Во сообраќајки настрадаа моторџија и возач на автомобил


Во две одделни сообраќајни незгоди што се случиле во Башино Село, Велешко и кај Бучин, повредени се моторџија и возач на автомобил што излетал од патот.

Во соопштението од МВР се наведува дека вчера околу 9.20 часот во Башино Село, Велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „томос“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Р.В.(77) од Велес и патничко возило „цитроен ц1“, управувано од П.Д.(39) од Велес. Во незгодата, Р.В. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес. Увид на местото нанастанот извршила екипа од СВР Велес.

Во 20.55 часот било пријавено дека на локалниот пат село Пресил- село Бучин, Крушевско,  патничко возило „фиат пунто“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(28) од Битола, излетало од патот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Крушево.