Трамп – ароганцијата на семоќта


Домашните и надворешните политики на Доналд Трамп – почнувајќи од неговиот обид за државен удар против Соединетите Американски Држави пред пет години, до неговата инвазија во Венецуела минатиот викенд, па сè до неговите сегашни закани против Куба, Колумбија и Гренланд – го поткопуваат домашното и меѓународното право. Но, тоа не е сè. Тие го загрозуваат …

Трамп – ароганцијата на семоќта Read More »

Каква 2026 за Европа и Украина. А каква за Трамп 


Сите оние што се сеќаваат на безбедносната акција во поранешна Југославија  „СВОЗ-Сите во одбрана и заштита“ ги евоцираа зборовите на Маршал Тито: „Работиме како да ќе живееме сто години во мир, а се подготвуваме како да ќе има војна утре!“ Токму овие политички сугестии на Тито се совпаѓаат со филозофијата на Западот, вклучувајќи ги НАТО …

Каква 2026 за Европа и Украина. А каква за Трамп  Read More »

Погребот на претседателот Глигоров


Некогаш последното патување многу кажува за личноста на патникот. Претседателот Киро Глигоров си го нарача погребот да му биде онака како што живееше. Скромно, умерено и достоинствено. Неговото семејство му ја исполни последната желба. Не ги понесе големината на личноста на првиот претседател на независна Република Македонија и голем македонски деец и општественик. Киро Глигоров …

Погребот на претседателот Глигоров Read More »

Годината што би можела да биде


Секој декември во последниве години, се сеќавам на времето кога Џереми Корбин, тогашниот лидер на опозициската Лабуристичка партија во мојата посвоена земја, Обединетото Кралство, цитираше од новогодишен говор што имаше познат звук. „Оваа година ќе биде потешка од минатата година“, рече тој. Зборовите на Корбин беа познати бидејќи го цитираше Енвер Хоџа, озлогласениот комунистички лидер …

Годината што би можела да биде Read More »

Новата 2026 полоша од 2025, а подобра од 2027


Може ли Новата 2026 година да ни биде поубава од оваа прекрасна 2025, година на големи успеси. Се разбира дека може, ако се објавуваат само убави вести. Треба да се разбистри медиумскиот „талог“, да се отстранат „глодарите“ и „лешинарите“ што ја трујат јавноста, да се уништи слабата предавничка опозиција, да се реформира по препораките на …

Новата 2026 полоша од 2025, а подобра од 2027 Read More »

Македонија – лажната Спарта


„Многу храбри луѓе живееле пред Агамемнон“ е познат цитат од римскиот поет Хорациј (а не ликот Хорациј во Шекспировиот „Хамлет“). Поширокото толкување на стихот од неговите „Оди“ значи дека хероизмот постои дури и ако никој не го забележува. Самиот цитат ја возвишува улогата на писателите и поетите во давањето бесмртност на хероите. А Хорациј во …

Македонија – лажната Спарта Read More »

Фашизмот секогаш се појавува во темнина, но не преку ноќ


„Зајде сонцето на Рим. Нашиот ден помина./ Облаци, роси, со опасности доаѓаат; за нашите дела дојде крај“, го прочита Лоте епиграфот на почетокот од последното поглавје, двостих од Шекспировиот „Јулиј Цезар“, и прелета преку четириесетина уредно отчукани страници, до последната реченица: „Секоја сенка на крајот е дете на светлината, и само оној што ги искусил …

Фашизмот секогаш се појавува во темнина, но не преку ноќ Read More »

Зошто пропадна неолиберализмот?


Зошто пропадна неолиберализмот, и во неговите национални и во меѓународните инкарнации? Многу подетално отколку што е можно во овој краток есеј, го истражувам истото прашање во мојата нова книга „Големата глобална трансформација: Националниот пазарен либерализам во мултиполарниот свет“. Исто така, го поставувам ова прашање од лични причини: некои од моите најдобри пријатели се неолиберали. Тоа …

Зошто пропадна неолиберализмот? Read More »

Закашлајте се и исплукајте чист воздух!


Атмосферска инверзија, студено, топло, греење, со дрва, со пелети, мазут, инвертери, клими, парно… Превоз, јавен и приватен; со дизел возило или бензинец, на гас, на струја… Експерти станавме за тоа како да придонесеме за почист воздух во главниот град, но мерните станици со денови покажуваат црвено. Апликациите покажуваат и виолетово. Покрај повиците на експертите, оние …

Закашлајте се и исплукајте чист воздух! Read More »

Кого сега ќе спасува власта?


