Анкетата на „Стратум“ и водството на СДСМ ја налути ВМРО-ДПМНЕ


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ гневно реагираше на резултатите од анкетата на агенцијата „Стратум РиД“, нарачана од агенцијата Макфакс, според која СДСМ води со разлика од 2,1 отсто. ВМРО-ДПМНЕ вели дека таа компанија во неколку наврати добивала пари од Фондот за иновации и сега „пред избори мести анкети за СДСМ“. ВМРО-ДПМНЕ уште обвинува: „Анкетата е лажна и за […]

СДСМ – Скопје контра Арсовска: Ние го заштитивме Водно од систематското уништување на ВМРО-ДПМНЕ


Градската оганизација на СДСМ- Скопје реагираше на изјавата на Данела Арсовска за неопходноста од заштита на Водно со закон и конечно решавање на проблемот со појавување на нови градби на парк шумата, како  едно од од решенијата во нејзината програма како кандидат за градоначалник на град Скопје. „Кога СДСМ ја презема управувањето со Град Скопје […]

Герасимовски нема да дозволува прекумерно градење во Центар на штета на граѓаните


  Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар, од редовите на СДСМ, денеска вети дека нема да дозволи прекумерно градење на штета на граѓаните – Во Општина Центар нема да има прекумерна урбанизација која е на штета на граѓаните, рече Герасимовски. Тој вели дека има јасен и цврст став во однос на урбанизацијата, а […]

Во Старата чаршија луѓето си подаваат рака кога е потребно


Градоначалникот Шилегов ја посети Старата скопска чаршија, каде одржа неколку средби со занаетчиите кои работат во овој дел на градот. „Уште во 2018-та година, заедно со чаршискиот еснаф и пазарџиите од Бит Пазар системски започнавме со расчистување на дивите продавачи по бул. Крсте Мисирков. Заедно со Скопски Пазар им овозможивме иницијално бесплатни тезги на пазарот, а […]

Арсовска: Потребни ни се системски решенија – да го заштитиме Водно со закон


Заштита на Водно со закон и конечно решавање на проблемот со појавување на нови градби на парк шумата е едно од решенијата во програмата на независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска. Таа денеска на прес конференција потенцираше дека Водно стана место каде наместо дрвја, почнаа да растат згради. „Бевме сведоци како граѓаните […]

Шилегов за програмата на Арсовска: Ветени се нешта што веќе се прават


Одговарајќи на новинарско прашање во врска со презентацијата на програмата на кандидатката Данела Арсовска, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов укажа дека од она што чул, ветени се и работи кои се во фаза на имплементација. „Секој има право да излегува со сопствена понуда. Од она што успеаја да ми кажат колегите – не можев да […]

Мицкоски сака Битола да биде како Виена


Караванот на ВМРО-ДПМНЕ со неговиот претседател денеска беше во Битола, Демир Хисар, Могила. Мицкоски во говорот во Битола порача дека патриотизам е да Македонија да биде напредна. Во исто време напредна да биде и Битола. И дека сака Битола да има стандард како Виена, а Македонија како Австрија. „Да градиме мостови на соработка со соседите, […]

СДСМ е убеден дека пак ќе победи во Гази Баба


Потпретседателот на СДС; Оливер Спасовски, вечерва изјави дека Гази Баба е позитивниот пример за работењето на СДСМ и на локално и на централно ниво. „Со СДСМ граѓаните се на сигурно, знаат дека проблемите кои со децении ги мачат се решаваат, дека општината и државата одат напред“, нагласи тој. Тој зборуваше и за сегашниот градоначалник Борис […]

Заев во Градско: Градиме училишта и градинки, а не трошиме на камен и бронза


Лидерот на СДСМ денеска за време на посетата на Градско изјави дека денес не се трошат парите на граѓаните на камен и бронза, туку на градинки и училишта. „Периодот којшто беше зади нас не е период од 100 или 200 години. Паралели можеме да влечеме што се случи овие четири години и што се случи […]

Данела Арсовска ќе прави од Скопје „паметен“ град


Kандидатката за градоначалник , Данела Арсовска ја престави денес изборната програма со која најави дека  од градот Скопје ќе направи  дигитален „паметен град“, со бесплатен еколошки превоз, со зелени зони и патеки за велосипедите.  „Мојата визија е, преку брзи и сигурни решенија, Скопје да стане вистинска метропола каква што заслужува. 15 + 1 проекти треба […]

