принцип и трагичните околности во животот. – Оваа книга е вистинско обележје […]

Отворен поетски ден за 77 години постоење ДПМ


Отворен поетски ден ќе се одржи денеска во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) и ќе се одбележи 77-годишнината од неговото постоење со поетско читање и настап на повеќе македонски поети. Друштвото на писателите на Македонија било формирано на 13 февруари 1947 година, од страна на Васил Иљоски, Славко Јаневски, Блаже Конески, […]

Драмски прими десет нови актери од 80 кандидати


Десет актери се примени во ансамблот на Драмски театар, откако неодамна беше објавен конкурус во оваа национална установа. На конкурост се пријавиле 80 дипломирани актери, a жири-комисијата ги избра: Лазар Христов, Владимир Петровиќ, Нина Елсезер, Маријан Наумов, Јована Спасиќ, Ања Митиќ, Ивана Павлаковиќ, Дениз Абдула, Томислав Давидовски и Сара Климоска. Аудицијата се одржала на 22 и […]

Дела од Бадентер и од Сатрапи преведени на македонски – промоција во Францускиот институт


Францускиот институт во Скопје и издавачките куќи „Или-Или“ и „Бункер“ имаат чест да ве поканат на книжевна промоција на македонските преводи на француските дела: „Идис“ од Робер Бадентер, во превод на Гзиме Старова, издание на „Или-или“, и „Везење“ од Марџан Сатрапи, во превод на Јоана Хаџи-Лега Христоска, издание на „Бункер“.   Промоцијата ќе се одржи в четврток, […]

Да се биде хит писател станува претешко бреме: Интервју со Александар Прокопиев, прозаист и есеист


  „Во однос на пишувањето, авторот, во некоја смисла е метеоропат, односно прилично силно ја чувствувам разликата меѓу времето кога ја создавав книгата, преисполнето со мисли, преиспитувања и страст, и ова по издавањето, кога книгата си го продолжува своето патешествие, а јас, поспокоен и пообјективен, ја набљудувам од брегот, планирајќи го следното креативно патување“ вели […]