На 96 години почина Коста Балабанов, доајен на македонската историја на уметност и археологија


Почина Коста Балабанов, доајен на македонската историја на уметноста и археологија, автор на повеќе од 200 стручни и научни трудови посветени главно на средновековната уметност, филмски и телевизиски сценарист. Долги години беше почесен конзул на Јапонија во Република Македодонија. Имаше 96 години. Роден е на 5 април 1929 го Штип. Од 1953 работеше во Централниот …

На 96 години почина Коста Балабанов, доајен на македонската историја на уметност и археологија Read More »

„Свадба“ со Бјелогрлиќ и Биторајац наполни 17 сали на премиерата во Скопје


Свадба ко свадба, што да се раскажува, парада на пијанство и кич…пееше своевремено во свoјот хит покојниот Ѓорѓе Балашевиќ. Нашите балкански свадби се стварно нешто посебно. Особено кога ќе се опијанат сватовите. Скопје (по Белград, Загреб, Сараево и Љубљана ) синоќа во Синеплекс “беше поканет на свадба на младенците Хрватката Ана, ќерка на бизнисмен во …

„Свадба“ со Бјелогрлиќ и Биторајац наполни 17 сали на премиерата во Скопје Read More »

„Храбриот нов театар“, Дејан Дуковски автор во фокус: 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп


Јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп оваа година ќе се одржи од 5 до 12 јуни во Прилеп. Ова беше одлучено на Собранието на фестивалот, што се одржа минатата недела. Во тек се подготовките на фестивалот и тимот активно работи фестивалот да има достоен јубилеј, креативна програма и да се …

„Храбриот нов театар“, Дејан Дуковски автор во фокус: 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ од 5 до 12 јуни во Прилеп Read More »

Никола Ѓуричко, Александар Поповски, омаж за Пандур: МНТ го продолжува јубилејот со меѓународни гостувања


Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжува со одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава пак, прославата се надоврзува на таа …

Никола Ѓуричко, Александар Поповски, омаж за Пандур: МНТ го продолжува јубилејот со меѓународни гостувања Read More »

„Матица македонска“ ќе ги награди читателите што во своите домашни библиотеки ќе најдат нејзини стари изданија


 Издавачката куќа „Матица македонска“ ги повика читателите да побараат нејзини стари изданија во своите домашни библиотеки за што ќе додели награди во рамки на чествувањето на 35-годишнината од постоењето. – На нашите страници на социјалните мрежи ги повикуваме читателите да ја најдат најстарата книга што ја купиле во издание на „Матица“, да ја фотографираат и …

„Матица македонска“ ќе ги награди читателите што во своите домашни библиотеки ќе најдат нејзини стари изданија Read More »

Битолскиот и Прилепскиот театар со „Црно семе“ и„Црнила“ гостуваат во МНТ


Народниот театар Битола со претставата „Црно семе“ ќе гостува на сцената на Македонскиот народен театар, на 20 февруари, во 20 часот. Станува збор за сценска адаптација на истоимениот антологиски роман на Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски. „Црно семе“ е моќна и емотивна сценска приказна, која отвора едно од најболните поглавја од македонската колективна меморија — судбината и голготата …

Битолскиот и Прилепскиот театар со „Црно семе“ и„Црнила“ гостуваат во МНТ Read More »

Изложба на фотографии „Јадрански минијатури“ на Тончи Станчиќ


Во Културно-информативниот центар – Скопје (Империјал 1) вечер во 18, 30 часот ќе биде отворена излобата на фотографии „Јадрански минијатури“ на хрватскииот фотограф и поранешен дипломат Тончи Станчиќ. Секоја фотографија, во својата суштина, е обид за припитомување на неуловливото, а делата на Тончи Станчиќ ни го носат токму тоа – визуелни партитури во кои светлината …

Изложба на фотографии „Јадрански минијатури“ на Тончи Станчиќ Read More »

