Жител на неготинско Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта


 Жител на неготинското село Пепелиште возел со 2,05 промили алкохол во крвта. -Вчера во 17:45 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Л.Д., на возраст од 55 години од село Пепелиште, неготинско. При сообраќајна контрола на улицата „Христо Ботев“ во Неготино, било сопрено патничко возило „југо“ со неготински регистарски ознаки, што […]

Готвачка во одморалиште на МВР во Охрид додека шетала во странство, управникот ѝ лажирал и шестмесечно боледување


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против С.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластувања“ по член 353 од Кривичниот законик. Како што се наведува во полицискиот билтен, пријавениот, управник […]

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти ЈОРМ, осомничената 40-годишна скопјанка, на 3 јануари вечерта во Волково […]

Приведена 36-годишна жена од Демир Капија, 58-годишниот сопруг ја пријавил за физички напад


 Полициски службеници од ОВР – Неготино лишија од слобода 36-годишна жена од Демир Капија, вчера попладне во 17 часот, постапувајќи по претходна пријава дека во домот, физички го нападнала нејзиниот 58-годишен сопруг, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – За настанот е известен јавен обвинител, таа е спроведена во здравствена установа и […]

Се запалија два оџака во Штип, две жени завршија на Клиника


Поради вдишување чад, Д.А. (65) и нејзината ќерка С.Д. (39) биле префрлени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Две жени од Штип се повредени по пожар што избувнал на оџак во стан на улицата „9 Мај“, при што се задушиле од чад и биле пренесени на лекување во Скопје. Пожарот настанал рано […]

Двајца загинати откако автомобил заврши во реката Радика


Две лица се загинати, возачот и сопатникот во автомобилот во денешната сообраќајка која се случи во близина на св.Јован Бигорски. Имено, возачот прво изгубил контролa на возилото, по што возилото заврши во реката Радика, информирааат од МВР за Пресс24. „Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово […]

МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете


И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ. – Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на […]

Во Косово е уапсен убиецот од Скопската чаршија


Основното јавно обвинителство Скопје го расчисти убиството што се случи на новогодишната ноќ во Старата скопска чаршија. Осомничениот, 25-годишен турски државјанин со престој во Тетово, е лишен од слобода во Косово. Според истрагата, инцидентот почнал со банална расправија во кафе-бар меѓу осомничениот и двајца други турски државјани (на возраст од 22 и 23 години). Оштетените […]

Обвинителен акт за возачот што смртно го прегази Јорго Ќука на пешачки пред мостот „Гоце Делчев“


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 37-годишен скопјанец, кој на 3 ноември минатата година удри во велосипедистот Јорго Ќука на пешачки пред мостот „Гоце Делчев“, кој од здобиените тешки повреди почина на лице место. На обвинетиот му се става на товар дека на 03.11.2025 година, околу пладне, управувал автомобил „Фолксваген […]

Во декември 19.750 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 132 лица за безобзирно управување на возило


Во периодот од 01.12.2025-31.12.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 19.750 издадени платни налози, 4.256 прекршок се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член […]

Соученик му фрлил петарда – 12 годишник во Аеродром ја повреди раката


Дванаесетгодишно момче од скопската општина Аеродром е тешко повредено откако му пукнала петарда во рака, информираат од Министерството за внатрешни работи. Настанот бил пријавен ноќеска во 23:26 часот во СВР Скопје, откако од Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било соопштено дека кај нив е донесено малолетно лице со тешки телесни повреди. Според пријавеното, […]

Од трговски центар паднал пијан 30-годишен скопјанец


Синоќа во 20:14 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен И.Д.(30) од Скопје. Според пријавеното, тој под дејство на алкохол паднал од висина од трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на […]

Убиен турски државјанин во Старата скопска чаршија на Нова година


Едно лице го загуби животот, а друго е тешко повредено во крвав инцидент што се случи во првите часови од Новата година во Старата скопска чаршија. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 1 јануари 2026 година во 01:11 часот во СВР Скопје било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка […]

Приведени пијани возачи од Велес и Тетово, возач од Кочани возел во спротивна насока на кружен тек


Двајца возачи од Велес и Тетово кои возеле под дејство на алкохол се приведени, а приведен е и возач од Кочани кој возел во спротивна насока на кружен тек.  Во Велес во 04:55 часот приведен е З.Ј.(29) кој на улицата „Димитар Влахов“ со возило „сеат“ удрил во метална канделабра. Тој имал 1,66 промили алкохол во […]

ОЈО ГОКК поднесе обвинение против бизнисменот Крмзов и повеќе физички и правни лица за даночна измама


Обвинителатвото за гонење на организиран криминал и корупција информира дека е поднесен Обвинителен акт против седум лица, меѓу кои и бизнисменот Ристо Крмзов, како и Обвинителен предлог против три физички и 13 правни лица за даночна измама.  Поднесениот Обвинителен акт и Обвинителен предлог што по спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК ги доставил до […]

Кривична за двајца од Кочани што складирале отпад


ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(33) и Љ.А.(39), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Пријавените подолг временски период наназад, па се до 04.12.2025, спротивно на прописите за животната средина и природата, складирале, оставале и расфрлале отпадни материи на ул.„Поп Арсов […]

Со една лиценца работел во 16 објекти


СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од с.Кадино, општина Илинден и В.А.(53) од с.Мирковци, скопско, управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правото од пријавен или заштитен пронајдок и топографија на интегрални кола“. На 29.01.2025, при извршена акциска контрола во подружница на пријавеното правно лице […]

Гостиварец сакал да внесе над 40 илјади петарди и огномети, го фатиле на граничниот премин Блаце


Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, ризични по здравјето на граѓаните. Поведена е кривична постапка против сторителот, македонски државјанин од Гостивар, при што поднесена е кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик, соопшти […]

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства


 Клиниката за пластична хирургија, во соработка со Министерство за внатрешни работи ја финализираше едукативната кампања во средни и основни училишта за подигнување на свесноста за опасностите од употреба на петарди, што се одвива под мотото „Создавај спомени без повреди – кажи НЕ за пиротехнички средства“. Како што соопшти Министерството за здравство, лекарите од Пластична хирургија […]

Петарда му експлодирала во рака – повредено осумгодишно дете


Осумгодишно дете од гостиварското село Врапчиште е тешко повредено откако петарда експлодирала во неговата рака. Случајот бил пријавен на 29 декември во 15:10 часот во ОВР Гостивар, од Ургентниот центар во Гостивар. По укажаната прва помош, поради сериозноста на повредите, детето било пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Полицијата презема мерки за расчистување […]