Данела Арсовска ќе го прави Скопје град на фестивали


Во редицата ветувања независната кандидатка за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска (поддржана од ВМРО-ДПМНЕ), денеска најави дека главниот град ќе го прави „град на фестивали“. Дека ќе се одржува по еден фестивал во секој месец. Арсовска најави дека ќе го обнови „Златно славејче“ и дека ќе обезбеди поголема финансиска поддршка за „Скопскиот џез фестивал“.

Во нејзините планови има и изградба на концертна арена на отворено, а како дел од заживување на Старата чаршија ќе имало дополнителна грижа за Куршумли Ан, Капан ан, Сули ан, Чифте амам, Даут-пашин амам и Безистенот. Таа најде забелешки за реновирањето на Универзалната сала, велејќи дека за еден проект може да се зборува кога ќе биде завршен во целост.