Памела Андерсон и Ченинг Тејтум  доаѓаат на Берлинале


Берлин – Памела Андерсон, Ченинг Тејтум и Сандра Хилер пристигнуваат на годинешниот Берлински меѓународен филмски фестивал, објавија организаторите во вторник, неколку дена пред почетокот на Берлинале. Шон Бејкер, кој го освои „Оскарот“ во 2025 година за филмот „Анора“, ќе го одржи говорот наместо почесната добитничка на Златна мечка Мишел Јео („Сè насекаде одеднаш“). Жулиет Бинош, …

Памела Андерсон и Ченинг Тејтум  доаѓаат на Берлинале Read More »

„Ѕвездено арпежо“ со врвната харфистка Анлин Ленартс во Филхармонија


Овој четврток во 20 часот оркестарот на Македонска филхармонија ќе одржи  концерт насловен „Ѕвездено арпежо“ на кој како солистка ќе настапи Анлин Ленартс, водечка харфистка од Белгија, која во моментов работи во оркестарот на престижната Виенска филхармонија. Диригент е маестро Конрад ван Алфен од Холандија. На програмата се „Горе и долу – три слики од …

„Ѕвездено арпежо“ со врвната харфистка Анлин Ленартс во Филхармонија Read More »

Врвниот виолинист Даниел Роуланд и 30 млади европски музичари со концерт на 10 февруари во Филхармонија


 Февруарската концертна серија на Институтот FAME’S ќе биде отворена на 10 февруари во Камерната сала на Македонската филхармонија со концертот „Од студио до сцена“, под уметничко водство на реномираниот холандско-британски виолинист Даниел Роуланд. Концертот претставува кулминација на истоимената едукативна програма, во која учествуваат 30 внимателно селектирани млади музичари од Европа. Проектот „Од студио до сцена“ …

Врвниот виолинист Даниел Роуланд и 30 млади европски музичари со концерт на 10 февруари во Филхармонија Read More »

Почнува зимскиот саем на книгата „Книга во секој дом“ на „Матица“


Почнува чествувањето на јубилејот 35 години од формирањето на првата издавачка куќа во самостојна Македонија – „Матица македонска“. Во книжарницата на „Матица“ и онлајн преку е-книжарницата, почнува годинешното издание на традиционалниот зимски саем на книгата „Книга во секој дом“. Во текот на Саемот, со јубилеен попуст за читателите ќе бидат достапни изданијата на „Матица македонска“ …

Почнува зимскиот саем на книгата „Книга во секој дом“ на „Матица“ Read More »

Објавен составот на жирито на Националниот натпревар за млади балетски уметници „Роксан Стојанов“


ИнтерАрт Културниот Центар го објави составот на жирито на Националниот натпревар за млади балетски уметници „Роксан Стојанов“ – нова и значајна платформа посветена на поддршка, афирмација и професионален развој на младите балетски таленти од земјава. Жирито на натпреварот, како што велат од ИнтерАрт Културниот Центар, обединува врвни уметници, педагози и културни претставници со исклучително национално …

Објавен составот на жирито на Националниот натпревар за млади балетски уметници „Роксан Стојанов“ Read More »

Драмски со претставите „Плејбои…“ и „Кармен“ гостува на фестивалот РУТА во Љубљана


Помеѓу 29 јануари и 4 февруари 2026 година, Местно гледалишче љубљанско (МГЛ) по петти пат е домаќин на РУТА, регионалниот театарски фестивал. Овој ревијален фестивал од 2019 година на секои два месеци обединува шест театарски куќи од регионот на фестивалската сцена. Драмски театар – Скопје, сараевскиот Камерни театар 55, Београдско драмско позориште, Казалиште „Улисис“ од …

Драмски со претставите „Плејбои…“ и „Кармен“ гостува на фестивалот РУТА во Љубљана Read More »