Заев: Пукањето на митинзи одвраќа гласачи


МВР веќе постапува, ги има снимките и истражува точно да се најдат сторителите, кажа денеска премиерот Зоран Заев во врска со за пукањето на митингот на ДУИ. – Не мислам дека тоа носи добро на некој, тоа одвраќа гласачи тоа одвраќа поддршки, одвраќа позитивен амбиент и второ е кривично дело, веројатно и злоупотреба на законот […]

Реакција: Претходниците на Данела Арсовска ја оставија Гази Баба во 19 век


Од кабинетот на градоночачникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, реагираа на обвинувањата на кандидатка за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска, порачувајќи и дека кога критикува треба да се потсети дека токму нејзината партија до пред четири години ја имаше локалната власт во општината 20 години во континуитет. -Токму проблемите кои Арсовска ги […]

Отворен промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош


Отворен е промотивен штаб на Душко Весковски во Општина Карпош каде граѓаните ќе можат да ги постават сите прашања и да ги достават сите предлози „Минатата вечер, заедно со Мила Царовска, започнавме со поделба на промотивен материјал, како би им ја доближиле нашата визија и мисија на граѓаните од Општина Карпош. Презентиравме дел од програмата […]

Стопанската комора на Северозападна Македонија ја претстави платформата за економски развој на кандидатите за градоначалници од ДУИ


Во рамки на традиционалните средби кои Стопанската комора на Северо-западна Македонија ги одржува во пресрет на изборите денеска нејзини претставници се сретнаа со претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети и кандидатите за градоначалници кои ќе учествуваат на претстојните локални избори. Претседателот на СКСЗМ, Неби Хоџа истакна дека на оваа средба ќе дискутираат за […]

Која е девојката која падна зад Шилегов на неговата промоција за кандидат за градоначалник?


Изборните кампањи, независно дали се работи за локални или парламентарни, знаат да бидат доста напорни и да влијаат на сите оние кои се помалку или повеќе вклучени во нив. Еден карактеристичен момент од оваа изборна кампања беше делот кога една од кандидатките (за малку) падна на бината на претставувањето на кандидатот за градоначалник на Град […]

ДИК ги зголеми надоместоците кои ги добиваат членовите на изборните комисии и на избирачките одбори


Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) едногласно го усвоија Предлог-правилник за критериумите за определување надомест на членовите на изборните органи и изборната администрација за спроведување на Локалните избори 2021. Членот на ДИК Борис Кондарко образложи дека со оглед на спецификата на Локалните избори, дека се пообемни и посложени за организирање и спроведување, во повеќе општини […]

За Арсовска недозволиво е приградските населби да немаат основни услови за живот


Недозволиво е во 21 век околу 100.000 луѓе во Скопје да не ги добиваат основните услови за живот, а редовно да ги плаќаат своите даноци на државата, смета  кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска. „Во 21 век не смее да има цели населби и населени места во главниот град без основни потреби и […]

Буњаковец, Дебар Маало и Капиштец ќе добијат уште речиси 1000 нови паркинг места


– Ние не предвидуваме туку знаеме и имаме конкретно решение за проблемот со паркирањето, рече Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата во вчерашното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5.  Герасимовски зборуваше за недостатокот од паркинг местата во најгустите населби во Општина Центар. Тој рече дека има направено детална анализа во секоја […]

Заев во Струмица: Кога го гледам Костадин се гледам себеси


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е целосно сигурен дека на локалните избори во Струмица ќе победи партискиот кандидат за градоначалник, Костадин Костадинов. „Повеќе од сигурно е дека на 17 октомври ќе се случи по СДСМ – СДСМ, по Коста – Костадин“, порача Заев вечерва на митингот во Струмица Според него, СДСМ секогаш била партија која […]

Спасовски: Оливер Илиевски е најдобриот градоначалник за Куманово


Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски денеска со кандидатот за градоначалник на Куманово Оливер Илиевски имаа средба со граѓаните на Романовце и Пчиња. Комуникацијата со граѓаните и решавањето на проблемите на граѓаните во општините ширум државата остануваат еден од главните приоритети на СДСМ.   „За таа цел, како одговорна социјалдемократска партија, ќе воведеме дигитален онлајн систем за […]