Со 7,5 милиони денари ја унапредуваме културата и во Кривогаштани, вели министерката за култура


Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска заедно со дополнителните заменици министри за Внатрешни работи и за Труд и социјална политика Митко Бојмацалиев  и Јованка Тренчевска, беше во работна посета на Општина Кривогаштани каде  направи увид во проектите за кои од Програмата за капитални дотации во културата се издвоени 7,5 милиони денари. Костадиновска-Стојчевска истакна дека водени од желбата …

Со 7,5 милиони денари ја унапредуваме културата и во Кривогаштани, вели министерката за култура Read More »

Фредерико Педреира: „Лекцијата на месечарот“ е своевиден омаж кон Пруст, Џојс, Борхес и Песоа


Неколку дена по одбележувањето на Денот на европските автори, издавачката куќа „Арс Ламина“ го промовираше последниот роман од проектот „Порта Европа“ – „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира. Во едицијата „Порта Европа“ застапени се македонски преводи на шест наслови од млади, но веќе етаблирани европски писатели – добитници на Европската награда за книжевност. …

Фредерико Педреира: „Лекцијата на месечарот“ е своевиден омаж кон Пруст, Џојс, Борхес и Песоа Read More »

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“


Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Северна Македонија“, соопштува Министерството за култура. …

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“ Read More »

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам


Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во 19 часот во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани на уметниците од страна на украински бегалци во Романија во почетокот на месецот. На изложбата ќе може да се видат делата на …

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам Read More »

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје


Квинтетот на Симон Трпчески и камерниот оркестар „Ајга“ ќе го изведат проектот „Македонисимо“ со оркестарската верзија, на два концерта, во салата на Македонската филхармонија. Ова беше кажано на денешната прес-конференција. – Мислам дека направивме еден феноменален историски чекор за македонската музика, уметност и за Македонија како земја, рече Трпчески. Диригентката Ана Спасовска, зборувајќи во име …

Квинтетот на Симон Трпчески и оркестарот „Ајга“ со два концерти во Скопје Read More »

„Базирано врз речиси вистинити настани“ – нова книга на Ѕвездан Георгиевски


  Во издание на издавачката куќата „Бегемот“, излезе од печат книгата „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски.  Во најновиот ракопис Георгиевски ги истражува границите на романот како жанр на еден навидум парадоксален начин – однапред откажувајќи се од можноста да напише, односно да заврши еден роман. Ракописот е составен од шеснаесет почетоци, своевидни …

„Базирано врз речиси вистинити настани“ – нова книга на Ѕвездан Георгиевски Read More »

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира


Раскошниот автобиографски роман „Лекцијата на месечарот“, од португалскиот писател Фредерико Педреира, ќе биде претставен пред македонската публика со онлајн-промоција, која ќе се одржи в петок (29 март), во 19 часот. Во разговорот со авторот, кој ќе може да се проследи на  фејсбук-страницата на „Арс Ламина“, ќе се вклучат уредничката Бисера Бендевска и преведувачката од португалски …

Онлајн-промоција на романот „Лекцијата на месечарот“ од португалскиот писател Фредерико Педреира Read More »

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија


Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ. Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и …

Битолскиот театар на меѓународен фестивал во Рума, Србија Read More »

Министерката за култура се сретна со претставниците на УНЕСКО: Ги исполнуваме препораките


Министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО, Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Охрид оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО која е составена од членови на Центарот за светско наследство, Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата. Средбатата се одржа во Завод и Музеј-Охрид, а …

Министерката за култура се сретна со претставниците на УНЕСКО: Ги исполнуваме препораките Read More »

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца


  Сликовницата „Рокчето“ од поетот Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска, ќе биде промовирана на 2 април (вторник), во 18 часот, пред книжарницата „Литература.мк“ во Струмица. Промотор на книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска, а специјален гостин ќе биде фолклористот Иван Котев. …

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца Read More »

Искра Гешовска за Ристо Стефановски: Неверојатен мајстор да остане секогаш наспроти, а длабоко вкотвен


На Светскиот ден на театарот, синоќа, во Драмски театар, во присуство на бројни гости од културната фела, беше промовирана монографијата „Ристо Стефановски“, во чест на легендарниот театролог, долгогодишен театарски работник и театарски историчар, Ристо Стефановски (1928 – 2022), кој 26 години беше директор на театарот, од основањето, а кој почина во 2022 година.  Промоторката на …

Искра Гешовска за Ристо Стефановски: Неверојатен мајстор да остане секогаш наспроти, а длабоко вкотвен Read More »

