МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП


Министерството за внатрешни работи за МИА потврди дека постапува по случајот во кој две лица во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие им се закануваат на останатите патници кои побарале од нив да ги стават заштитните маски на лицето. На социјалните мрежи денеска беше објавено видеото на кое се слуша како двете лица им се закануваат …

МВР постапува по случајот во кој две лица се закануваат во автобус на ЈСП Read More »

Од пожарот во „Глобал“ досега се исфрлени околу триста тони отпад


Екипи на ЈПКД „Комуналец“ денеска продолжија со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица. Завчера и денеска до пладне се исфрлени околу триста тони најразличен отпад, најмногу од делот на Градскиот пазар каде изгореа голем број тезги и продавници. Според Бранко Ѓоргиев од „Комуналец“, околу 60 отсто од вкупниот отпад …

Од пожарот во „Глобал“ досега се исфрлени околу триста тони отпад Read More »

Во декември СВР Тетово секојдневно времено одземало возачки и сообраќајни дозволи


Анализата на сообраќајните прекршоци што во декември 2020 година ги направиле жителите на Тетовско и за кои СВР Тетово има изречено казни покажува дека барем еднаш дневно се одземени на одреден временски период возачки и сообраќајни дозволи. Возачки дозволи се одземаат за управување под дејство на алкохол, како и на возач-почетник кој не се придржувач …

Во декември СВР Тетово секојдневно времено одземало возачки и сообраќајни дозволи Read More »

Сообраќајна незгода на булеварот „Асном“ кај „Хилтон“, интервенираше и Противпожарната и Брза помош


Сообраќајна незгода меѓу патничко возило „сузуки балено“ и комбе „фолксваген“ се случи утринава на булеварот „Асном“ кај хотелот „Хилтон“ во Аеродром. Интервенираше и Противпожарната единица од каде за МИА изјавија дека биле повикани од страна на Брзата помош. Од Министерството за внатрешни работи засега нема информации за повредени лица, но од очевидци на терен две …

Сообраќајна незгода на булеварот „Асном“ кај „Хилтон“, интервенираше и Противпожарната и Брза помош Read More »

МВР изрече 80 санкции за брзо возење во Скопје


Единицата за безбедност во патниот сообраќај во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената. Санкционирани се 80 возачи, од кои осум возеле со над 50 километри на час повеќе од дозволената брзина, а санкционрани се и 21 други прекршоци, соопшти …

МВР изрече 80 санкции за брзо возење во Скопје Read More »

Две лица со тешки повреди од остар предмет


Две лица од селото Сингелиќ и Арачиново синоќа се здобиле со тешки телесни повреди од остар предмет. Полицијата соопшти дека синоќа во 19:55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на бензинската пумпа на подрачје на Гази Баба има едно повредено лице. Оттаму посочуваат дека подоцна била добиена информација дека со патничко моторно …

Две лица со тешки повреди од остар предмет Read More »

Шестнаесетгодишно момче ракувајќи со воздушна пушка повредил малолетник


Шестнаесетгодишно момче од тетовското село Врапчиште ракувајќи со воздушна пушка повредил друг малолетник од истото село. Повреденото момче е префрлено во приватната болница „Систина“ во Скопје каде му е укажана лекарска помош.   Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека инцидентот бил пријавен вчера во 14:10 часот во СВР Тетово. Немилиот настан се случил на …

Шестнаесетгодишно момче ракувајќи со воздушна пушка повредил малолетник Read More »

Жена почина откако во неа удрило возило на патот Куманово-Крива Паланка


Седумдесет и деветгодишна кумановка почина откако била удрена од автомобил на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка. – По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во 23:30 часот починала, информира денеска МВР. Собраќајната несреќа се случила вчера во 17:20 часот …

Жена почина откако во неа удрило возило на патот Куманово-Крива Паланка Read More »

Приведени крадци што ограбиле куќа на „Партизанска“


  Полициски службеници од СВР Скопје во средата, ги приведоа А.К. (28) и М.К. (28) од Скопје. Тие, истиот ден, во 17.50 часот, извршиле тешка кражба во куќа на бул. „Партизански одреди“. Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и сторителите се приведени и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена …

Приведени крадци што ограбиле куќа на „Партизанска“ Read More »

Во сообраќајки настрадаа моторџија и возач на автомобил


Во две одделни сообраќајни незгоди што се случиле во Башино Село, Велешко и кај Бучин, повредени се моторџија и возач на автомобил што излетал од патот. Во соопштението од МВР се наведува дека вчера околу 9.20 часот во Башино Село, Велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Р.В.(77) …

Во сообраќајки настрадаа моторџија и возач на автомобил Read More »

