Извадила умреница за мајката која сѐ уште е жива, за да го пише имотот на свое име


До Основното јавно обвинителство Скопје се поднесени кривични пријави против Т.Х.(43) од Скопје, осомничен за кривично дело „Злоупотреба на службена положба и  овластување“,  и В.Т.(55) од Скопје, осомничена за кривично дело „потикнување“. Како што информира МВР, првопријавениот Т.Х. во својство на службено лице – матичар во Управата за водење на матичните книги во Скопје, во …

Извадила умреница за мајката која сѐ уште е жива, за да го пише имотот на свое име Read More »

Прекршочни пријави за лажно повикување полиција – казни од 100 до 400 еврa


СВР Тетово информира дека ќе поднесе две прекршочни пријави за лажно пријавување на настан и барање на интервенција од полицијата. За овие прекршоци се предвидени глоби од 100 до 400 евра, а се по член 16 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, каде се вели дека ќе се казни тој што лажно …

Прекршочни пријави за лажно повикување полиција – казни од 100 до 400 еврa Read More »

Четириесет и пет годишна жена го загуби животот во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово


Жена на 45 години од тетовско Доброште денеска го загуби животот во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово. Таа управувала со возило кое излетало од коловозната лента, а починала на самото место. –Денеска било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, во близина на Добарски натпатник, односно месноста „Еребино“, патничко моторно возило „тојота рав“ со американски регистарски ознаки, управувано од …

Четириесет и пет годишна жена го загуби животот во сообраќајка на автопатот Скопје-Тетово Read More »

Приведен кичевчанец што си го убил таткото


Во средата, во 22.30 часот во полициската станица Кичево, приведен е М.М.(30) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал. Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Тешка сообраќајка пред Тетово, најмалку една жртва


Денеска пред влезот во Тетово, поточно во Желино во близината на патарината, се случила тешка сообраќајна несреќа. Алсат-М пренесува дека сега за сега се известува за најмалку една жртва. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Фатен крадец од Скопје


Полициски службеници од ЕВР Гази Баба го лишиле од слобода М.И.(36) од Скопје, за постоење основи на сомнение дека околу 16 часот на улица „Методија Андонов Ченто“ одзел пари од возило „Ауди“. -Возилото е во сопственост на В.З.(45) од Скопје. Одземените пари биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот, информира Министерството за внатрешни работи. …

Фатен крадец од Скопје Read More »

Конфискувани 50 килограми марихуана на патниот правец Прилеп-Битола


Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, Специјална антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Прилеп вчера е пресечен меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога марихуана, од Албанија преку Северна Македонија со крајна дестинација за Грција, во  вредност од околу …

Конфискувани 50 килограми марихуана на патниот правец Прилеп-Битола Read More »

Осумдесет и едногодишна скопјанка се задуши во пожар


Осумдесет и едногодишна скопјанка вчера починала од задушување со чад  поради пожар кој настанал во куќа на улица „Македонско-косовска бригада“. – На 19 октомври 2021 во 07:34 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица „Македонско-косовска бригада“ настанал пожар во куќа, во која била пронајдена почината Р.С.(81) од Скопје. Пожарот бил изгаснат, а лекар …

Осумдесет и едногодишна скопјанка се задуши во пожар Read More »

Судир на четири возила причина за смртниот случај во вчерашната сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово


Тетовецот кој го загуби животот во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово настрадал кога две возила се судриле, па удриле во две паркирани возила. Прво се судриле „голф“ и товарно возило „мерцедес“ по што удриле во „опел зафира“ и „пежо“ кои биле паркирани. Сега веќе починатиот Ф.Р (45) бил сопатник во пежото, кое го управувал Е.К.(27), а …

Судир на четири возила причина за смртниот случај во вчерашната сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово Read More »

Утврден идентитетот и староста на починатиот и повредените во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово


Жител на Тетово на 45 годишна возраст, со иницијали Ф.Р, е мажот кој го загуби животот во сообраќајната несреќа попладнево на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош. При увидот на СВР Тетово утврден е и идентитетот на двете повредени лица, машко и женско лице од Тетово. – На местото на несреќата животот го …

Утврден идентитетот и староста на починатиот и повредените во сообраќајката на автопатот Скопје-Тетово Read More »

