Товарен воз удри во автомобил кај Прилеп, повредни тројца


Три лица се повредени во вчерашната железничка незгода што се случила кај прилепското село Гостиражни, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). „На 18.06.2023 во 17.40 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патен премин, пред Железничка станица „Гостиражни“, прилепско, се случила железничка незгода помеѓу товарен воз кој сообраќал на релација Велес – Прилеп […]

Приведени три лица по пукање во Охрид


Полициски службеници вчера ги привеле Ц.М.(62), З.К.(49) и Г.К.(49), сите од Охрид. – Меѓу нив, според пријавеното, во куќа лоцирана на улица „Даме Груев“ настанала расправија во која, Ц.М. физички ,а потоа и со метален предмет го нападнал З.К., по што од пиштол испукал еден куршум, соопшти МВР. Нема повредени лица во инцидентот, а по […]

Жител на Гевгелија мамел жени низ државата барајќи им пари


Основното јавно обвинителство Гевгелија поведе постапка против едно лице за продолжено кривично дело – „измама“ од член 247 став 1 во врска со член 45 и кривично дело – „лажно претставување“ од член 391 став 1 од Кривичниот законик, информираат денеска од Обвинителството. – Осомничениот, во временскиот период од 17.07.2022 година до 15.04.2023 година, во […]

Три лица од Радовиш олеснети за над 460 илјади денари од тројца измамници


Три лица од Радовиш се олеснети за 460 илјади денари од тројца измамници од Струга, село Дедино, Конче и Долно Оризари, битолско, информираа денеска од СВР Струмица. Нив полицијата ги сомничи дека сториле кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна […]

Од затвор давал инструкции за подигање брзи кредити преку компјутерска измама


Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско. П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на […]

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни


Во Основниот кривичен суд, новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар. Латас пред Судот рече дека не се чувствува виновен и дека обвинението е […]

Притвор за Косовецот кој беше фатен во Кондово со бомби, пушки и ракетен фрлач


Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 37-годишен државјанин на Косово со престојувалиште во Кондово, за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што […]

Загина млад човек од Македонска Kаменица возејќи мотор


Во неделата, околу 15.20 часот, во Полициската станица Делчево било пријавено дека на локалниот пат Македонска Каменица – с.Цера, кај место викано „Ајдарска маала“, А.С.(28) од Македонска Каменица, управувајќи мотоцикл со регистарски ознаки од Македонска Каменица, изгубил контрола и со мотоциклот излетал надвор од патот. Во несреќата А.С. починал на местото, а смрт констатирал лекар […]

Кај Косовец, кој живее во Кондово, откриен цел арсенал оружје


  Денеска (18.06.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција во координација со Одделот за крминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, по претходно добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Кривичниот суд Скопје извршија претреси во дом кај Г.Б. (37), државјанин […]

Вардар носи безживотно тело кај Градско


  Регионалниот ЦУК Велес известува дека е забележено безживотно човечко тело во реката Вардар, кај с. Уланци, Општина Градско, од страна на СВР Велес. Полицијата се обидела да го лоцира на неколку пунктови но безуспешно, па поради големиот водостој безживотно тело се движи кон Општина Неготино. За оваа е известена ДЗС и локалната самоуправа.

Возило со косовски таблички паднало во реката Лепенец, се трага по три лица, едно е спасено


Возило со косовски регистарски таблички паднало во реката Лепенец на патот Скопје – ГП Блаце. Во возилото покрај возачот имало и тројца сопатници. Едно лице е извадено од реката и пренесено во ГОБ „8 Септември“, а по останатите три лица се трага, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Денеска (17.06.2023) околу 15 часот е […]

МНР ја потврди веста за сообраќајната несреќа во Албанија во која загина осумгодишно дете од Гостивар


Министерството за надворешни работи информира дека денеска на магистралниот пат Ељбасан-Пеќин, Република Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало осумгодишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Република Северна Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Ељбасан. Амбасадата на Северна Македонија […]

Осумгодишно дете од Гостивар загина во сообраќајка во Албанија


Во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случила во Албанија животот го загубило осумгодишно дете од Северна Македонија, а пет лица се повредени. -Сообраќајната несреќа се случила на патниот правец Елбасан-Пеќин, кај селото Паулеш. Во несреќата учествувал автомобил марка „голф” со гостиварски регистарски таблички управуван од македонската државјанка Т.Б. кој се движел од Елбасан кон […]

Скопјанец осомничен дека со нож тешко ја повредил сопствената сестра


Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишен жител на селото Волково осомничен за кривично дело „тешка телесна повреда“ од член 131 став 3 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, на 15 јуни годинава, во дворот од семејна куќа во Волково, осомничениот тешко го нарушил здравјето на својата сестра и […]

Приведен Авганистанец кој за пари пренесувал мигранти од Грција во Македонија


 Во Гевгелија синоќа околу 20 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода С.З.(26) од Авганистан. Претходно, на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија, информираа од МВР, тој бил затекнат со уште четири лица мигранти, двајца од Сиера Леоне и двајца од Конго,  и по преземени мерки било […]

Дедо падна во автобус на ЈСП – итно е пренесен в болница


На 15.06.2023 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, во автобус на ЈСП, при возење паднал патникот Ж.Г.(72) од Скопје. По несреќата, Ж.Г. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Пресуда за случајот „Софтвери“ на 6 јули


 Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска за случајот познат како „Софтвери“ завршни зборови даваа обвинетите Ирена Ивановска и Маја Силјановска. Пресудата судот ќе ја објави на 6 јули. Адвокатот кој говореше во име на Ирена Ивановска и Маја Силјановска бараше од судиите да се оттргнат од притисокот на обвинителството, како и со непристрасност, независност […]

Сообраќајка во Глумово, учествувала и полициска „шкода јети“


Сообраќајна несреќа во која учествувало и возило во сопственост на МВР се случила утринава пред натплатната рампа Глумово. Според првичните информации од Министерството, пријава за несреќата добиле околу 8:40 часот, а во истата учествувале три возила меѓу кои и полициска „Шкода Јети“.             

Во Приштина изрешетан македонски автомобил, убиено едно лице


Синоќа во Косово е убиено лице во автомобил со македонски регистарски ознаки. Според косовската полиција, жртвата е државјанин на Северна Македонија. „Известено е дека засега непознат сторител пукал кон жртвата маж, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежните полициски единици излегле на местото на настанот, при што било забележано дека во автомобил со регистерска табличка на […]

Притвор за убиецот што пукаше во соседите во Подлес


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес поради постоење на основано сомнение дека 61 годишниот жител на с. Подлес, Градско е сторител на кривичните дела „убиство“, „убиство во обид“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, во текот на вчерашниот ден донесе наредба за спроведување на истражна постапка против него. […]