„Кајмак“ со награда на филмската критика на фестивалот во Херцег Нови


Филмот „Кајмак” на Милчо Манчевски, освои Специјално признание на жирито ФЕДЕОРА (Федерација на филмски критичари од Европа и Медитеранот). Наградата беше доделена на вчерашната свеченост при затворањето на меѓународниот Фестивал Херцег Нови Монтенегро. На свеченоста, покрај режисерот Манчевски, присуствуваа и актерите од филмот Александар Микиќ и Ана Стојановска. „Филмови не се прават за награди, ама вакво признание …

„Кајмак“ со награда на филмската критика на фестивалот во Херцег Нови Read More »

„Леди Магбет“ на Рисимкин на сцената на Театарот „Камплој“ во Верона


Вечерва во рамки на годинешното издание на Верона Шекспир Фринге фестивалот, во Италија, во 21 часот, на сцената на театарот „Камплој“, ќе се изведе претставата „Лејди Магбет“ во кореографија на Рисима Рисимкин со Скопје Танцовиот Театар. Музиката за претставата е на композиторот Тони Китановски, костимите на Благој Мицевски, а дизајнот на сцената и светло на Матеа …

„Леди Магбет“ на Рисимкин на сцената на Театарот „Камплој“ во Верона Read More »

Тамара Котевска ќе одржи говор за моќта на филмот во Венеција


Филмската режисерка Тамара Котевска е првиот автор од Македонија која е поканета на ексклузивен настан во рамките на Фестивалот во Венеција, да одржи свечен говор за филмови, кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена, каде и официјално ќе ја најави премиерата на нејзиниот нов долгометражен документарен филм „The Walk“. Ексклузивниот настан LIGHTS CAMERA …

Тамара Котевска ќе одржи говор за моќта на филмот во Венеција Read More »

На Летната школа на УКИМ промоција на хрватското издание македонски сказни „Детелинки белинки“


Во рамки на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) вечерва од 19 часот во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид ќе биде промовиран хрватскиот превод на книгата „Детелинки белинки“, објавен по повод 15 години Лекторат по македонски јазик …

На Летната школа на УКИМ промоција на хрватското издание македонски сказни „Детелинки белинки“ Read More »

Со поетско читање во МСУ официјално завршија 62. „Струшки вечери на поезијата“


Дваесетина поети од земјава и од странство синоќа имаа поетско читање во Музејот на современа уметност во Скопје, со што и официјално заврши 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Настанот наречен Меѓународен поетски митинг го проследија повеќе љубители на пишаниот збор. Фестивалот, кој траеше од 24 до 28 август, свечено беше …

Со поетско читање во МСУ официјално завршија 62. „Струшки вечери на поезијата“ Read More »

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември во Струмица


Триесет и првото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 Септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 10 остварувања од земјава, Бугарија и Словенија. Завесата на ФКТ „Ристо Шишков“ ќе ја кренат актерите од Велешкиот театар „Ј.Х.Џинот“ со претставата „Татко“ од Флоријан Зелер, во режија Ненад …

Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ од 8 до 13 септември во Струмица Read More »

Холивудските ѕвезди доаѓаат на Фестивалот во Венеција


Лос Анџелес – И покрај штрајкот на филмските работници во Холивуд, што трае веќе месец и половина, Филмскиот фестивал во Венеција нема да остане без американските ѕвезди. Најстариот филмски фестивал во светот се одржува од 30 август до 9 септември годинава, а потврдено е дека на црвениот тепих ќе прошетаат Адам Драјвер, Џесика Честејн, Кејлеб …

Холивудските ѕвезди доаѓаат на Фестивалот во Венеција Read More »

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“- спуштена завесата на престижниот фестивал


Наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва беа врачени на Мостот на поезијата во Струга со што свечено се затвори 62. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Награди им беа врачени на годинешниот лауреат и добитник на „Златен венец“, македонскиот поет Влада Урошевиќ, на добитникот на наградата „Мостови на …

Врачени наградите на 62. „Струшки вечери на поезијата“- спуштена завесата на престижниот фестивал Read More »

Пендаровски ги прими лауреатот, добитниците на награди и организаторите на Струшките вечери на поезијата


Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими годинешниот лауреат на Струшките вечери на поезијата, академикот Влада Урошевиќ, директорот на Струшките вечери на поезијата, Тодорче Тасевски, претседателката на управниот одбор на фестивалот,  Елизабета Шелева, добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, Димитар Башески и добитник на наградата „Мостови на Струга“ на УНЕСКО за дебитантска книга, Гавин Бредли, информираат од …

Пендаровски ги прими лауреатот, добитниците на награди и организаторите на Струшките вечери на поезијата Read More »

Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик


Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик. Тоа според мене е губење време. Ние пишуваме на македонски и не можеме тоа да го доведеме во прашање затоа што ќе го доведеме во прашање својот идентитет, својата егзистенција, порачува во интервју за МИА годинашниот добитник на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата, …