Ристо Стефановски е дел од нашата колективна меморија: Монографија во чест на легендарниот театролог


Драмски театар – Скопје, синоќа, за Светскиот ден на театарот, во присуство на бројни гости од културната фела,  ја именува својата голема сцена во „Ристо Стефановски“, кој беше театролог, театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на оваа културна установа (1957-1983). Беше промовирана и монографијата „Ристо Стефановски“. Ристо Стефановски (1928-2022), на 22 април 1957 година …

Ристо Стефановски е дел од нашата колективна меморија: Монографија во чест на легендарниот театролог Read More »

Концерт „Татковина“ во Филхармонија


Филхармонијата вечер ќе одржи концерт насловен „Татковина“ под диригентство на Сашо Татарчевски, на кој ќе настапи виолинистот Бојан Илкоски. На програмата ќе бидат изведени виртуозниот Концерт за виолина и оркестар бр.1 од Николо Паганини (1782-1840) и Симфонија бр. 4 во де-мол, оп.120 од Роберт Шуман (1810-1856) Дирирентот  Татарчевски дипломирал и магистрирал на Факултетот за музичка …

Концерт „Татковина“ во Филхармонија Read More »

„Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024


Во ТЦ Ист гејт денеска од 18 часот ќе биде отворена изложба на Скопскиот моден викенд 2024. На покана на организаторите, Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) ќе се претстави со изложба насловена „Лебдење” (Floating) со автори кои работат на текстил во ликовен контекст. Како што соопшти ДЛУМ, на изложбата ќе учествуваат: Јана Манева-Чупоска, …

„Лебдење“ на ДЛУМ во рамки на изложбата на Скопскиот моден викенд 2024 Read More »

Честитка од министерката Костадиновска-Стојчевска за Светскиот ден на театарот


На Светскиот ден на театарот, чест ми е да ви се обратам на сите и со вас да споделам дека театарот е непроценлив дел од нашето културно наследство и игра клучна улога во обликувањето на општеството. Вашата сцена е моќна за да ги изразите нашите заеднички перспективи, да иницирате дијалог и да поттикнете емпатија. Вие …

Честитка од министерката Костадиновска-Стојчевска за Светскиот ден на театарот Read More »

УНЕСКО два дена ќе ја скенира состојбата во Охрид


Реактивната мисија на УНЕСКО од денеска па во наредните два дена ќе ја скенира состојбата во Охрид за да ја утврди фактичката состојба на терен, а ќе ги посети и сите засегнати институции, по што ќе донесе заклучоци по кои ќе треба државата да постапува. „Реактивната мисија која што ни беше предвидена и како една …

УНЕСКО два дена ќе ја скенира состојбата во Охрид Read More »

Што напиша нобеловецот Јон Фосе за Светскиот ден на театарот


Секој човек е уникатен, неповторлив, посебен, а сепак ист како и секој друг. Нашата видлива, надворешна појава, е различна од сечија друга. И се разбира, сето тоа е добро и убаво, но исто така во секој човек има нешто што му припаѓа само и единствено нему – а тоа е самиот тој. Односно, тоа нешто …

Што напиша нобеловецот Јон Фосе за Светскиот ден на театарот Read More »

Поддршка од “Еуримаж“за македонските копродуценти


  Паневропскиот филмски фонд „Еуримаж“ додели финансиски средства за 26 проекти од вкупно 76 пријавени на сесијата која неодамна заврши.    „Оваа сесија ја одбележа шпанската кинематографија со вкупно 10 пријавени проекти, од кои 6 добија финансиска поддршка. Ако се има предвид дека секој пријавен проект во Еуримаж има потврдена национална финансиска поддршка ова навистина …

Поддршка од “Еуримаж“за македонските копродуценти Read More »

„Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јoрдан Плевнеш презентирана на манифестацијата Театарска Европа во Париз


Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“. На презентацијата беа изведени повеќе сцени од …

„Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јoрдан Плевнеш презентирана на манифестацијата Театарска Европа во Париз Read More »

Битолскиот театар ќе учествува на Стеријино позорје во Нови Сад


Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е избран, и ќе учествува во официјалната конкуренција за награди на меѓународниот театарски фестивал Стеријино позорје во Нови Сад. Македонските актери, на 69. фестивалско издание во Нови Сад ќе ја одиграат претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ. -Драмскиот текст „Брод за кукли“ на фестивалот …

Битолскиот театар ќе учествува на Стеријино позорје во Нови Сад Read More »