Алиса Фини во Скопје: Најпродаваниот автор на Њујорк тајмс на Саемот на книга


 

По големиот успех на минатогодишниот Саем на книгата со еден од најчитаните автори кај нас,  Крис Картер, оваа година Сакам книги најавуваат уште еден саемски спектакл за сите книгољупци. Како што велат од издавачката куќа „Сакам книги“, Алис Фини, амбициозната авторка на напнати и непредвидливи трилери, со саксонска доза на мистерија и заплет, ве поканува на уште едно несекојдневно искуство.

Алиса Фини е авторка на добропознатите „Понекогаш лажам”, „Тој и Таа” и „Камен лист ножички“, преведени на македонски, а има и уште неколку други дела. Нејзините романи се преведени на над дваесет и пет јазици, а дел од нив имаат ѝ екрански адаптации.

Оваа визионерка, која поранешно работела како новинарка на Би-Би-Си, ќе се сретне со македонските читатели на 19 април, од 16 часот, во салата „Борис Трајковски“ во рамките на Саемот на книгата. Таму ќе потпишува примероци од своите книги и ќе го промовира својот нов роман „Добра и лоша”, во издание на издавачката куќа Сакам книги.

Алиса Фини е позната по својата вештина да пишува катаклизмични трилери со сложени заплети, мрачни ликови и завршетоци кои ќе ве шокираат до срж. Од нејзиниот деби трилер „Понекогаш лажам”, до последниот роман „Добра и лоша“, Фини знае како да ги носи своите читатели на диви возења од почеток до крај.

„Книгите можат да нѐ однесат каде било ако им дозволиме. Можат ѝ да нѐ ослободат. Таа слобода е нешто кон кое сите ние се стремиме, особено откога ќе ја изгубиме“, изјавува Фини и оваа вистина е длабоко вкопана во нејзината суштина.