Урошевиќ: Не треба да се впуштаме во полемики за македонскиот јазик Read More »

Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ


Во куќата на Уранија во Охрид денеска, во рамки на Научна и уметничка визита 2023, ќе се одржи поетска средба со истакнатиот црногорски поет, академик Павле Горановиќ, член на Црногорската академија на науките и уметностите – ЦАНУ. На средбата предвидено е претставување и разговор со авторот, кој е гостин на годинашното издание на Струшките вечери …

Поетска средба – разговор со академик Павле Горановиќ Read More »

Влада Урошевиќ во Св. Софија: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети


Tрадиционалниот поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ, се одржа вечерва во црквата „Св. Софија“ во присуство на претседателот Стево Пендаровски, како ипред бројни гости од земјава и од странство. Влада Урошевиќ е третиот македонски венцоносец, поет од третата повоена македонска поетска генерација …

Влада Урошевиќ во Св. Софија: Чест ми е што можам да се придружам на врвната плејада поети Read More »

Шелева: Да беше роден во моќна западно-европска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира


Одбележување на сто години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов се одржа денес во црквата „Св. Софија“ во Охрид во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезија“. Пред бројните странски и домашни гости свое обраќање имаше литературната критичарка и теоретичарка Елизабета Шелева, која потенцираше дека Шопов е поет од светски ранг. …

Шелева: Да беше роден во моќна западно-европска земја, Ацо Шопов ќе беше тамошна школска лектира Read More »

На СВП прв пат промовирана поетска антологија посветена на флората


Антологија за поезијата и флората, насловена „Меѓу дрвјата“ чиј приредувач е македонскиот поет и филозоф Иван Џепароски, беше промовирана синоќа во рамки на 62. издание на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Антологијата содржи 167 песни и околу 3 500 стихови. За сите застапени автори, едновремено е подготвена и биобиблиографска белешка како составен дел на книгата. …

На СВП прв пат промовирана поетска антологија посветена на флората Read More »

Маџиров за поезијата на Бредли: Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите


Добитниците на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“, Димитар Башевски и Гевин Бредли вечерва во рамки на „Струшките вечери на поезијата“ имаа свои портрети на кои се говореше за нивниот лик и дело. За книгата „Страв од разделба“ ирскиот поет Бредли е добитник на меѓународната награда „Мостови на Струга“ што ја доделуваат „Струшките вечери …

Маџиров за поезијата на Бредли: Поетот верува дека само раните можат да се наследат, а не болестите Read More »

На „Струшките вечери на поезијата“ промовирана поезијата на Адам Хоровиц и Алекси Берно


Поезијата на странските поети Адам Хоровиц и Алекси Берно денеска беше промовирана во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. Хоровиц и Берно се преведени на македонски јазик и книгите им се објавени како дел од проектот „Версополис“, соопштија организаторите на Струшките вечери на поезијата. ОД СВП информираат дека идејата на „Версополис“ е преку мрежа од …

На „Струшките вечери на поезијата“ промовирана поезијата на Адам Хоровиц и Алекси Берно Read More »

Драмски театар со претставата „Мојот маж“ на фестивалот РУТА на Бриони


Драмски театар со претставата „Мојот маж“ гостува в среда на 30 август во Хрватска. На Бриони во организација на Театарот Улисисс е одржува летното издание на регионалниот театарски фестивал РУТА. Гостувањето на членките од Регионалната унија на театри се реализира со изведба на претстави во рамките на фестивалската програма на театарско-музички проект на тимот на …

Драмски театар со претставата „Мојот маж“ на фестивалот РУТА на Бриони Read More »

СВП: Промовирано преведеното издание на „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски 


Промоција на преведеното издание на „Збунети компаси“, поетската книга на Зоран Анчевски, добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2022 година се одржа денеска во предворјето на црквата „Света Богородица“ во Калишта. Со оваа промоција „Струшките вечери на поезијата“ ја продолжуваат традицијата на претставување на преведеното издание на минтатогодишниот добитник на наградата. – Зоран Анчевски е …

СВП: Промовирано преведеното издание на „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски  Read More »

Теона Митевска ќе режира филм за Мајка Тереза: Агенцијата за филм ги објави резултатите од годинешниот конкурс


Агенцијата за филм, вчера на веб страната ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување. Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов “Можна приказна за мајка Тереза”, во режија …

Теона Митевска ќе режира филм за Мајка Тереза: Агенцијата за филм ги објави резултатите од годинешниот конкурс Read More »

Интернационална премиера на „Досие Иднина“ на фестивалот во Нанси


Македонскиот краткометражен игран филм „Досие Иднина“ во режија на Гоце Трајковски ќе ја има својата интернационалнапремиера на филмскиот фестивал во Нанси, Франција, кој годинава се одржува по 29ти пат. Филмот ќе биде прикажан во официјалната програма, а проекцијата е закажана за понеделник, 28 август во 20:45 часот.    Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли …

Интернационална премиера на „Досие Иднина“ на фестивалот во Нанси Read More »