Боки 13 спроведен во затвор


  Обвинетите за случајот Рекет, Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева да бидат спроведени од домашен притвор во затвор на издржување на затворската казна. Ваква наредба е дадена откако Апелациониот суд ги одби жалбите на обвинетите во случајот Рекет и на Јавниот обвинител и ја потврди провостепената пресуда во целост. По комплетирањето на […]

Судењето за „Јавна соба“ продолжува на 27 април


Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба“ која е истоимена група која била отворена и користена од повеќе членови преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете. Ова денеска во Кривичниот […]

Орце Камчев со брза помош бил однесен на Кардиологија


 Јордан Камчев поради лоша здравствена состојба со возило на брзата помош утрово е пренесен на Клиниката за кардиологија во Скопје. По реакција на лекарскиот тим на Клиниката за кардиологија во Скопје и по стабилизирање на состојбата на Камчев, тој е вратен во КПУ затвор Скопје каде што ја издржува мерката притвор. Денеска, за време на […]

Апелација ја потврди првостепената пресуда за „Рекет“


Апелационен суд Скопје како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет“ и ја потврди првостепената пресуда. -Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет“, донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, […]

Загина работник во Суводол, го затрупала земја


Синоќа во рудникот Суводол во РЕК „Битола“, при работа со градежна машина, животот го загуби 38-годишен работник. Покојниот Т. К. бил работно ангажиран преку надворешна фирма во РЕК „Битола“ како управувач со булдожер и изведувал задача на поместување јаловински маси. Од Комбинатот соопштија дека во моментот на несреќата, од сè уште неутврдени причини, дошло до […]

Машинист од Прилеп пронајден затрупан во одрон од земја во рудникот „Суводол“


К.Т. (38) од Прилеп, кој работел како машинист, пронајден е затрупан во одрон од земја во рудникот „Суводол“. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен ноќеска, во 02.30 часот во СВР Битола. Лекар од Итна медицинска помош Битола констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Битола. На местото на настанот биле Трудов инспектор и […]

Македонска државјанка барана со меѓународна потерница уапсена на преминот „Тушемиште“


 Граничната полиција на преминот „Тушемиште – Свети Наум“, на албанско –македонската граница, уапсила македонска државјанка барана со меѓународна потерница, издадена од норвешките власти. – Благодарение на соработката на Интерпол Тирана со Интерпол Осло, Норвешка и граничната полиција, уапсена е А.М.(35) жителка на Охрид, Северна Македонија, заради екстрадиција во Норвешка. Службите на граничната полициска станица Тушемиште, […]

Од удар на гром почина 25-годишник од Тетово


Синоќа околу 19:25 часот во СВР Тетово било пријавено дека во месноста „Карабунар“, атарот на тетовското село Урвиќ, било пронајдено мртво тело на 25-годишниот Е.О. од Долен Палиш од Тетово, кој бил погоден од гром и починал на местото на настанот. Смртта била констатирана од страна на лекар по судска медицина, додека Јавен обвинител и […]

Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно”


Заради барање на одбраната за превод на доказите во случајот  на Јавното обвинителство доставени на англиски јазик, на македонски јазик, како и зафатеност на адвокатот поставен по службена должност во предметот означен од обвинителството како „ТНТ“, денешното судење за „Плацеви на Водно“ се одлага, соопштија од Основен кривичен суд Скопје. Случајот го води судијата Илија […]

Ново рочиште за случајот „Плацеви на Водно“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Плацеви на Водно“ во кое првообвинет е пребеганиот поранешен премиер Никола Груевски. Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова. Според обвинението, Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на […]

Изгоре пилана со погон за производство на столови во Струмичко


Во 3 часот утринава во Ново село, Струмица интервенирала Протипожарната со четири противпожарни возила и 10 пожарникари спасители. Тие гаснеле запалена пилана со погон за производство на столови. – Денес (недела) 18.07.2021 година во 03.00 часот во с.Ново Село, ТППЕ Струмица со 4 ПП возила и 10 пожарникари спасители интервенираше на гаснење на запалена пилана […]

Приведени петмина тетовци – организирале веселба со околу 200 гости и биле агресивни кон полицајците


Полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот привеле тројца тетовци, сопственици на угостителски објект, кои организирале веселба со околу 200 гости. приведени се и други две лица од Тетово, кои агресивно се однесувале кон полициските службеници. – Во угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово утрово во 3.05 часот се […]

Во Македонија масовно се вози во пијана состојба


Синоќа во периодот од 21 од 2 часот спроведена е  акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 116 возачи.    Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи […]

Скопјанки продавале „екстази“ и марихуана во Кавадарци


 Полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци вчера ги лишиле од слобода С.Т.(27) и А.Т.(24), двете од Скопје, осомничени за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. – По добиена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Кавадарци, извршен е претрес во дом […]

„Тигрите“ во акција – приведени шест лица во Дебар Маало, одземени кокаин и оружје


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и САЕ „Тигар“ синоќа околу 23:30 часот при преземени заеднички мерки и активности на подрачјето на Дебар Маало, пред угостителски објект ги лишиле од слобода Г.П.(34), Н.С.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед извршен кај нив биле пронајдени и одземени две ќеси со кокаин, наменет за продажба. На […]

Во Скопје приведен „копач“ на биткоини, одземени седум компјутери


 Полициски службеници од Единица за внатрешни работи Ѓорче Петров, вчера во 14:30 часот  на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода В.П.(37), поради постеоње основи на сомнение за сторени кривични дела по чл. 235 и 236 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, при претрес извршен кај него, било констатирано дека врши кражба […]

Седуммина обвинети во случајот „Планина“ признаа вина и се спогодија со Обвинителството


По донесената наредба за спроведување истражна постапка, седуммина припадници на т.н. група од Гази Баба, осомничени во предметот „Планина“, откако беа запознаени со доказите што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги прибави во текот на спроведувањето на предистражната и истражната постапка, го признаа извршувањето на кривичното дело за кое се […]

Гостиварец не се грижел за неподвижната сопруга – доби условна затворска казна за повреда на семејните обврски​


Основното јавно обвинителство – Гостивар до надлежниот Суд поднесе предлог за издавање казнен налог против лице на возраст од 53 години за сторено кривично дело „повреда на семејни обврски“ од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Поради стореното кривично дело, Основниот суд Гостивар на обвинетиот му изрече казна затвор […]

Одбраната на Камчев тврди дека „Плацевите на Водно“ се од удели од деловното работење на „Орка“


За „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“ во судскиот процес „Плацови на водно3 обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а неговиот кум Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, додека првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, […]