Томе Христоски од СДСМ побара уште еден мандат во Крушево


Наведувајќи дека за изминатите четири години Општина Крушево со три кредити и 13 милиони денари долг ја направиле една од најуспешните по реализација на проекти. досегашниот градоначалник Томе Христоски (СДСМ) побара уште еден мандат од крушевчани за да ги заврши сите започнати проекти. Тој рече дека им 50 подготвени проекти и реализирани 6 милиони евра […]

Интервју со Тони Коњановски: Битола денес живурка


Новите инвестиции ќе ѝ овозможат на Битола одржлив економски развој и посветено ќе работиме на тоа, вели кандидатот за градоначалник Тони Коњановски од ВМРО-ДПМНЕ во интервју за „Независен“. Тој вели дека се решени да ја зачуваат старата градска архитектура   Анета Блажевска БИТОЛА – Може да се каже дека Битола во моментов не живее, туку […]

Муцунски: Со „Смарт Аеродром“ дигитализирање на сите услуги


Општина Аеродром ќе биде современа и дигитализирана, а еден од проектите наречен СМАРТ Аеродром треба да доведе до побрз пристап до општинските услуги, ветува кандидатот за градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски, од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. – Во рамките на тој проект примарно гарантираме дигитализирање на сите услуги кои ги обезбедува општината. Предвидуваме создавање на нов проект […]

ДКСК не гледа ништо спорно во рекламирањето на Данела Арсовска и Максим Димитриевски


Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска во рамки на 52.седница ги одби приговорите кои на 5 октомври до неа ги поднеле политичката партија Левица преку застапник по закон проф.д-р Димитар Апасиев и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ предводена од СДСМ преку подносител Бранко Георгиевски. На седницата ДКСК одлучи постапката по изнесените наводи да […]

Аеродромци преку мобилна апликација ќе комуницираат со градоначалникот


Урбаните заедници во Општина Аеродром ќе прераснат во локални сервиси, кои ќе испорачуваат различни услуги за граѓаните, ќе ги поврзуваат жителите со подрачните единици на министерствата и другите државни органи, најави Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Аеродром. Филиповски вели дека службениците во рамки на овие урбани заедници ќе го […]

Петровска обвини дека Гази Баба место да да ја исчисти, сама фрла отпад во депонијата Јурумлери


Граѓаните на Гази Баба заедно со Ана Петровска се борат против дивата депонија Јурумлери, која е една од многуте покрај Вардар. Таа се прави со знаење на општината Гази Баба, која наместо да ја исчисти, самата фрла отпад, за да не плати прописно депонирање во Дрисла. На оваа локацаија се истура и талог од септички […]

Савана и аквариум најави Шилегов за скопската зоолошка градина


Изградба на савана-простор и аквариум по европски терк, најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција, што планира да ги направи во следниотчетиригодишен мандат.  Според него, скопската зоолошка градина е гордоста на Скопје – една од најпозитивните скопски приказни во последните четири години, која е најпосетената институција во државата, а во последните години омилено […]

Ана Петровска го аминувала гасоводот низ парк-шумата Водно во 2011 година?


Ана Петровска е наведена како прв соработник и „експерт за оцена на влијанието на проектите врз животната средина“ на студијата за гасоводот „Скопје – Гостивар – Кичево“ што поминува низ Водно, а голем број зелени активисти и организации беа против изградбата на гасоводот. Нарачател на студијата е Министерството за транспорт и врски, кога министер беше […]

Герасимовски ќе ги отстранува црните точки во сообраќајот во Центар


Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата најави подобрување на инфраструктурата и преземање мерки за побезбеден сообраќај во општина Центар како најголема и најфреквентна во градот. „Ние ќе ги подигнеме стандардите за квалитет при инфраструктурните интервенции и ќе ги утврдиме и отстраниме црните точки во сообраќајот, ќе ги реконструираме сите […]

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов ГУП за Скопје – за да го спаси од бетонирање


Петре Шилегов може да ветува засадување на стотици, како што тој ги нарекува, школувани дрва. Но, тој не може да избега од вистината дека неговите урбанистички планови – се планови за тотална бетонизација на секое квадратно место зелена и спортска површина, тврди Стефан Андоновски, член на ИК на  ВМРО-ДПМНЕ. -Пред некое време ја информиравме јавноста […]