Едно лице го загуби животот во сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово


Едно лице го загуби животот, а две се повредени во тешката соообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово во близина на Требош, која се случи попладнево околу 17 часот.  Во сообраќајката учествувале три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило …

Едно лице го загуби животот во сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово Read More »

Ограбена аптека во Кисела Вода


Дневниот промет бил украден од аптека на територијата на Општина Кисела Вода во Скопје, стои во полицискиот билтен. Имено, во понеделникот, околу 20.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на ул.„Христо Татарчев“, едно лице со закана од вработената одзело пари од дневниот промет. СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански скали”


Согласно бројот на активни предмети во работа во одделите на Основниот кривичен суд Скопје, како и во Одделението за организиран криминал и корупција, како и бројот на судии кои постапуваат по предметите, со одлука на претседателот на судот направена е промена во годишниот распоред за работа на судиите, информираа денеска од Кривичен суд. – Судијата …

Судијката Јанчулевска Михаиловска ќе го води судењето за „Шпански скали” Read More »

Со „голф“ се забил во група пешаци во Прилеп, повредени и малолетници


Во сообраќајна незгода што се случила во прилеп, повредени се честворица, од кои двајца се малолетници. Имено, во саботата, во 22.06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври“ патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп. Во …

Со „голф“ се забил во група пешаци во Прилеп, повредени и малолетници Read More »

До МВР пријавени неколку изборни инциденти


Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место бр.2683/1 – основно училиште „Блаже Коневски“ е прекинато гласањето во 13.56 часот се до 14.13 часот, поради тоа што Г.Ш. заменик член од партија дал двојни ливчиња на Н.П. од советничка листа на град Скопје и за градоначалник на град Скопје. Од МВР информираат дека се …

До МВР пријавени неколку изборни инциденти Read More »

Тепачки и навреди пред политички штабови


Неколку инциденти биле пријавени во полиција, ден пред одржување на локалните избори, што што оштетена е и камера на снимател, кој наводно новластено снимал. Имнео, во саботата во 21.55 часот во СВР Скопје, претседател на избирачкиот одбор пријавила дека во с.Средно Коњари и во с.Катланово биле поставени плакати од кандидат за градоначалник на Општина Петровец. …

Тепачки и навреди пред политички штабови Read More »

Истрагата за смртта на четворицата руски туристи во Албанија се проширува и во Македонија


Албанија – Истрагата околу смртта на четворицата руски туристи, кои синоќа беа понајдени мртви во сауна во хотелот “Глорија“ во турстичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во Северна Македонија. Тоа, спорд агенцијата Балкан веб, од причина што тие во текот на вчерашниот ден престојувале во Охрид. – Откривањето нови детали, ја прошири истрагата. Во …

Истрагата за смртта на четворицата руски туристи во Албанија се проширува и во Македонија Read More »

Пронајден починат Авганистанец во Демиркаписко


Во село Дрен, демиркаписко, вчера околу 8 часот бил пронајден починат Ш.У.(24) од Авганистан, информираат од Министерството за внатрешни работи. Смрта со видливи повреди на телото е констатирана од екипа од Итна медицинска помош, а по извршениот увид и по наредба на Јавен обвинител, телото било дадено на обдукција. 

Тројца силувале една жена во Радовишко


  Тројца мажи на возраст од 22 до 29 години, приведени се во полиција, под сомнение дека слувале 33-годишна жена од радовишко село. Имено, во петокот, во 4.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Радовиш ги привеле В.Ј.(29) од с.Конче, С.Р.(30) и Ѓ.М.(22) двајцата од с.Ракитец, општина Конче, поради постоење основи на сомнение дека извршиле …

Тројца силувале една жена во Радовишко Read More »

Скопјанец си ја убил мајката во Аеродром


Шеесет и двегодишен жител на Скопје е уапсен утрово во 7.50 часот на ул.„23 Октомври“, поради сомневање дека ја убил неговата 84-годишна мајка во нејзиниот дом во скопската населба Аеродром. -Полициски службеници од Полициската станица Аеродром денеска во 7.50 часот на ул.„23 Октомври“, го лишиле од слобода И.Т.(62) од Скопје поради сомнение дека утрово околу …

Скопјанец си ја убил мајката во Аеродром Read More »