Во Скопје 224 казнети возачи, 21 без возачка дозвола


На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 224 мерки, од кои 21 за возење без возачка дозвола. Од МВР денеска информираа дека 20 казни се за управување со брзина поголема од дозволената, а 18 за нерегистрирани и технички неисправни возила. Казнети биле и …

Во Скопје 224 казнети возачи, 21 без возачка дозвола Read More »

Растурен собир покрај оган во Орман, приведени учесниците


Полициски службеници вечерва во 21.15 часот затекнале десетина лица покрај оган во скопското село Орман. Како што информира МВР, лицата се приведуваат во полициска станица и против нив ќе следат соодветни поднесоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да не организираат  какви било собирања односно да ги почитуваат меркита за справување со коронавирусот. -Согласно …

Растурен собир покрај оган во Орман, приведени учесниците Read More »

Растурена забава во скопски Карпош, приведени осум лица


На подрачјето на Општина Карпош на 04.01.2021 во 03.00 часот приведени се осум лица во подземна гаража на ул.„Анкарска“ на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија. Од МВР денеска информираа дека полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), …

Растурена забава во скопски Карпош, приведени осум лица Read More »

Масовно непочитување на дозволените брзини за возење


Во текот на празничниот продолжен викенд  Министерството за внатрешни работи спроведе засилени контроли за санкционирање на сообраќајните прекршоци. За четири дена се изречени 2.987 мерки, од кои за возење со поголема брзина од дозволеното 1.571, возење под дејство на алкохол 205, нерегистрирани возила 150 и 243 за возење без возачка дозвола. Кај санкционираните за пребрзо …

Масовно непочитување на дозволените брзини за возење Read More »

Натепани полицајци од Полициска станица Кавадарци


Полициски службеници од Полициската  станица Кавадарци вчера биле физички нападнати од Д.Ј.(32). -Вчера околу 15.10 часот, при извршување работни задачи на регионалниот пат Кавадарци – мотел „Дреново“, во близина на село Возарци, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци биле физички нападнати од Д.Ј.(32). За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. По целосно  …

Натепани полицајци од Полициска станица Кавадарци Read More »

Во Тетовско не носат маски, за речиси три месеци 12.512 санкции


За речиси три месеци на тетовското подрачје има изречено 12.512 санкции за неносење на заштитна маска согласно мерката на Владата за спречување на ширење на коронавирусот од 13 октомври. Полицијата во изминатите три месеци секојдневно изрекува вакви казни поради непочитување на мерката.  Констатирано е дека мерката се прекршува како во затворени објекти, така и на …

Во Тетовско не носат маски, за речиси три месеци 12.512 санкции Read More »

Возач „летал“ со 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар


Во рамки на вчерашната акциска контрола за брзо возење полиција со помош на радар на автопатот Тетово-Гостивар  откри возач кој се движел со 212 километри на час. Акцијата е спроведена во периодот од 12 до 20 часот. -Во акциската контрола вкупно биле откриени и законски санкционирани 101 возач кои ја пречекориле дозволената брзина на тетовското …

Возач „летал“ со 212 километри на час на автопатот Тетово-Гостивар Read More »

Во Скопје казни за 210 возачи, 78 непочитувале брзина на движење


На територија на Град Скопје вчера се казнети 210 возачи во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, казнети се 78 возачи за управување со брзина поголема од дозволената, 22 за возење без возачка дозвола, 17 за нерегистрирани и технички неисправни возила. Изречени се 10 санкции за …

Во Скопје казни за 210 возачи, 78 непочитувале брзина на движење Read More »

Приведен македонски државјанин во Србија – предизвикал сообраќајка


  Полицијата во Нови Сад приведоа и му одредија притвор на А.А. (40), државјанин на Македонија, како виновник на тешка сообраќајна незгода. Сообраќајката се случила во саботата во 17 часот на автопатот Е-75 кај клучката Сириг-Змаево, пренесоа Новости. Уапсениот А.А ќе биде обвинет за тешки дела против безбедноста на јавниот сообраќај. Како што велат од …

Приведен македонски државјанин во Србија – предизвикал сообраќајка Read More »

Приведен радовишанецот кој со БМВ возеше на плоштад


МВР соопшти дека е приведен 24-годишниот радовишанец Т.К., кој со возило помина низ радовишкото шеталиште и тоа го објави на социјалната мрежа Тик-Ток, земајќи пример од последните два инциденти од скопскиот плоштад. „Во врска со случајот пренесен преку видео снимка објавена на социјалната мрежа „Тик-Ток”, во која едно лице влегува на плоштадот со своето патничко …

Приведен радовишанецот кој со БМВ возеше на плоштад Read More »