Со „голф“ се забил во група пешаци во Прилеп, повредени и малолетници


Во сообраќајна незгода што се случила во прилеп, повредени се честворица, од кои двајца се малолетници.

Имено, во саботата, во 22.06 часот било пријавено дека во Прилеп на ул.„11 Октомври“ патничко возило „голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(29) од Прилеп удрило во пешаците О.С.(37), Б.М.(18) и уште двајца малолетници, сите од Прилеп.

Во несреќата О.С. се здобил со тешки телесни повреди, а останатите пешаци се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската болница во Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.