МНР ја потврди веста за сообраќајната несреќа во Албанија во која загина осумгодишно дете од Гостивар


Фото: Б. Грданоски

Министерството за надворешни работи информира дека денеска на магистралниот пат Ељбасан-Пеќин, Република Албанија, се случила тешка сообраќајна несреќа, во која загинало осумгодишно дете, A. K. од Гостивар, државјанин на Република Северна Македонија, додека двајца сопатници, T. Б. и Р.К. се вон животна опасност и на лекување во локалната болница во Ељбасан.

Амбасадата на Северна Македонија во Тирана, како што е наведено во соопштението од МНР, е во комуникација со надлежните институции на Албанија и семејството на починатото дете и се ставени на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Албанија.

-Исто така информираме дека на располагање се дежурните телефони на Амбасадата на Северна Македонија во Тирана +355689019198 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075 273 732, стои во соопштението од МНР.