Кондовски од Битола: Ќе има асфалт место кал


Продолжуваме да градиме современа инфраструктура во градот, но и во секое село. Градиме за нашиот народ – асфалт наместо кал. Со овие зборови денеска кандидатот на СДСМ и коалициските партнери за градоначалник на Општина Битола најави стратегија за просторен развој на градот, но и руралните средини. „Најавувам изработка на нов Генерален урбанистички план како услов […]

Алијансата за Албанците ќе ја поддржи независната Данела Арсовска на изборите


Независната кандидатка за градоначалник на град Скопје, Данела Арсосвка и генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелниот градоначалник на Гостивар,  Арбен Таравари имаа кафе средба на која што заклучија дека за модерни градови потребни се квалитетни, ефикасни и брзи решенија. На средбата разговараа за предизвиците со кои се соочува секојдневно градското раководство, како и […]

Анкета на „Стратум“: СДСМ во водство со 2,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ


Анкетата на агенцијата „Стратум“ на една недела пред локалните избори покажува дека изборната битка ќе биде неизвесна, но СДСМ е во благо водство пред ВМРО-ДПМНЕ. Од оние што се изјасниле дека ќе излезат на изборите рејтингот на СДСМ е 26,1 а за ВМРО-ДПМНЕ 23,8 отсто. За третото место има три изедначени актери – ДУИ со […]

Данела Арсовска ќе го прави Скопје град на фестивали


Во редицата ветувања независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска (поддржана од ВМРО-ДПМНЕ), денеска најави дека главниот град ќе го прави „град на фестивали“. Дека ќе се одржува по еден фестивал во секој месец. Арсовска најави дека ќе го обнови „Златно славејче“ и дека ќе обезбеди поголема финансиска поддршка за „Скопскиот џез фестивал“. Во […]

Нова градинка за Маџир Маало, вети Герасимовски


Нова детска градинка, реконструкција на улици, ново шеталиште, парк се дел од проектите кои вечерва ги најави Горан Герасимовски кандидат за градоначалник на општина Центар од СДСМ и Коалицијата на маалската средба со граѓаните од Маџир Маало. Герасимовски го придружуваа носителката на листа Андријана Будимир Филиповски и кандидатот за советник Мартин Попов. „Во Маџир Маало […]

Една недела до локалните избори – партиите ги засилуваат активностите и ветувањата


Проекти за повеќе можности за напредок на младите, бесплатни оброци за учениците, стипендии за најдобрите, вложувања во екологијата и решавање на сообраќајниот метеж, ветија кандидатите за градоначалници на синоќешните митинзи. Лидерите на партиите се осврнаа и на актуелната ситуација во земјава, повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат на 17 октомври. Лидерот на СДСМ Зоран Заев […]

Заев во Струга побара да се гласа за кандидатот на СДСМ, Шипинкаровски


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Струга повика на обединување на сите етнички заедници во градот и граѓаните да му го дадат гласот на нивниот кандидат Димче Шипинкаровски. „Тоа што било добро и тоа што било подобро, може да биде само најдобро. Тоа што не чинело, може да биде само најлошо“, рече Заев. „Сето […]

Николоски повика на масовна поддршка за да ја урива владата на Заев


Александар Николоски на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман ги повика граѓаните масовно да гласаат за оваа партија бидејќи не се избира, според него, само  градоначалник, туку се референдум дали ќе продолжи да владее гарнитурата на Зоран Заев. -Овие избори даваат одговор на прашањето дали во Македонија корупцијата ќе продолжи да цвета, дали во Македонија економијата […]

Кејот да биде под сенки од дрвја


Со нови 2.500 дрвја покрај Кејот на Вардар, актуелниот градоначалник на СКопје, Петре Шилегов и кандидат за уште еден мандат, сака да го направи најдолгиот дрворед во главниот град.  – Во изминатите четири години го започнавме овој проект „Дрво за секое дете“ со кој садиме едно дрво за секое новороденче во Скопје, но засадивме и […]

„Водовод“ реагира на пресот на Арсовска – функционираме без разлика кој е градоначалник


Откако кандидатот за градоначалник на Скопје Данела Арсовска, денеска го изнесе својот план за замена на водоводните цевки низ Скопје, од „Водовод и канализација“ ѝ одговорија дека тие одржуваат водоводна мрежа во должина од 1.300 км.  „Дефекти се случувале во минатото, се случуваат денес, но ќе се случуваат и во инднина, имајќи ја предвид природата […]