Реиздание на „Писма“ од Игор Исаковски


Издавачката куќа „Или-Или“ повторно го објави изданието „Писма“ – дебитантската проза од Игор Исаковски (1970-2014). Книгата е првпат објавена во 1991 година, во издание на „Книжевна младина на Македонија“. -По 35 години една од „најскопските“ книги повторно  заживува и меѓу новата генерација  домашни читатели. По собраната поезија на едно место (десетте стихозбирки) во луксузното издание …

Реиздание на „Писма“ од Игор Исаковски Read More »

Џ. К. Роулинг обвинета за допишување со Епштајн, еве што одговори


Авторката Џ. К. Роулинг се огласи откако во нова серија протечени документи за Џефри Епштајн се тврди дека го поканала озлогласениот педофил на претставата „Хари Потер и проколнатото дете“. Најновата серија документи, објавени од демократите во Претставничкиот дом и Сенатот, предизвика серија скандали, а меѓу новите познати личности чии имиња се споменуваат е и авторката …

Џ. К. Роулинг обвинета за допишување со Епштајн, еве што одговори Read More »

„Антолог“ објави три сликовници од украински автори


Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје објави три сликовници на македонски јазик од украински автори: „Кој ќе го направи снегот?“ од Тарас и Марјана Прохаско,  „Подарок“  и „Најсреќното лавче“ од Олександр Шатохин.  Овој избор на книги за деца преведени на македонски јазик е со поддршка од Програмата за поддршка на преводи „Translate Ukraine“.  Сите три книги …

„Антолог“ објави три сликовници од украински автори Read More »

Oбјавен преводот на „Големиот канцелар“ од Булгаков


Приопштувањето дела од големиот руски писател Михаил Булгаков, Книгоиздателството ВиГ ЗЕНИЦА го заокружи со превод на Големиот канцелар – повеќекратни, обемни верзии на познатиот роман Мајсторот и Маргарита. (ВиГ ЗЕНИЦА во изминати три години ги објави речиси сите, тринаесет драми – Драми I, Драми II и избор од  расказите на Булгаков.) Познато е дека Булгаков …

Oбјавен преводот на „Големиот канцелар“ од Булгаков Read More »

Избрани финалистите за годишните награди на ДПМ за 2025


Друштвото на писателите на Македонија ја информира јавноста дека анонимните жири-комисии задолжени за изборот на добитниците на петте традиционални годишни награди на ДПМ за 2025 г. ги избраа делата што влегуваат во најтесен избор. Од осумтеполуфиналисти (од вкупно седумнаесет пријавени дела)за наградата „Стале Попов“ на ДПМ, за најдобро прозно дело објавено во 2025 г., поради …

Избрани финалистите за годишните награди на ДПМ за 2025 Read More »

Филмот „Мајка вештерка“ во официјалната селекција на Ротердамскиот филмски фестивал


Филмот „Мајка вештерка“ на кипарскиот режисер Минос Папас, во чија копродукција учествува и македонската компанија „Фокус Покус“,  денеска ќе биде прикажан во официјалната селекција на Меѓународниот филмски фестивал во Ротердам.  Приказната се одвива во 1882 година на Кипар и го следи животот на Елени – образована сликарка и мајка чиј свет се распаѓа кога нејзините …

Филмот „Мајка вештерка“ во официјалната селекција на Ротердамскиот филмски фестивал Read More »

Јоана Сарафимовска е нов в.д. директор на Центарот за култура во Куманово


Јоана Сарафимовска е именувана за вршител на должност директор на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово. Таа доаѓа на местото на досегашниот директор Сашо Тодоровски. Сарафимовска, дипломиран филолог по турски јазик со македонски јазик,  беше вработена во установата, каде работи како стручен соработник за драмска дејност. Нејзиното именување е извршено од страна на …

Јоана Сарафимовска е нов в.д. директор на Центарот за култура во Куманово Read More »