Почина актерот Чедомир Петровиќ, синот на легендарниот Чкаља


Српскиот актер, режисер и сценарист Чедомир Петровиќ (1949-2025) почина на 76-годишна возраст, во Белград, објави неговата ќерка, актерката Јована Петровиќ за „Блиц“. Петровиќ дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во 1973 година, а глумел во Народниот театар, Ателје 212 и Југословенскиот драмски театар. На телевизија се појавил во сериите  “Позориште у кући”, […]

Нематеријалното културно наследство впишано во УНЕСКО во фокусот на летната програма на македонскиот КИЦ во Загреб


Македонскиот КИЦ во Загреб во соработка со најголемиот хрватски фестивал за традиционална музика и танц ,,Меѓународна смотра на фолклорот” во рамките на официјалната програма на 59. Издание на Фестивалот во сабота 19. јули, со трибина и концерти ќе го одбележи јубилејот 10. години од впишувањеto на “Гласоечкото пеење Долни Полог” на Ургентната листа на УНЕСКО. Трибината […]

Зоран Кардула со нова самостојна изложба „Flora Imaginarium” во НОБ


Во петок, на 18 јули со почеток од 20 часот, во фоајето на Националната опера и балет (НОБ) ќе се отвори изложбата „Flora Imaginarium” на познатиот македонски уметник и графички дизајнер Зоран Кардула. Оваа изложба е резултат на двегодишна работа на проект поврзан со еден македонски бренд, при што Кардула создаде серија уникатни дела инспирирани […]

Проекција на македонскиот филм „Исцелител“ на летното кино во Сити мол


Во рамки на програмата „Филм во фокус“, вечерва, во Сити мол на „Rooftop open air cinema“, ќе се одржи проекција на македонскиот филм „Исцелител“ во режија на Ѓорче Ставрески. Како што стои во соопштението, на настанот ќе присуствува дел од филмската екипа, која по проекцијата на филмот заедно со режисерот ќе одржат интерактивна „Q&A“ сесија […]

Театарската претстава „12“ на МНТ вечерва на „Охридско лето“


Драмската програма на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува со вечерашната театарска претстава „12“, според мотиви на текстот „12 Гневни мажи“ од Реџиналд Роуз, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. „Живееме во лудa доба. Нон-стоп. Имаме високо мислење за себе и за околината, но во суштина сме небитни. Времето немилосрдно нѐ гази, историјата […]

Врие во Националната галерија: Се бара итно поништување на одлуката за избор на директор


Вработените во Националната галерија на Република Северна Македонија, со соопштение до јавноста, го изразуваат најостро своето несогласување со одлуката за именување директор на институцијата. Јавно бараат преиспитување и итно поништување на одлуката за избор на Али Синани за директор. Националната галерија претпладнево на својата фејсбук страна објави дека уметникот Али Синани е нов директор. Тој […]

„Лов на дива свиња“ – македонско-црногорска премиера в сабота во МНТ


Во рамки на „Скопско лето“, в сабота на малата сцена на Македонскиот народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Лов на дива свиња“ по текст на црногорската писателка Марија Сарап, во режија на Наташа Поплавска.  Претставата е копродукција помеѓу МНТ, Градско позориште од Подгорица и Здружението за развивање на уметност и културна соработка „Арт Медиа“ […]

Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија


Уметникот Али Синани е нов директор на Националната галерија на Северна Македонија (НГСМ), соопшти институцијата на нивната фејсбук страна. Тој доаѓа на местото на досегашната в. д. директорка Маја Неделковска-Брзанова. „По огласот за директор кој беше распишан пред скоро три месеци, за директор на Националната галерија на РС Македонија, со мандат од четири години, на 9 […]

Возбудлива ЕУ вечер на „Охридско лето“’ : Парискиот квартет „Модиљани“ воодушеви со виртуозноста


Еден од најзначајните гудачки квартети на денешницата, „Модиљани“ од Франција синоќа музицираше  на „Охридско лето“ воодушевувајќи ја фестивалската публика со нивната совршена изведба и внимателно избраната програма. На репертоарот беа гудачки квартети од композиторите Хоакин Турина, Морис Равел и Лудвиг ван Бетовен. Концертот беше во рамки на Вечерта на Европската унија што  веќе осумнаесетта година […]

