СДСМ – Скопје контра Арсовска: Ние го заштитивме Водно од систематското уништување на ВМРО-ДПМНЕ
Градската оганизација на СДСМ- Скопје реагираше на изјавата на Данела Арсовска за неопходноста од заштита на Водно со закон и конечно решавање на проблемот со појавување на нови градби на парк шумата, како едно од од решенијата во нејзината програма како кандидат за градоначалник на град Скопје.
„Кога СДСМ ја презема управувањето со Град Скопје во 2017 година, парк-шумата Водно беше загрозена и на работ на уништување“, вела од СДСМ-Скопје набројувајќи ги проектите како патот до „Сончев град“ и сссамиот проект „Сончев град“ за кој се водат судски постапки, потоа панорамската кула на АЕК, „Комплексот Панорама“, како и плановите за јужна обиколница, поместување на градежната линија и тн.
„Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов им вети на скопјани дека нема намера да ја поместува градежната линија на Водно во ниедна варијанта и дека јужната обиколница којашто е предвидена долги години во Генералниот урбанистички план ќе биде избришеме во наредниот ГУП“, се вели во соопшението до медиумите во кое што се додава дека парк шумата Водно сега е заштитено подрачје.