Николоски повика на масовна поддршка за да ја урива владата на Заев


Александар Николоски на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман ги повика граѓаните масовно да гласаат за оваа партија бидејќи не се избира, според него, само  градоначалник, туку се референдум дали ќе продолжи да владее гарнитурата на Зоран Заев.

-Овие избори даваат одговор на прашањето дали во Македонија корупцијата ќе продолжи да цвета, дали во Македонија економијата ќе продолжи да тоне, или ќе дојдат компетентни луѓе кои ќе се борат со организираниот криминал и корупција и ќе ги менуваат работите во Македонија и Македонија економски ќе расте, ќе се соочува со предизвиците и ќе се случуваат промени. Така што, клучот на овие избори сте вие и затоа е потребна една масовна  излезност. Да излезат сите на гласање и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, да гласаат за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ И советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше тој.

Николоски нагласи дека она кое што го загрижува е тоа што не се вреднува маката и трудот на работливиот човек од овој крај, додавајќи дека мора силно да се спротивстават на зелената мафија која картелски се здружува и ја јаде маката и трудот на земјоделците.