Концерт „Фрида од Македонија“ на Скопско лето


Вечерва, 16.07.2025г. (среда), во 20:30 часот во Сули ан ќе се одржи концерт „Фрида од Македонија“. Ќе настапи Аматерскиот женски хор „Фрида“ под диригентската палка на нивниот раководител Сузана Турунџиева.    Аматерски женски хор „ФРИДА“ е формиран во октомври 2023 година. Основач, раководител и диригент на хорот е Сузана Турунџиева – вокален солист и музички педагог. Хорот го сочинуваат […]

Австриска вечер на „Охридско лето“ со Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува во вечерашниот концерт на Гудачкиот квинтет на Тиролскиот симфониски оркестар од Инсбрук во состав Сузан Мерт-Томази на виолина, Андреј Јаблоков на виолина, Елеонора де Пои на виола, Леонардо Сесена на виолончело и Драган Трајковски на контрабас. Тиролскиот симфониски оркестар го сочинуваат виолинистите Сузане Мерт-Томази која е член на оркестарот […]

Стоечки овации за пијанистот Лукаш Вондрачек на Чешката вечер на „Охридско лето“


Публиката на „Охридско лето“ синоќа  се восхитуваше на пијанистичкиот артизам на младиот чешки уметник  Лукаш Вондрачек кој одржа концерт на подиумот во црквата „Света Софија“. Преку неговиот префинет клавирски израз, во акустичниот амбиент прозвучија дела на Брамс, Скрјабин, Дворжак и Шумен, како и композиции од Шопен и Рахмањинов изведени на бис по бурните и стоечки […]

Јубилејното издание на „Астерфест“ од 4 до 8 август во Струмица, лауреат Милчо Манчевски


Јубилејното 20. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна и интересна програмска селекција. Oваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски, соопштија организаторите. Физиономијата на „Астерфест“ останува […]

Отворање на изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“ (во живо)


 Отворање на изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, на којашто ќе бидат изложени дел од највпечатливите фотографии чии автори се млади таленти од целиот Западен Балкан

Ѓорѓи Јолевски со моќна порака од Охрид: „Во свет на војни, уметноста не е луксуз — таа е нужност“


Уметничката порака на свеченото отворање на најпрестижниот културен настан во нашата земја, „Охридско лето“, што започна викендов во Охрид, годинава ја пренесе првенецот на Македонскиот народен театар – Скопје, актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски. Во инспиративниот говор, тој меѓу другото рече дека „во свет на војни, уметноста не е луксуз — таа е нужност“, како […]

Изложба со највпечатливите дела на млади фотографи од  Западен Балкан во Скопје


Во просториите на Europe House во Скопје, денеска во 10 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии „Три, четири, сега! Европа е наша!“, која ги претставува највпечатливите дела на млади фотографи од целиот Западен Балкан. Изложбата е дел од регионалната кампања на иницијативата WeBalkans, поддржана од Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската […]

Вечер на ЕУ на „Охридско лето“ со францускиот гудачки квартет „Модиљани“


За вечерта на Европската унија на „Охридско лето“ сцената на катедралната црква „Света Софија“ е резервирана за концерот на францускиот гудачки квартет „Модиљани“, со виолинистите Амари Сојто и Лоик Рио, Лорaн Марфан на виола и Франсоа Кифер на виолончело.На програмата на вечераниот концерт се избрани дела на Турина, Равел и Бетовен. Почетокот на концерот е […]

Патувачкото кино на „МакеДокс“ од денеска во Кочани


Патувачкото кино на „МакеДокс“ годинава оди за Кочани. Проекциите на документарни филмови во рамки на програмата на патувачкото кино ќе се одржуваат од денеска до 18 и на 20 јули, на летна сцена пред НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани, со почеток во 21 часот. На 19 јули патувачкото кино ќе има проекција […]

Охридска книжевна вечер со Славе Ѓорѓо Димоски во организација на „Спона“


Во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“ утре во Охрид ќе се одржи книжевна вечер со современиот македонски поет Славе Ѓорѓо Димоски. Станува збор за активност во рамки на циклусот книжевни средби и работилници „Паралели и синтези: Рецепцијата на современата македонска книжевност“, шти ги организира „Спона“, во чиј фокус се дела од современи македонски автори […]

Концерт на Дони МекКаслин од САД и Националниот џез оркестар


Љубителите на џезот вечер, во 21 часот, во Македонскиот народен театар ќе имаат можност да присуствуваат на концертот на еден од најсмелите и највпечатливи саксофонисти и композитори на современата џез сцена, Дони МекКаслин од САД и Националниот џез оркестар. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.  Како што информира Националниот џез оркестар, МекКаслин продолжува […]