Премиерот Христијан Мицкоски се прошета деновиве на самит во Брисел и оттаму, место информација што прави за да се одблокира членството на Македонија, нѐ удостои повторно со голи фрази и празна реторика. Клучната порака беше дека Македонија одамна заслужува да биде интегрирана во Европската унија, што е на линија на квази кампањата дека стоиме на …

Кого сега ќе спасува власта? Read More »

Моралното слепило на историските наративи на Евреите и Палестинците


Објективно нема причина за војна меѓу Израелците и Палестинците. Земјата од реката Јордан до Средоземното Море е доволно пространа и богата за два народа да живеат мирно, просперитетно и достоинствено на неа. Ако ги игнорираме вредносните проценки и идеолошките тврдења и едноставно изброиме колку дунами земја има, колку пченица може да произведе таа земја, колку …

Моралното слепило на историските наративи на Евреите и Палестинците Read More »

Што се крие зад заканите на премиерот


Премиерот Христијан Мицкоски е многу вознемирен од вестите што стасуваат од Велика Британија, а се пренесуваат кај нас за прифаќање на нивните селектирани емигранти кои не можат да добијат азил, да бидат префрлени  во Македонија. Јавноста, пак, е вознемирена од неговата закана институциите да преземат мерки против сите што наводно сеат паника и страв. Се …

Што се крие зад заканите на премиерот Read More »

Збогум Америко, со Европа не се ни запознавме


Кога пред единаесет месеци повеќе делагации од Македонија беа во Вашингтон на инаугурацијата на новиот светски патријарх тоа беше претставувано како допир со аурата на „божеството“. Премиерот Христијан Мицкоски зборуваше дека македонските власти влегле во најблискиот периметар на американскиот претседател Доналд Трамп и дека поради тоа златното доба за Македонија е на дофат. Дека тоа …

Збогум Америко, со Европа не се ни запознавме Read More »

Мрачната слика за Европа во безбедносната стратегија на Трамп


„Драги американски пријатели, Европа е вашиот најблизок сојузник, а не ваш проблем. Веќе 80 години имаме заеднички непријатели“, напиша полскиот премиер Доналд Туск по повод објавувањето на Националната безбедносна стратегија (НБС) на Соединетите Американски Држави. Документот предизвика негативни реакции во Европа со оглед дека НБС e документ кој периодично се објавува од страна на Белата …

Мрачната слика за Европа во безбедносната стратегија на Трамп Read More »

Војната на автократите против универзитетите


Толку сме навикнати на тоа што амбициозните автократи ги напаѓаат универзитетите што речиси никогаш не се прашуваме зошто. Но, спротивставувањето на авторитарците бара разбирање на нивните мотивации и стратегии. Универзитетските лидери, особено, треба да бидат подобро подготвени да го координираат отпорот низ институциите за високо образование и да обезбедат внатрешна кохезија меѓу факултетот. Во спротивно, …

Војната на автократите против универзитетите Read More »

Македонија во внатрешен егзил


Македонската политика е полна со бизарности, но во последно време изгледа како тие да стигнуваат до нови врвови. Како во времето на Социјалистичка Република Македонија, кога јавноста месец-два се подготвувуваше за конгресот на комунистичката партија како нов меѓник во развојот на државата, така и сега го следевме истото сценарио. Истиот комунистички образец. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ …

Македонија во внатрешен егзил Read More »

Призракот на Југославија кружи над Хрватска


Никој не беше претерано изненаден од содржината, но ги изненади силината и вулгарноста на коментарите на водечките членови на ХДЗ, предводени од премиерот Андреј Пленковиќ, откако минатиот викенд за прв пат се соочија со фактот дека има луѓе кои не сакаат да живеат во фашистичко општество и кои се подготвени масовно да излезат на улиците …

Призракот на Југославија кружи над Хрватска Read More »

Мицкоски распали по Уставниот суд


Толку многу е осилен премиерот Христијан Мицкоски што си дозволува јавен, брутален, клеветнички и срамен напад врз уставните судии. Ваква ароганција од позиција на моќ и сила да се  жигосуваат уставни судии кои си ја работат својата работа за која се избрани и платени да го бранат конститутивниот закон на државата, да ја бранат мајката …

Мицкоски распали по Уставниот суд Read More »

Не е потребна револуција за да се врати оптимизмот


Потребни ни се нови идеи за да ги решиме трите најголеми економски предизвици на нашето време: климатските промени, исчезнувањето на средната класа и сиромаштијата. Првиот предизвик е егзистенцијална закана за нашата физичка средина; другите создаваат поларизација и ја загрозуваат демократијата; третиот е морална неволја за целиот свет. Но, со оглед на порастот на авторитаризмот и …

Не е потребна револуција за да се врати оптимизмот Read More »

Епидемија на брбливост во власта


Логореа на македонски би можело да се преведе со брбливост, или дрдорење. Тоа е лесно душевно заболување кога непрестано се зборува, зборува и зборува. На скопски жаргон така се вели кога некој ломоти и меле како воденица, или кога ќе се каже чука празна слама. Некои тоа го викаат паламудење. Во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и …

Епидемија на брбливост во власта Read More »