Кичевец излетал од пат и тешко се повредил


 Вчера во 11 и 10 часот во ОВР Кичево пријавено е дека на локалниот пар кај село Староец,П. Г(67) од Кичево, управувајќи патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки, загубил контрола над возилото и излетал надвор од патот. -При оваа сообраќајна незгода, тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Причините за излетувањето […]

МВР расчисти компјутерска измама од британски државјани


Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава  за четворица државјани на Велика Британија, кои во периодот од август до декември 2020 година извршиле кривично дело „Компјутерска измама“ по член 251-б став 3 од Кривичниот закон, соопшти МВР. Појаснуваат дека осомничените во повеќе наврати извршиле неовластен упад во електронската комуникација […]

Возачи избегале откако удриле во пешак и велосипедист, пешакот почина


  Во две одделни сообраќајни незгоди во Скопје, со автомобил ббиле удрени пешак и велосипедист. Пешакот, подоцна починал во болница. Имено, ноќеска, 55 минути по полноч, во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Алија Авдовиќ“ во Скопје, патничко возило удрило во пешакот А.А.(79) од Скопје и го напуштило местото на незгодата. Пешакот се здобил со […]

Португалец протеран од Србија завршил во Свети Николе


Во четвртокот, во 21.55 часот на патот Куманово-Свети Николе, полициски службеници од Полициска станица Свети Николе го привеле В.Д.(50), поради тоа што не поседувал документи за идентификација. По негово кажување тој е државјанин на Португалија, но поради нелегален престој бил протеран од Република Србија. Поради сторен прекршок по член 9 став 1 од Законот за […]

Тетовка од сопругот украла 400.000 швајцарски франци, поднесена кривична пријава


Секторот за внатрешни работи Тетово, до Основното јавно обвинителство Тетово, поднесе кривична пријава против А.Х.(65) од Тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.   Двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на […]

Загина возач на патот Ресен – село Царев двор


Во средата, во 17.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Ресен-село Царев Двор, после клучката за село Горно Дупени, патничко возило „опел фронтера“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(46) од Ресен, излетало од коловозот. На местото на незгодата починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Пронајденo тело на мртов маж во близина на Жировница


Тело на починат маж е најдено во близина на регионалниот пат што води од Маврово кон Дебар. Засега не се познати идентитетот и причината за смртта. Според првичните информации, телото кога било откриено се наоѓало во фаза на распаѓање. Од СВР Тетово информираат дека по пријавата вчера (27.07.2021 околу 15:40 часот), полициски службеници излегле на […]

Голема полициска акција во Скопје за апсење на лица, инволвирани во трговија со оружје и дрога


Голема полициска акција се спроведува од рано изутрината во Сингелиќ и на други локации,  за апсење на лица вмешани во трговија со дрога и оружје, потврдуваат за МИА извори блиски до истрагата. Видливо е полициско присуство во Сингелиќ и на други локации, а според изворите од истрагата приведени се 12 лица, а меѓу нив и […]

Пронајден машки труп во каналот од хидросистемот „Брегалница“


Работници во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани при редовната дневна проверка и рутинско чистење на каналите за наводнување, претпладнево пронашле машки труп во десниот магистрален канал. Телото било забележано на металната решетка во каналот што се наоѓа во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани. Притоа е констатирано дека се работи за маж на околу […]

„Организатори на 27 април”: За Обвинителство казните се ниски, за одбраната пресудата е нејасна


Изречените казни за обвинетите во случајот „Организатори на 27 април” според обвинителката Гордана Смаќоска, се многу ниски. Во изјава за медиуми таа посочи дека е изненадена од ниските казни бидејќи во претходната пресуда за самите извршители на насилствата во Собранието беа изречени многу високи казни. – Мислам дека пресудата е таква каква што е. Судијата […]

Една жртва во сообраќајка кај Врбјани на патот Охрид – Кичево


Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што попладнево се случи на магистралниот патен правец Охрид – Кичево, во близина на село Врбјани. Според првичните информации потврдени од полицијата, незгодата се случила околу 18:20 часот, при директен судар на две патнички возила марка „Фолксваген голф“ и „Тојота“, при што смртно настрадал возачот на „голфот“. […]

Во Охрид приведен скопјанец баран со потерница


 Полицијата од СВР Охрид, вчера во 21 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, врз основа на судска наредба, го привела А.В.(31) од Скопје за издржување казна затвор од шест месеци за сторено кривично дело по член 144 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, приведениот бил предаден на полициски службеници од СВР Скопје за […]

Од септември лани до сега уапсени 479 лица барани со потерници


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот фејсбук профил соопшти дека во изминатиот период лишено од слобода е 251 лице, а од септември 2020 година досега уапсени се 479 лица барани по централни и меѓународни потерници. Тој потсетува и дека пред десетина дена беше уапсено лица кое се криело 17 години. -Во изминатиот период […]

Казнети и исклучени од сообраќај 91 пијан возач


 Вкупно 91 возач се санкционирани синоќа зашто возеле под дејство на алкохол, соопшти МВР. Акцијата е спроведена синоќа од 21 од 03 часот на територијата на целата држава. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта., апелира […]

Почина работник во кочанска фабрика


 Вчера околу пладне на работното место починал работник во фабрика во Кочани, соопшти Министерството за внатрешни работи. – Вчера во 13:02 часот во СВР Штип, било пријавено дека околу 12:30 часот, при изведување на работни задачи во фабрика во Кочани, починал Г.К.(48) од Кочани. Лекар од Итната медицинска помош Кочани констатирал смрт без траги на […]

Катица Јанева спроведена во затворот „Идризово”


Катица Јанева, од домашен притвор кој го издржуваше во Гевгелија, денеска е спроведена во затворот „Идризово“, каде треба да ја одлежи затворската казна за случајот „Рекет“. Нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска, за повеќе медиуми потврдува дека Јанева е спроведена во затворот во Скопје, но дека спроводот е без упатен акт од судија за извршување на санкции, […]

Рашковски останува во куќен притвор, одбиено барањето за ефективен притвор


Судија на претходна постапка, а потоа и Кривичниот Совет, донесе решение со кое го одби како неосновано барањето на обвинителот за замена на мерката куќен притвор со мерка ефективен притвор на осомничениот Д.Р.  во врска со  предметот за „Нелегална набавка на софтвер“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. -Во недостиг на официјални информации од надлежното јавно […]

(Во живо) Слушнете ја пресудата за „Тортура“


Првообвинет за тој предмет е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков. Станува збор за предметот Тортура на поранешното Специјално обвинителство. До сега Мијалков е осуден на 12 години казна затвор за предметот „Таргет-Тврдина“, односно за незаконското масовно прислушување, потоа 8 години затвор за набавка на британска опрема за следење на електронската […]

Боки 13 спроведен во затвор, се чека Јанева


Бојан Јовановски – Боки 13 вчера околу 15 часот е спроведен во затворот во Идризово, каде треба да ја издржува деветгодишната затворска казна за случајот „Рекет“, потврди за МИА директорот на Казнено-поправната установа „Идризово“,Јовица Стојановиќ. Јовановски беше во куќен притвор, а спроводот во затвор следува откако Апелацискиот суд во Скопје ги одби како неосновани жалбите на обвинетите […]

Запленета дрога вредна околу 150.000 евра, пресечен меѓународен канал, приведени пет лица


Почнувајќи од минатиот месец, од страна на Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал  беше спроведена  истрага насочена кон лица инволвирани во организирање на меѓународни транспорти на марихуана од Република Албанија преку Република Северна Македонија кон Република Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународни транспорти на марихуана […]